ВМРО-ДПМНЕ: Афера Паразити-над 2 милиони евра тежат хонорарите и платите за само 11 функционери

Афера Паразити - над 2 милиони евра тежат хонорарите и платите за само 11 функционери, за нив нема криза и штедење

Владата бара од граѓаните да штедат, да готват во помали тенџериња, се правдат дека нема пари за стопанството, нема пари за здравството, земјоделството, студентите, ама затоа не им ги чепка баснословните хонорари и плати на своите функционери.

Вчера објавивме дека само тројца функционери ја чинат Македонија околу 500 илади евра за еден мандат.

Кире Наумов како директор на македонската банка за обнова и развој зема 2.500 евра, или за еден мандат ќе инкасира 120.000 евра. Директорот на АЕК во услови кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај има месечна плата од над 2000 евра или 30.000 евра годишно. Во Телеком пак, кај што Владата има свој удел Славко Пројковски како финансиски директор има плата од над 6000 евра, односно за еден мандат добива дури 288.000 евра.

Ако на овие плати ги додадеме и надоместоците на функционерите кои претходно беа обелоденети во аферата Паразити, како што се тие на Жерновски, Љушев од Телеком, Станкоски од Тутунски комбинат, Хамиди и Крстевски од М-нав, Тунтев ид Цивилно воздухопловство, Ѓорѓиев од ПУИК, Зиков од МЕПСО, тогаш доаѓаме до фантастична бројка од над 2 милиони евра за еден мандат за 11 функционери.

Колку семејства може да живеат со 2 милиони евра?

Колку студенти може да се прехранат?

Колку медицински апарати и лекови може да се набават?

Аферата Паразити го откри лицемерието на оваа власт на СДС и ДУИ. Оваа афера покажа дека за елитата на власт нема криза. Паразити покажа дека лажните социјалдемократи кркаат дебели хонорари додека народот гладува. Аферата Паразити и денес ќе открие нови случаи на аздисано трошење.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Сенатот го потврди Роберт Кенеди Помладиот за министер за здравство

Потврдата од Сенатот му го отвора патот да положи заклетва на позиција каде што ќе надгледува неколку големи медицински агенции, вклучително и Управата за храна и лекови (ФДА) и Центрите за контрола и превенција на болести.

Роберт Ф. Кенеди Помладиот, критичарот на вакцини, кој го поддржа претседателот Доналд Трамп, откако се откажа од сопствената претседателска кандидатура, беше потврден од американскиот Сенат за министер за здравство и човечки услуги и покрај противењето на медицинскиот естаблишмент и членовите на Конгресот.

Роберт Ф. Кенеди (71) беше потврден со 52 наспроти 48 гласови, а Мич Меконел беше единствениот републикански сенатор кој им се придружи на 47-те демократи кои гласаа против Кенеди, кој сепак вети дека ќе ги заштити постоечките програми за вакцинација во обид да ги обезбеди гласовите на неопределените пратеници.

Потврдата од Сенатот му го отвора патот да положи заклетва на позиција каде што ќе надгледува неколку големи медицински агенции, вклучително и Управата за храна и лекови (ФДА) и Центрите за контрола и превенција на болести.

-Откако Кенеди ќе положи заклетва подоцна денеска, Доналд Трамп ќе потпише извршна наредба за формирање на комисијата МАХА, именувана по движењето „Направи ја Америка повторно здрава“ на Кенеди, и ќе го упати новиот министер да ја „истражи оваа хронична криза што ја зафати нашата земја“, рече портпаролката на Белата куќа, Каролина Левит.

Кенеди, адвокат специјализиран за заштита на животната средина, долго време покренува сомнеж за безбедноста и ефективноста на вакцините кои помагаат во контролата на болестите со децении и спречуваат смрт на милиони луѓе.

Тој сега ќе раководи со Министерство кое управува со повеќе од три трилиони долари наменети за здравствена заштита.

Одделот, исто така, ги надгледува програмите Medicare и Medicaid, кои обезбедуваат здравствено осигурување на над 140 милиони Американци, и Националниот институт за здравство (НИХ).

Кенеди рече дека сака да работи на ставање крај на хроничните болести, да ги прекине врските меѓу вработените во американскиот регулатор за лекови и фармацевтската индустрија и да го отстрани флуорот од американските резерви на вода.

Противниците тврдат дека тој не е погоден за министер за здравство поради неговата истакната улога во движењето против вакцините.

Кенеди рече дека сака да се ослободи од многу вработени во ФДА и НИХ. /МИА

Украина вели дека контролира 500 квадратни километри во руската област Курск

Украина денеска соопшти дека контролира 500 квадратни километри во руската област Курск, територија што Киев има намера да ја користи како договор за пазарење со Москва.

-Имаме своја безбедносна зона на територијата на Руската Федерација ..., која зафаќа околу 500 квадратни километри“, изјави на Фејсбук врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски.

Ова тврдење не е независно потврдено./МИА

Трамп: Украина нема да биде исклучена од можните мировни преговори со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина ќе добие место на маса во какви било преговори со Русија за ставање крај на војната.

Во изјавата за новинарите во Белата куќа, американскиот лидер повтори дека воениот конфликт во источноевропската земја мора да заврши. /МИА

притисни ентер