ВМРО-ДПМНЕ деновиве ќе донесе одлука дали ќе присуствува на лидерската средба

ВМРО-ДПМНЕ деновиве ќе донесе одлука дали ќе присуствува на лидерската средба, Мицкоски вели не добил покана.

ВМРО-ДПМНЕ деновиве ќе се консултира со коалициските партии и со раководството и пратеничката група за став дали ќе присуствува на лидерска средба што за понеделник ја организира премиерот Димитар Ковачевски, соопшти претседателот на опозициската партија Христијан Мицкоски, додавајќи дека сè уште не добил покана и не го знае планот за средбата.

Според него, на лидерска средба треба да се разговара за суштински работи и реални проблеми што ги мачат граѓаните, како што е порастот на цените и инфлацијата, а не за уставни измени зашто ВМРО-ДПМНЕ за тоа нема да го смени ставот.

-Добро е да се разговара за актуелните проблеми, за она што ги мачи граѓаните – за беспарицата и високите цени, инфлацијата, енергетската состојба, криминалот и корупцијата. Тоа е суштината и како политичари треба да најдеме решение за проблемите на граѓаните и за тоа сум подготвен да разговараме во кое било време. Затоа што денеска никој не зборува за уставните измени што му текнале на Ковачевски и на таа мала група околу него за да ги спасуваат своите политички кариери уште некој месец, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Прилеп.

Додаде дека ако одат на лидерската средба нема да го променат ставот за измени на Уставот и дека сега е доцна за широки консултации по однос на уставните измени.

-Такви широки консултации требаше пред пет-шест месеци да има кога ја распродаваше Македонија и кога мислеше дека прави херојски дела, а всушност капитулира. Сега е доцна и ако нема мнозинство за тие уставни измени, а нема, треба да зборуваме за датум за предвремени избори, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски го повика министерот за надворешни работи Бујар Османи да им се извини на граѓаните Македонци затоа што изјави дека отворањето на клубот во Благоевград долгорочно ќе биде на штета на Македонците во Бугарија и дека ја поларизира бугарската јавност кон нив.

-Месечната плата министерот ја добива од граѓаните во Македонија и треба да ги штити нивните интереси, а не да ги штити интересите на граѓаните во соседна Бугарија. Мислам дека треба малку поодговорно да се однесува кон чувствата на граѓаните во Македонија, пред сè на Македонците. Ваквите изјави не одат во прилог на релаксирање на и онака поларизирана состојба. Нему му преостанува да им се извини на неговите сограѓани Македонци за болката што им ја нанесе со неговото министерување и со начинот на кој го води овој процес со нашиот источен сосед. Да даде поддршка на Македонците од таа страна на границата за тие културно да се организираат и да може да ги остваруваат своите права во Бугарија, а не да биде против нив како што тоа го прави во своите изјави, рече Мицкоски.

Канцеларијата на Нетанјаху: Не е постигнат договор

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека не е постигнат договор.

Кабинетот на премиерот соопшти дека Хамас „се повлече“ поради „цврстиот став“ на Нетанјаху за најновите барања во врска со распоредувањето на силите во коридорот Филаделфија меѓу Газа и Египет. Сепак, кабинетот на Нетанјаху посочува дека има уште „неколку отворени клаузули“ во договорот што треба да се решат - но премиерот се надева дека деталите ќе бидат финализирани во наредните часови.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја презеде заслугата за договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во нова објава на платформата Truth Social.

Опишувајќи го договорот како „епски“, Трамп рече дека договорот можел да биде постигнат само благодарение на неговата „историска“ изборна победа, бидејќи тоа „сигнализирало на целиот свет“ дека неговата администрација „ќе бара мир и ќе преговара за договори за да се осигури безбедноста на сите Американци и нашите сојузници“.

Тој вети дека неговиот тим за национална безбедност и неговиот избор за пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, ќе продолжат „тесно да соработуваат со Израел и сојузниците за да се осигураат дека Газа никогаш повеќе нема да стане рај за терористите“. Тој додаде:

„Ќе продолжиме да го промовираме МИРОТ ПРЕКУ СИЛА низ целиот регион, додека го надградуваме моментумот на овој прекин на огнот за дополнително да ги прошириме историските Авраамови договори. Ова е само почеток на големите работи што доаѓаат за Америка и, навистина, за светот! Постигнавме толку многу, а не сме ниту во Белата куќа. Замислете ги сите прекрасни работи што ќе се случат кога ќе се вратам во Белата куќа и кога мојата администрација ќе биде целосно потврдена, за да обезбедиме уште повеќе победи за Соединетите американски држави!" напиша Трамп.

Бајден на самиот крај на мандатот воведе нови санкции против Русија

Денеска, во последните денови од мандатот на претседателот Џо Бајден, Соединетите Држави воведоа нови санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина, насочени кон речиси 100 субјекти, вклучително и енергетскиот и банкарскиот сектор на Русија.

Американското Министерство за финансии, по новата извршна наредба, објави дека воведува нови санкции за клучните руски субјекти, само неколку дена пред Доналд Трамп повторно да влезе во Белата куќа.

Вашингтон, исто така, го спречи моделот на затајување санкции, идентификуван меѓу актерите во Русија и Кина и Керемет банка, финансиска институција со седиште во Киргистан која го координираше избегнувањето санкции меѓу руските официјални лица и американската банка.

„Нашата цел со овој потег е да им ставиме до знаење на финансиските институции, но и на компаниите, дека бизнисот со Русија што го поддржува нејзиниот воено-индустриски комплекс ги изложува на санкции“, рече функционерот, кој побарал да остане анонимен. Американскиот Стејт департмент, исто така, воведува санкции против повеќе од 150 субјекти и поединци.

Полицајците не можеле да поверуваат што извадија од витрина во супермаркет во Чикаго (ВИДЕО)

Неверојатна сцена е снимена во супермаркет Алди на северозападната страна на Чикаго, откако вработените забележале чудно суштество во фрижидерот за намирници.

На видеото кое кружи на интернет се гледаат полицајци кои пристигнале по пријавата со задача да го фатат „натрапникот“ и безбедно да го евакуираат.

Откако го „боцкал“ животното со рачка од џогер, полицаецот го фатил за опашот и почнал да го влече.

„Верував дека ќе извлечат ракунот. Не го очекував ова“, напишала една личност изненадена од епилогот.

Имено, полицаецот се нашол во друштво на див којот кој некако се нашол во урбана средина и решил да се сокрие во фрижидер.

Дивото животно е заробено и по испитувањето ќе биде пуштено назад во дивината. Во инцидентот нема повредени, јавува Метро.

Еден сведок изјавил дека видел којот како талка на паркингот пред продавницата, а експертите се согласуваат дека избрал „чудна локација за да се скрие“.

„Тие можат да направат грешка додека се обидуваат да ги избегнат луѓето. Сакаат да се сокријат од нас“.

притисни ентер