ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од владата и предвремени избори заедно со локалните

Оставка од министерот Спасовски, но и од целата Владата побара лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски поради бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. 

За Мицкоски неопходно е што поскоро формирање на техничка Влада и одржување на нови парламентарни избори наесен заедно со локалните. Очекува ова барање на опозицијата да биде поддржано и од пратеници на СДСМ

„Формирање на експертска Влада која ќе има задача да го стопира слободниот пад на државата, и заедно со локалните да организира и парламентарни избори. Само така ќе дојде и правдата и оваа мафија ќе биде изведена пред лицето на правдата. Ја користам оваа прилика сите оние пратеници во парламентот без разлика дали се од политичките партии од опозицијата и власта без разлика дали се од СДСМ, или партиите кои што се во коалиција со СДСМ да не бидат соучесници со мафијата, да излезат и да се охрабрат и да кажат доста е. Време е за нова Влада“, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Според Мицкоски, зад бегството на Мијалков стои договор меѓу некогаш најистакнатите членови на ВМРО ДПМНЕ и актуелната власт за спас од затворски казни во судските предмети во кои се обвинет Мијалков.

„Ја погребаа правната држава. Дозволија да им избега пред очи, затоа што така се договорија. Оваа криминална коалиција функционира вака поради заробените институции. Сите на купче без институциите кои што ги заробија, се обични кукавици“, истакна претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Опозицискиот лидер вели ако власта не се огласи на повиците за оставки тогаш следува барање за интерпелација односно гласање на доверба во Владата во Собранието, каде очекува поддршка како од сите опозициски пратеници, така и од дел од власта.

Без вода дел до булевар „Македонско-косовска бригада" и Касарната „Илинден"

Без вода денеска ќе бидат дел од корисниците на булевар „Македонско-косовска бригада" и Касарната „Илинден", информираат од ЈП „Водовод и канализација" – Скопје.

Прекинот на водоснабдувањето, како што информираат од претпријатето, е поради дефект на приклучна цевка Ф 6/4 на булевар „Македонско-косовска бригада" број 10/33 и ќе трае до отстранување на дефектот.

Паркингот на Водно во текот на викендот го искористиле 235 возилa

Паркингот на Водно во текот на  викендов го искористиле 235 возила според бројот на испратени СМС пораки.

Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно. Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира.

Паркингот на Водно во текот на викендов го искористиле 235 возила според бројот на испратени СМС пораки.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

Град Скопје

(Обновено)ВЕСТИ ОД ИДНИНАТА: Кои се новите Министерства и Министри во новата експертска Влада?

Текстот е фикција/козерија и нема никаква , ама баш никаква сличност со ниту едно споменато име или одредена дескрипција на истото лице. Ова е само наш придонес за поубава и попросперитетна Македонија.Имаме уште еден министер, под број.11

Денес е 1ви Април 2021 год., а на вчерашната прва седница на Новата Експертска Влада на Македонија, која се одржа во старо-новата зграда ( барокната фасада беше извадена со цел да се означи нов почеток во нашата преубава држава н.з. ), се изгласаа неколку нови Министерства и нови Министри.
Како и секогаш , Канал 5 ексклузивно ги дознава и ви ги претставува:

- Кои се новите Министерства и новите Министри во заедничката Влада на СДМС и ВМРО-ДПМНЕ

1.Министер за губење време и истражување на руда – Златко Марин, од градоначалник на Аеродром , за своите врвни резултати, особено за планот на голф игралиштата, доделено му е ова значајно , сосема ново, политичко место. Истражувањето на руда ќе го прави сам , фацијално, а губењето на време ќе се обиде да им го пренесе на многуте неработници во нашата Македонија

2.Министерка за басни, сказни и историски приказни за ученици – Мирка Велиновска, а заменик ќе и биде Васко Ефтов. Целта на ова министерство е постојано ги повторуваат приказните од нашата историја со што бугарскиот и секој иден непријател , уште на самиот старт од политичкиот проблем, ќе се соочи со суровата вистина. Заменикот на министерката Велиновска е долгогодишен новинар и општествено-научен работник, познат експерт за балканска и домашна научна криминалистика

3.Министер за Правда и правичност – Миле Јанакиески, кој е вистински правен егземплар за тоа како еден човек може да биде одговорен за сите кривични дела извршени во период од 10 год. Исто така ќе биде и визитинг професор на Правниот Факултет во Скопје. Заменик министер ќе биде Катица Јанева која пред се ќе ги ре-отвара неправедно затворените правни случаи – со помош на нејзината фраза „ Отвори, отвори, отвори“. Европската Комисија во Скопје со огромно воодушевување ја прими информацијата за ангажман на заменик министерката Јанева

