ВМРО-ДПМНЕ: Царовска не обезбеди средства за набавка на 40.000 таблети за децата

Ниту спомна инвестиции за обезбедување на ИТ средства во училиштата за следење на настава, ниту за итно обезбедување на соодветна интернет мрежа за поддршка на таа настава.

Мила Царовска ја почна прес конференција со капитални инвестиции во доградба и изградба на училишта како создавање на пристапност на истите за децата со попреченост, меѓутоа во време на КОВИД 19 пандемија кога ученивите во најголем дел не одат на училиште, Царовска не почна со обезбедување на средства за следење на далечинска настава на околу 40.000 деца според нејзината изјава, а најверојатно и повеќе.

Ниту спомна инвестиции за обезбедување на ИТ средства во училиштата за следење на настава, ниту за итно обезбедување на соодветна интернет мрежа за поддршка на таа настава.

Нејзиното префрлање на обврските кон општините и директорите со минимално покачување на блок дотациите не обезбедува квалитетно следење на настава во далечина, а не очекуваме ни во иднина тоа да се промени.

Ја одобруваме пристапноста на училиштата на децата со попреченост, но Царовска не ги спомна, а ниту во буџетот има јасно определена ставка за образовни и лични асистенти кои на учениците со попреченост во овој момент им се крајно неопходни.

Во овој момент не можеме а да не кажеме дека одреден број на родители се жалат на регресија на состојбата на нивните деца.

Царовска ги спомна регионалните центри за стручна наобразба на младите но не спомна опремување на лаборатории, доопремување и замена на инструменти и техничко технолошки помагала за учениците во другите стручни школи, а уметничките училишта и да не ги спомнуваме.

Средствата определени со буџет за наука се минимални и не обезбедуваат никаков развој во науката, а особено е тешка ситуацијата во Институтот за македонски јазик, македонска литература, фолклор и нацонална историја. Не гледаме ставка за буџетот во нив за овие институции.

Царовска треба да знае дека со ваков буџет не може да си ја оствари целта која сама си ја поставила, да создава креативни и иновативни личности, а особено треба да знае, без оглед дека тврди дека ќе спроведува реформи со нови наставни планови и програми дека такви личности не може да произнесе ниту во една ниту во четири години од што произлегува дека нејзините изјави претставуваат повеќе популизам отколку сериозна намера за промени во образованието.

Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии

Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“.

„Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи.

Владата на Австралија претходно им порача на граѓаните да избегнуваат патување во двете области доколку е можно и, доколку се загрижени, да заминат. /МИА

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

притисни ентер