ВМРО-ДПМНЕ: Бочварски денес им порача на граѓаните да не патуваат воопшто ако немаат пари

Утре може ќе им порача ако немате за леб, копајте во контејнери

Неспособниот министер за транспорт и врски Благој Бочварски денес го навреди сопствениот народ. Тој без срам им порача на граѓаните доколку им е скапо да патуваат и да плаќаат патарини на новиот автопат Скопје - Штип нека одат по локални патишта!

Ова е бесрамното однесување на власта на Заев опиена од богатството и луксузот во кој живеат. Дури Заев јаде со златни лажици на народот му порачуваат доколку нема пари, да седи дома и да не патува никаде. По оваа логика на Бочварски, власта на сиромашните граѓани им праќа порака, ако немате за леб, копајте во контејнери или умрете.

Дно.

Власта е таа која треба да ги решава проблемите на граѓаните и да го слуша нивниот глас. Ваквото арогантно и надмено однесување на Бочварски уште еднаш покажува за каква ненародна влада води Заев која е тотално одлепена од реалноста.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Намален бројот на активни случаи на заболени од Ковид-19, на инфективните одделенија има слобод

По големите регистрирани бројки на заболени со Ковид-19, во последниот период полека се стабилизира состојбата со епидемијата во земјава, за што е показател намалениот број на активни случаи. 

Во текот на последнава недела за над 3000 е намален бројот на активни случаи.

Од Министерството за здравсто посочија дека бројот на хоспитализирани лица постојано се менува, но истакнаа дека на инфективните одделенија има слободни кревети.

Според последните податоци, вкупно 274 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во Скопје.

– Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 22 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 20 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 15 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 86 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 79 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 11 пациенти. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, се наведува соопштението на МЗ.

Од Министерството за здравство наведоа дека според последните извештаи на болниците кои пристигнуваат кај нив на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19, во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 20 болни, а во Куманово 45 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19, во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 29 во ковид центарот во Гостивар 17, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациенти, во Кочани 1 во Кичево 15, Кавадарци 17, во Гевгелија 3 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот.

– Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 584 и има околу 590 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, истакнаа од МЗ.

Од Министерството истакнаа дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Вкупниот број на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90471, оздравени пациенти се 76423, починати 2779. Досега се направени 441134 тестирања на КОВИД-19

Прoменливо облачно, попладне врнежи од дожд, на планините од снег

Времето денеска претпладне ќе биде прoменливо облачно, попладне почнувајќи од запад со врнежи од дожд, на планините од снег. 

Во вечерните и ноќните часови врнежите ќе се прошират на секаде и ќе се интензивираат, особено во западните делови (над 25л/м2) каде на места ќе бидат поројни и проследени со повремено силен југозападен ветер.

Според УХМР, на планините снежната покривка значително ќе се зголеми, а поради ветерот ќе има услови за појава на снежни наноси. Минималната температура ќе биде во интервал од два до осум, а максималната ќе достигне од седум до 14 степени.

Во Скопје прoменливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат со умерен интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до три, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во понеделник во текот на денот ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со умерен до засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, пообилни во западните делови. Поради продор на студена воздушна маса врнежите ќе преминат во снег и на некои од повисоките места. Снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а поради засилениот ветер ќе има услови за појава на снежни наноси.

Во вторник и среда ќе преовладува студено време со засилен северозападен ветер и со повремени врнежи претежно од снег.

Сообраќајот по влажни коловози, снег провејува во Маврово и кај Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Маврово и на планинскиот премин Стража.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

притисни ентер