Влијаела ли Русија во подемот на крајната десница во Европа?

Влијаела ли Русија во подемот на крајната десница во Европа?

Прашањето втор ден ги мачи Италија и Брисел, откако пред два дена протече аудио снимка, на која близок соработник на италијанскиот вицепремиер Матео Салвини, со тројца руски претставници наводно договара план Москва да финансира националистички движења и истакнати личности на ектремната десница.

Снимката, која ја објави порталот „Базфид“ трае 70 минути и е направена седум месеци пред европските избори во мај, на кои, екстремната десница постигна добри резултати. Според снимката, соработникот на Салвини, договара десетици милиони долари руски нафтени пари да се прелеат на контото на владеачката Лига на Салвини, кои потоа би биле употребени за финансирање на десничарските партии. Целта, како што наведува „Базфид“ била да се поткопаат либералните демократии и да се создаде таканаречен Нов сојуз, националистичка Европа, блиска до Москва.

-Салвини е тој што сака да ја смени цела Европа, заедно со нашите сојузници од другите партии во Европа, како Алтернатива за Германија, во Франција, г-ѓата Ле Пен, како и во останатите земји, Унгарија со Орбан, се слуша на аудио снимката, објавена на порталот „Buzznewsfeed“.

На снимката се споменува голема руска нафтена компанија која би продава милиони тони гориво на италијанската нафтена компанија за сума од околу 1,5 милијарди долари. Продажбата ќе се вршела преку посредници, со дисконт од околу 65 милиони долари. Нема информација дали наводните пари легнале на нечија сметка. Италијанската опозиција побара итна истрага, а Салвини категорично ги отфрли наводите.

-Не сум зел ниту едно евро. Ниту една рублја, ниту еден долар, ниту литро вотка од Русија. Веќе поднесов тужба за клевета, а тоа ќе го направам и денеска и утре и задутре, изјави Матео Салвини, вицепремиер на Италија.

Сличен скандал пред два месеца беше причина австрискиот вицеканцелар Штрахе да си поднесе оставка, откако беше објавена снимка на која тој за биснис услуга бара финансиски надомест од наводна внука на руски олигарх.

Електромобилот „Шјаоми СУ-7“ пуштен во продажба

Технолошкиот гигант верува дека оперативниот систем „СУ-7“ што го имаат нивните телефони, лаптопи и други уреди, ќе ги привлече веќе постојните клиенти. 

Кинескиот производител на паметни телефони „Шјаоми“ (Xiaomi) го пушти во продажба своето прво електричен автомобил - „Спид ултра 7“ (Speed ​​​​Ultra 7, СУ-7). Извршниот директор на компанијата, Леј Јун изјави дека цената на возилото ќе биде околу 28.000 евра, пренесува „Би-би-си“.

Технолошкиот гигант верува дека оперативниот систем „СУ-7“ што го имаат нивните телефони, лаптопи и други уреди, ќе ги привлече веќе постојните клиенти. Автомобилот, најавен лани, се споредува со моделите на спортски автомобили „Тајкан“ и „Панамера“ на „Порше“. Производството ќе се одвива во Пекинг, Кина, во државната фабрика што може да испорача до 200.000 возила годишно. „Шјаоми“ најави и влог од 10 милијарди долари за развој на возила за следните 10 години.

На кинескиот пазар на електромобили, инаку, се натпреваруваат и „Тесла“ и „БИД“, па со влезот на „Шјаоми“ како трет избор, се предвидува и нова борба за цените.

- Крајното достигнување би било да се покаже дека има потрошувачки пазар и за „Шјаоми“ како бренд на паметни електрични возила, изјави стручњакот од „Аутомобилити“ (Automobility), Бил Русо.

Тој верува дека влезот на пазарот за автомобили ја одразува довербата на „Шјаоми“ во важноста на брендот во и вон матичната Кина. /МИА

Тренчевска: Опфатот на децата во градинките 48 проценти, до 2028 година ќе изнесува 70 проценти

 Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика во техничката Влада, Јованка Тренчевска денеска информираше дека имаат таргет до 2028 година, 70 отсто од децата да бидат вклучени во градинките.

- Во 2017 година, кога се формира Владата предводена од СДСМ, опфатот на децата во градинките беше од 25 до 27 отсто од вкупниот број деца вклучени во градинките. Денес, тој процент е 48, дополнително ќе се зголеми со градинките што чекаат на отворање. Таргетот ни е до 2028 година, тој процент да се зголеми на 70 отсто деца опфатени во предучилишно образование и секако, тој број да се зголемува, одговори Тренчевска на новинарско прашање на брифингот со новинари во Клубот на пратеници.

Во однос на листите на чекање за прием во градинка, таа кажа дека најкритично е во скопските општини.

- На територијата на целата држава од 2017 година до денес, изградени се 84 градинки со вкупен опфат на над 8 000 деца. Во декември 2023 година, Владата додели четири милиони евра за изградба на нови градинки во општините Бутел, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Аеродром и во Карпош, подвлече Тренчевска.

Од 2018 година до денес во детските јавни установи вработени биле вкупно 2 881 лице, а бројот на лиценцирани негувателки и воспитувачки во овој период, изнесувал 740 лица.

НАТО ја одбележува 20-годишнината од своето најголемо проширување

НАТО денеска ја слави 20-годишнината од најголемото проширување на Алијансата, кога на пактот се приклучија седум земји.

„Денеска се навршуваат 20 години од приемот на Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Романија, Словачка и Словенија“, изјави портпаролката на НАТО, Фара Даклала.

„Оваа година се одбележува и 25-годишнината од првото проширување на пактот по Студената војна со пристапувањето на Чешка, Унгарија и Полска, како и 75 години од основањето на Алијансата“, додаде таа.

Претходно овој месец, НАТО објави податоци кои покажуваат дека повеќе од 80 отсто од граѓаните на земјите од пактот се на мислење дека земјите од Европа и Северна Америка треба да работат заедно за безбедноста.

притисни ентер