4.Министер за Фискултура на јавен простор – Љубомир Фрчковски. После за жал, некоректниот однос на неколку странски земји, кои не сакаа да издадат агремани, поради банална причина – не можеле на време да ги затворат сите отворени паркинг простори, Експертската Влада сепак креираше соодветно министерство кое гарантирано со голем успех ќе биде водено од некогашниот министер за внатрешни и надворешни работи. Главна негова задача ќе биде вежбање на машката со женската популација на урбани но и јавни површини во нашата земја, со што ќе се промовира девизата „ Во здраво машко тело и раце, здрава и послушна жена “

5.Министер за борба ЗА корупција . Ова министерство е ново, и има сосема нов концепт на работење, кое се базира дека со нула корупција нема економски и демократски напредок. Поради опасноста на обврски на овој Министер , единствени што знаеме дека неговото име завршува на буквата Е. За да се добие името на овој министер, неопходно е лицето кое ќе ја бара оваа класифицирана информација да го поседува највисокиот НАТО безбедносен сертификат

6.Министер за издавање на сертификати за државна тајна – кој друг ако не Сашо Орданоски. На предлог на Новата влада, човекот кој веќе неколку години на волшебен начин поседува сертификат за државна тајна, а го поседуваше и во периодот кога работеше во 1ТВ на Боки 13, и се уште е државна тајна, дали сертификатот за државна тајна, со што ќе му се овозможи преглед на државните тајни и останатите сертификати за државни тајни – ги поседува. Вистински волшебник на „државните тајни“

7.Министер за Географија - Мишко Иванов, подобро познат како новинар од една мала телевизија. Неговото чувство за самопоставување и ненадејно самоизникнување на вистинско место, во вистинско време, и ноншалантно однесување при средбата со екс првиот човек на УБК, Сашо Мијалков, и потврди на Владата дека тоа е вистинскиот Министер за географија. Точно знае каде секој од нас се наоѓа во секое време во Македонија, но за да биде 100% сигурен ,доколку сретне некој од неговите „таргети“ во Македонија, првото трик прашање , за збунување на субјектот, повторно ќе му биде – Вие сте во Македонија?

8.Министерство за преговори – Владо Бучковски. Екс премиерот се покажа во вистинско светло како феноменален преговарач со соседна Бугарија, и , на големо задоволство на целиот македонски народ обезбеди бугарската Национална Телевизија БНТ 4 , на која се емитуваат прекрасни документарни филмови за настанувањето на македонската нација и јазик. Со овој потег и неколку други потези од минатото му го обезбедија ова Министерско место на Владо Бучковски

9.Министерство за анкети – ова министерство е исто така ново и е стратешки важно, поради фактот што ќе треба на дневна основа да се штанцуваат анкети по различни прашања, кои ќе бидат адекватна замена за пописот кој новата Влада го одложи за една година. Министер, кој друг ако не – екс обвинителот – Сотир Костов. Тој ќе има тешка и напорна задача да изработува/штанца дневни анкети во својата канцеларија, со што ќе дава вистинска насока за перцепцијата на граѓаните на Македонија , во смисла , во која насока сакаат да се движи нашата земја и нормално, во секоја анкета задолжително ќе стојат прашања поврзани со „циркус“, „НАТО“, ЕУ“, „Кина“ и „Русија“

10.Министерство зa заштита на природни убавини – Блерим Беџети. Досегашниот Министер на општина Сарај , кој на феноменален начин се справува со запуштената природа, и и дава нов живот и енергија, поставувајќи платоа и ресторани на Матка, како и бркајќи ги старите и одвратно запуштени камп приколки на езерото треска. Заменик на Беџети ќе биде уште еден градоначалник, а тоа е градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, кој во рекордно време успеа да го врати градот Охрид на листата на загрозени културни природни наследства, а новата Влада се надева дека ова исто ќе му успее да го направи и со Галичник, Дојран како и градот на мостовите – Кратово.

11. Министерство за отворање и клатење на врати - Кој друг ако не Крсто Мукоски. Пратеникот кој се прослави со навремено, храбро и со помош на своите надчовечки сили, ги отвори главните но претешки порти на Собранието на Македонија. Некои велат дека е виден и во Капитол во С.А.Д. , како го отвара домот на Конгресот, при што наводно им овозможил на демострантите да влезат во него , што дополнително ја зајакна неговата кандидатура за министер во ова ново министерство. Една од главните задачи, при секое наредно менување на Владата, тој да биде одговорното лице кое ќе ги отвора портите и во Собранието, Владата, Идризово, Претседателската палата. Еден и единствен - Министер Крсто Мукоски

Канал 5 дознава дека ова не е конечниот список на новите министерства и министри во новата експертска Влада на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а најголем напор правиме да дознаеме кој ќе биде новиот Премиер на Македонија?

За секоја нова информација, нашите гледачи и читатели ќе бидат навреме запознаени.

Ваш Канал 5

Текстот е фикција/козерија

притисни ентер