ВМРО-ДПМНЕ: Да се збори за избори во едни вакви услови е морбидно

Да се збори за избори во едни вакви услови е морбидно, бараме разрешување на комисија за заразни болести

На оваа прес конференција ќе се обратам на две теми. Првата е многу важна и е реакција на последните информации кои се објавија во медиумите поврзани со бројот на новозаразени од корона вирусот.

Новото нормално за Заев и Владата на Спасовски е што денес имаме дури 58 новозаразени, и неколку починати.

Ова е крајно сериозна и алараматна информација која треба да ја крене на нозе државата и да го сврти вниманието кон системот кој не функционира и се плаќа со животи.

Да се зборува за избори во едни вакви услови не само што не е нормално туку е и морбидно, и ВМРО-ДПМНЕ се противи на тоа да биде дел од сценариото на Заев за организирано убиство на граѓаните.

Ова е најсилен аргумент дека брзи избори ја движат државата кон изборна кланица, а не изборен и кредибилен демократски процес.

До овде дојдовме затоа што Владата, Филипче и Заев глумеа нормализација, а новото нормално е 58 новозаразени и бројка која постојано расте. Здравјето на граѓаните мора да биде пред сечив политички интерес без оглед дали се работи за интересот на Заев или некој друг.

Се поставува сериозен сомнеж и за работата на комисијата за заразни болести, и препораките кои тие ги даваат во изминатиот период. Тие се под политички притисок, наместо да го гледаат здравјето на граѓаните. Најголемиот дел се директори поставени од оваа власт дури има и кандидат за пратеник. Но ова не е време за водење политика, туку за носење на одлуки за заштита на здравјето на граѓаните. Комисијата исто како и владата потфрли, а бројката на новозаразени потврдува дека е доведено здравјето на граѓаните во опасност. Од тие причини ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност и повикува на разрешување на комисијата за заразни болести, и итно формирање на нова составена од експерти и надпартиски решенија кои ќе донесат итен пакет на мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

Тоа е примарно да се направи во овие моменти.

Ден Дончев незаконски се стекнал со 130.000 долари, ЈО на Русковска го штити

Почитувани,

Новото нормално за Заев е што неговиот директор Ден Дончев се стекнал со 130 илјади долари на лична сметка од аферата „Муртиногејт“.

Криминалната афера „Муртиногејт“ на Дончев има свое ново продолжение – „Муртиногејт 2“. Дончев, не само што незаконски се стекнал со 50.000 евра во 2018-та година, тој исто така на незаконски начин се стекнал и со дополнителни 80.000 австралиски долари во 2019-та година, но овој пат и без никакво формално покритие.

Дончев во 2019-та година зел пари од „Ремаркет“, иако договорот за консултантски услуги, кој му беше формално покритие, му завршил во 2018-та година. Врз кој основ му биле исплатени 50.000 евра, а кои не смеел да ги земе?

Дончев во 2019-та година се стекнал со 80.000 австралиски долари, кои му биле префрлени од истата фирма, од која на незаконски начин зел 50.000 евра во 2018-та година. Тоа е спротивно на чл. 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, и од функција на директор на ФЗОМ остварил приход и се стекнал со пари кои немал право воопшто да ги земе.

Вака нелегално стекнатите приходи, кои му биле префрлени на лична сметка, Дончев не ги ни пријавил во својот анкетен лист како функционер, во кој е должен да ги нотира сите приходи кои што ги остварил во текот на времето додека врши јавна функција, исто како што не ги пријавил и претходните 50.000 евра.

Иако Дончев наплаќал огромни суми на пари од домашни и странски фирми, спротивно на Закон, Управата за финансиско разузнавање, УЈП и ЈО две години молчат и го оставиле Дончев да хара низ системот.

Иако, австралиската единица за финансиско разузнавање ги известила македонските колеги, кои потоа го информирале обвинителството, дека на средината од минатата 2019-та година австралиски „Мегантик“ му исплатил 80.000 австралиски долари на Дончев на сметка на Тутунска банка.

