ВМРО-ДПМНЕ до Ангеловска: Стотици илјади граѓани се загрижени дали ќе имаат средства за живот во април

Во моментов десетици, ако не и стотици илјади граѓани се загрижени дали ќе имаат средства за живот во април.

Владата предлага поддршка на претпријатијата од приватниот сектор за исплата на плати почнувајќи од април, кои во џебовите на граѓаните треба да стигнат во текот на првата половина од мај, додека економската криза предизвикана од ширењето на новиот корона вирус наголемо ја пустоши македонската економија. Во моментов десетици, ако не и стотици илјади граѓани се загрижени дали ќе имаат средства за живот во април, затоа што илјадници компании престанаа со работа. Да потсетам дека дури и во поразвиени земји од нашата половината од домаќинствата немаат ликвидни средства со кои би можеле да ги покријат трошоците за живот во наредните 7 до 8 денови, доколку пресуши изворот на редовна заработувачка. Истото се однесува и за малите и средни компании , овие комапниии оставени сами на себе без ликвидни средства им се заканува клуч на врата.

Како што е познато нашиот предлог е субвенциите за исплата на плати кај погодените од кризата сектори, во висина од 50% од бруто плата или 70 до 80% од нето платата, да се покриваат од државниот буџет уште со исплатата на мартовската плата. Роковите за исплата на платите за март веќе течат. Денеска сме 1 април, а 15 април е крајниот законски рок.

Понатаму владата непромислено предлага, компаниите да продолжат со плаќање на придонесите за социјално осигурување и на персоналниот данок за вработените, со ова предлогот за поддршка за исплата на плати во висина на минимална плата станува бесмислен. Работниците ќе треба да однесат дома износ далеку понизок од минималната плата и да бидат доведени до работ на егзистенција. Ова не смее да се дозволи. Треба да се прогласи мораториум за уплата на овие давачки во таргетирани најпогодени сектори претпријатија и граѓани.

Како може да претпоставиме фирмите кои што се на колена особено оние од најпогодените сектори кои што заради заштита на јавното здравје и забавување на ширењето на новиот коронавирус меѓу македонската популација беа принудени целосно да престанат со работа уште кон средината на март ако не и порано.

Второ, уште еднаш апелираме Владата да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, изнесен на неколку претходни прес-конференции, за пренасочување на делот од придонесот за пензиско-инвалидско осигурување, што се одвојува за осигурениците кои се членови во некое од трите постојни друштва за капитално финансирано пензиско осигурување, т.е. приватните пензиски фондови, пренасочување на овие средства во државниот пензиски фонд од кој во моментов се исплаќаат пензиите на речиси сите корисници на пензија во Македонија.

Ги охрабруваме да го направат тоа, затоа што е сосема легитимно во вакви тешки околности за државниот буџет и за фондовите, каде што со сигурност треба да се очекува дека состојбата дополнително ќе се влоши пред да започне да се подобрува. Ќе ги потсетиме на неколку примери за тоа како постапија одделни земји од Централна и Источна Европа како одговор на последиците негативни од економската криза, глобалната финансиска и економска криза од 2007-2009 година:

Естонија една од најнапредните земји од Источна Европа, целосно ја суспендираше уплатата во приватните пензиски фондови од 1 јуни 2009. до 31 декември 2010 година, значи цели две години а потоа во 2011 година стапката започна да ја зголемува од 1 до 2% на средства коишто одат во приватните пензиски друштва.

Соседната Латвија во мај 2009 година ја намали стапката од 8% на 2 % на средства што одат во приватните пензиски друштва. Литванија ја намали стапката од 5,5 % на 2% во 2011година, Унгарија целосно ги национализираше приватните пензиски фондови и средствата ги припои кон државниот фонд. Полска на 1 мај 2011 година ја намали стапката за приватните пензиски фондови од 7,20% на 2,30%. Дополнително како што е познато пред две години Полската влада со закон целосно го национализираше делот од средствата на приватните пензиски фондови коишто беа во тоа време инвестирани во државни хартии од вредност, а тоа беше износ речиси две третини од вкупните средства со кои располагаат пензиските фондови. Словенија никогаш не воведе задолжителен втор столб. Покрај државниот, постојат доброволни пензиски фондови.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски и Ковачевски ги промовираа своите први спотови во кампањата

На официјалниот старт на кампањата за парламентарните избори лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоскии Димитар Ковачевски  ги промовираа своите први спотови во кампањата

Стартува кампањата за парламентарните избори кои ќе се одржат на 8-ми мај. ВМРО – ДПМНЕ камапњата традиционално вечерва ќе ја старува со митинг од Oхрид, додека СДСМ и коалицијата за европска иднина стартот на камапњата за парламентарните избори ќе ја започнат денеска напладне од Музејот на современата уметност во Скопје, каде свое обраќање ќе има партискиот лидер Димитар Ковачевски..

„Гответе со Дракче“ - Полнети бабури со просо

Во среда (17.04.2024) во емисијата гостин ни беше Тања Турунџиева.

Состојки за денешниот рецепт:

1 главица кромид

2 моркова

1 црвена пиперка

1 црвен домат

1 главица лук

1 китка магдонос

3 бабури

САЛАТА

1 марула

1 краставица

1 брокула

1 карфиол

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција

 Во турскиот град Токат денеска се регистрирани повеќе од 20 земјотреси, а најсилните беа со интензитет од 4,7 и 4,1 степени според Рихтеровата скала.

Најсилниот земјотрес бил во еден часот и шест минути по полноќ на длабочина од 9,97 километри, а вториот во два часот и 35 минути на длабочина од седум километри, соопшти турска Служба за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД).

Гувернерот на Токат, Нуман Хатипоглу изјави дека земјотресите не предизвикале жртви и материјална штета.

притисни ентер