ВМРО-ДПМНЕ: Додека секојдневно бележиме трицифрена бројка на новозаразени, Филипче и Заев глумат нормалност и прават дефокус на вниманието

СДСМ и Зоран Заев се обидуваат да ја дефокусираат јавноста со лаги и манипулации само да ја сокријат неспособноста на владата да се справи со Ковид кризата.

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Стефан Васев од СДСМ

Додека секојдневно бележиме трицифрена бројка на новозаразени, Филипче и Заев глумат нормалност и прават дефокус на вниманието, додека поради нивната несериозност Македонија е црна точка во Европа во справување со пандемијата.

Заев и Филипче на сите можни начини се обидуваат да го отргнат вниманието од сопствениот дебакл.

Ништо не може да го сокрие фактот дека вчера „Форбс" ја објави листата на 100 најбезбедни земји во светот во однос на корона вирусот, а Македонија воопшто не е на листата.

За разлика од нас повисоко на оваа листа, како побезбедни се оценети сите земји од регионот, Грција, Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Словенија.

Освен отсуството на реални чекори за справување со кризата од пандемијата од Ковид-19 се случува и вистински хаос со тестирањето на новозаразени.

Постои сомнеж дека Комисијата за заразни болести и Венко Филипче манипулираат со бројот на новозаразени. Доволен доказ за тоа беа случаите пред неколку дена за градовите Штип и Велес каде што Филипче се обиде да сокрие 15 новозаболени.

Сево ова говори како Филипче и Заев не се грижат за здравјето на граѓаните. Единствено за што се грижат се изборите и нивните фотелји.

Со СДСМ на власт единствено добивме хибриден режим, сиромаштија и корупција.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Руски воен авион се урна во близина на Крим

Руски воен авион денеска се урна во морето во близина на кримското пристаниште Севастопол, изјави гувернерот на регионот назначен од Русија.

„Пилотот безбедно се катапултирал и бил спасен. Цивилни објекти не се оштетени“, изјави гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев, пренесува Ројтерс.

Претходно руските канали Телеграм објавија дека руски борбен авион Су-35 се урнал во близина на Севастопол.

Не е јасно како дошло до инцидентот.

Таравари на панел дискусијата за интеграција на лицата со попреченост

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија .

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија за интеграцијата на лицата со попреченост во општеството.

На панел дискусијата се разговараше за потребите и барањата на оваа значајна категорија.

Темата за интеграција на лицата со попреченост во општеството е многу важно прашање за кое е важно да се има широка свест и соработка на општествено и политичко ниво, а учеството на Таравари на овој панел ја покажува неговата посветеност да се справи со проблемите со кои се соочуваат оваа категорија лица и да се промовира поинклузивно и еднакво општество за сите.

Покрај дискусијата за потребите и барањата на лицата со попреченост, важно е оваа дискусија да води кон конкретни акции и политики ориентирани кон нивна поддршка, се наведува во соопштението.

Јапонската сонда, иако немаше добар старт, ги надмина сите очекувања-преживеа втора лунарна ноќ

Јапонската сонда SLIM немаше одлично слетување на Месечината - слета на нос и брзо остана без струја.

Сепак, таа ги надмина овие проблеми, успеа да оживее, а сега да ја преживее втората лунарна ноќ и да испрати нови слики на Земјата.

- Синоќа добивме порака од СЛИМ, која потврди дека леталото по втор пат ја преживеа лунарната ноќ. Откако изгреа сонцето, сè уште беше високо, а опремата премногу жешка, па направивме само неколку снимки од необичниот пејзаж со навигациската камера - објави JAXA, јапонската вселенска агенција, на Икс (Твитер), додавајќи:

- Според собраните податоци, некои температурни сензори и неискористени ќелии на батерии почнуваат да откажуваат, но повеќето од функциите што ја преживеаја првата лунарна ноќ успеаја да преживеат и по втората лунарна ноќ.

На 19 јануари SLIM успешно слета на Месечината, со што Јапонија стана петта земја (по СССР, САД, Кина и Индија) која успешно изврши таканаречено меко слетување. Иако ја постигна целта и слета на само 55 метри од целта, сондата слета на нејзиниот нос, предизвикувајќи проблеми со напојувањето поради што таа се исклучи по помалку од половина час работа на површината на Месечината. Повторно беше вклучен по околу една недела, но беше исклучен на 1 февруари поради почетокот на лунарната ноќ.

На SLIM неодамна му се придружи американското вселенско летало Одисеја, прво испратено на површината на Месечината од 1972 година, но не успеа да ја преживее лунарната ноќ. Дури и индиското вселенско летало Викрам, кое слета во август, но престана да работи откако ќе се стемни, не можеше да ги преживее екстремно ниските температури во текот на лунарната ноќ.

притисни ентер