Конкретно, исплатата била извршена на 26-ти јуни минатата година, а институциите под контрола на Заев не реагирале.

ЈО на Вилма Русковска и институциите под контрола на Зоран Заев лично го штитат Ден Дончев и му помагаат да помине неказнет за неколкуте милионски криминални шеми во кои е вплеткан: „Рекет 2“, „Муртиногејт“ и сега „Муртиногејт 2“.

И, иако МВР го ставило Дончев на стоп листа, односно листа на луѓе кои не смеат да ја напуштат државата, откако беше објавена аферата во медиумите, ЈО на Русковска го тргнало Дончев од стоп листата и со тоа директно овозможува тој да ја напушти државата - за ова информираа медиумите.

Со ваквиот однос на ЈО спрема криминалот, за кој се сомничи Дончев, се овозможува овој криминал да остане нерасчистен и несанкциониран.

Ова е начинот на работа на СДСМ. Криминал, корупција и рекет. Македонија не може да продолжи со СДСМ. Потребна е стратегија за излез од кризата. ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.

Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Си Џинпинг предложи четири принципи за да се реши состојбата во Украина

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека предложил четири принципи за да се спречи украинската криза да излезе од контрола и да се врати мирот што е можно поскоро, пренесе Ксинхуа.

„Прво, приоритет треба да биде поддршката на мирот и стабилноста, воздржувајќи се од барање себични цели. Второ, треба да ја смириме ситуацијата и да не долеваме масло на огнот. Трето, треба да создадеме услови за враќање на мирот и да се воздржиме од натамошно влошување Четврто, треба да го намалиме негативното влијание врз светската економија и да се воздржиме од поткопување на стабилноста на глобалната индустрија и синџирите на снабдување“, рече Си.

Си се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц во Пекинг, каде двајцата лидери разменија мислења за кризата во Украина.

Кинескиот претседател нагласи дека, според сегашната ситуација, за да се спречи ширењето на конфликтот, сите страни треба да работат заедно за да се врати мирот што е можно поскоро.

Во овој контекст, тој предложи четири принципи, се додава.

Генчов: Полека се претвораме во „Албано-Македонија“

„А гледам дека СДСМ не реагира на настанот и како сега ќе одат да се „гушкаат“ со Вучиќ?“

Политиката е сурова и бара од секого да фати страна. Ние сме од 1994 аспирант за ЕУ и членка за НАТО и ги поддржуваме западните вредности. Но, во обид да најдам пример за било која институција, Совет на ЕУ, Унијата, или различни апликации за членстви и не најдов ниту еден пример, во кој нашата земја гласала поразлично од Албанија и Косово. Такво нешто нема. Според мојата теорија полека се претвораме во „Албано-Македонија“ не во Северна Македонија. И да има елементи да се поддржи било која резолуција против злосторства против човештвото, секоја капка крв ја осудувам, но во политиката често се соочуваме со двојни стандарди. Меѓу нашите сограѓани доколу направите анкета, Србија и натаму е најсојузнички настроена и не може еден министер за надворешни работи тоа да го нема предвид. А гледам дека СДСМ не реагира на настанот и како сега ќе одат да се „гушкаат“ со Вучиќ, праша Александар Генчов во Само Вистина.

Ужас во Бразил: Најмалку 20 полураспаднати тела се најдени во чамец

Најмалку 20 тела во фаза на распаѓање се пронајдени во чамец во близина на брегот на североисточниот дел на Бразил, соопштија официјални лица.

Бродот бил пронајден во близина на брегот на Браганца, североисточно од Паро, на 13 април.

Оттогаш се покренати две истраги.

Официјални лица изјавија дека најмалку 20 тела биле пронајдени во чамецот, но поради распаѓањето на телата, не е познато колкумина загинале во чамецот.

Се претпоставува дека починатите не се од Бразил, туку најверојатно од Карибите, изјавиле истражувачите за CNN Brasil.

Локалните власти соопштија дека немало неодамнешни извештаи за исчезнати Бразилци.

притисни ентер