ВМРО-ДПМНЕ: Долгот достигна 7,4 милијарди евра, последните три месеци е зголемен за 213 милиони

Јавниот долг за три месеци порасна за 213 милиони евра, или достигна 64,4% од БДП, објави Министерството за финансии скриено низ табовите на веб страницата, за никој да не го најде.

Овој податок е шверцерски објавен, без никакво јавно известување, на сред продолжен викенд, од страна на институцијата која се промовира дека била најтранспарентна.

Со ова јавниот долг достигна 7,4 милијарди евра, или за 2,7 милијарди евра повисоко во однос на 2016 година.

Оваа влада планира да продолжи уште да го задолжува овој народ. Следната година, планираат јавниот долг да достигне 8,5 милијарди евра или скоро 66% од БДП, согласно Стратегијата за управување со јавен долг 2022-2026. Тоа значи дека секое четиричлено семејство догодина ќе биде задолжено со 17.000 евра.

За сметка на тоа, никој ништо нема да добие. Капиталните инвестиции се реализирани со бедни 30% за седум месеци, а истовремено се набавуваат автомобили и мебел и се вработуваат во јавната администрација лепачи на партиски плакати.

Меѓународната заедница и финансиски институции треба да станат свесни дека позајмувањето на пари на оваа гарнитура не се пари за граѓаните, туку пари фрлени во ветер за изживување на партиски пулени.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

Политички профил со кандидатката за претседателка – Гордана Силјановска Давкова

Во централните вести во 18 часот денеска ќе го емитуваме профилот на Гордана Силјановска Давкова.

Во продолжение дел од профилот.

притисни ентер