ВМРО-ДПМНЕ: Економијата и стандардот тонат

Економијата и стандардот тонат, ситите функционери од СДСМ не го веруваат гладниот народ.

Реакција на прес конференцијата на Богданка Кузеска

Поради неспособноста и неодговорноста на власта на СДСМ и Ковачевски македонската економија пропаѓа.

Растот на економијата во првиот квартал од 2022 година е двојно понизок во споредба со Србија и Косово и речиси три пати помал во споредба со Албанија. Овој тренд за жал трае неколку години што покажува колку лоши економски политики води власта. Ако на ова се додаде една од најголемите стапки на инфлација, тогаш добиваме целосна слика за катастрофалната економска состојба. Основните животни потреби како лебот и маслото за јадење се поскапени и за 100%.

Поради криминалот и корупцијата на власта на СДСМ и Ковачевски, Македонија една од најкорумпираните држави во Европа, која ја избегнуваат странските инвестиции во широк лак. Околу половина милион жители живеат во сиромаштија со само 150 денари на ден, а само во првиот квартал од оваа година затворени се 4.000 компании.

Додека народот едвај врзува крај со крај со скапотијата и падот на стандардот, власта од друга страна се луксузира со златни чинии, цвеќиња, хотелски услуги, нови службени возила или пак мести тендери и јавни набавки преку кои полни приватни џебови.

Ова е вистинската слика за македонската економија која СДСМ ја крие. Ситите функционери во СДСМ не го веруваат гладниот народ. Тоа мора да заврши. Порано или покасно власта на СДСМ ќе мора да се соочи со народот и тогаш ќе им биде испорачана сметката за ова ненародно владеење.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Екс шампионка на Вимблдон ќе заработува со провокативни фотки!!

Од шампионка на Вимблдон до сајт за возрасни!

Поранешната руска тенисерка Софија Жук отвори профил на платформата „Onlyfans“, каде планира да заработува со прикачување на своите жешки фотографии.

Пред осум години атрактивната Софија многумина ја споредуваа со нејзината многу попозната и трофејна сонародничка Марија Шарапова.

Софија Жук стана јуниорска шампионка на Вимблдон во 2015 година, победувајќи ја сонародничката Ана Блинкова со 7:5, 6:4 во битката за трофејот.

Тогаш имаше само 16 години, познавачите на белиот спорт и предвидуваа голема кариера и ја споредија со славната Марија Шарапова и по талент и по убавина.

Но потоа убавата тенисерка започна често да се повредува , имаше огромни проблеми со грбот, поради што беше принудена да ја заврши кариерата многу рано уште во 2019 година.

- На моето тело му требаше одмор. Мојата состојба беше толку лоша што дури и лекарите не сакаа да ме лекуваат. Грбот ми се чувствуваше како да имам 60 години - изјавила Софија.

Имаше само 20 години кога ја заврши кариерата во тенисот, најдобриот пласман во сениорска конкуренција и беше 116-то место, а во кариерата од белиот спорт заработи околу 400.000 долари. Сега Софија одлучи да живее само од убавина и да им наплаќа на фановите за своите фотографии.

- Се занимавам со манекенство, но сакам да се занимавам и со нешто друго на страна. Дојде моментот што го чекавте. Отворив сметка на „Onlyfans“ – открила Жукова.

Сепак, една работа никогаш нема да ја направи. Нема намера да се сликате целосно голи.

„Flightradar“ во еден ден следен рекордни над 250 000 летови

„Flightradar“ сними неверојатна сцена на небото.

Интернет сервисот „Flightradar“ кој служи за следење на авионите во реално време преку нивните транспондери ADS-B, се пофали со рекордот.

Имено, минатиот четврток тие следеле вкупно 251.829 летови, што е првпат да забележат повеќе од 250.000 летови во еден ден.

Бидејќи на северната хемисфера започна летната туристичка сезона, се очекува наскоро овој рекорд повторно да биде соборен.

Голем број твитерџии која ја видела објавата на „Flightradar“ забележале „дупка“ на територијата на Украина, каде поради воени операции нема прелети на цивилни авиони.

Украина целосно го затвори својот воздушен простор за цивилни авиони на 24 февруари 2022 година, денот кога започна нападот на Русија, а повремено се зборуваше во јавноста дека некои цивилни летови може да бидат обновени, што не се случи.

Лудост-Жени се молат пред голема златна вагина, а мажите пред олтарот со голем пенис!

Контроверзни олтари за молитва на верници во Тајланд. Се молат пред златни вагина и пенис?!

Верниците во еден будистичкиот храм во провинцијата Након Рачасима во Тајланд се молат пред џиновската златна вагина.

Како што олтарот со огромната вагина добиваше голема популарност, верниците изградиле и олтар со голем пенис во храмот.

Мажи, будистички верници, сега доаѓаат во храмот за да се молат.

Големата вагина на олтарот е изработена од злато, а околу неа има осум мали женски полови органи, исто така од злато.

Секој ден жените клечат и се молат за плодност, среќа и да најдат маж, пред олтар висок 1,2 метри на женски полов орган.

Сместено е под дрво манго, а до него е змија со седум глави, која го „чува“ светиот женски полов орган. Големата вагина ја направила будистичката калуѓерка Наовараткочапорн Симетавонг, т.е. Мајка Брамин, со цел да ги прочисти жените од лошата среќа предизвикана од сторените гревови.

- Тука правиме церемонии за правење лекови за несреќните жени, особено оние кои абортирале. Мислам дека треба да ги почитуваме гениталиите бидејќи тие го претставуваат потеклото на животот и изобилството во светот. Не е ништо чудно, ниту необично – изјавила мајката Браман.

Откако е поставен олтарот со вагината, верниците постојано доаѓаат да и се молат. Секоја посета се наплаќа по околу 14 евра.

Многу брзо олтарот со огромна вагина добил голема популарност, по што храмот со помош на верниците изградил и олтар со голем пенис во ова будистичко светилиште.

На него има релјеф на машкиот полов орган во злато, а околу него осум мали пениси, исто така во злато. Мажи, будистички верници, сега доаѓаат кај олтарот да се молат.

притисни ентер