Власта и опозицијата иницираа законски измени за продолжување на важноста на возачките дозволи

На само неколку часа пред истекот на рокот власта и опозицијата иницираа законски измени за продолжување на важноста на возачките дозволи. 

Министерот за внатрешни Панче Тошковски предлог измените ги достави до Владата и до Собранието со пратеничката група од ВМРО ДПМНЕ. Предлага промена на датумте на важност на возачките и пасошите во законите за безбедност во сообраќајот и патните исправи. Наместо до 12 февруари, предлагаат да се промени траењето на важноста до 31 декември годинава.

-Само со измена на овие два закони во делот на важност како на возачките така и на пасошите, можат да се решат проблемите на граѓаните. Никој не може да предвиди кои последици ќе бидат предизвикани во иднина од овие два закони кои се суштински. Треба пермутација на две бројки од едниот закон и од другиот закон, ова не е научна фантастика. Нема пасоши, како обрасци физички, нити има возачки дозволи во доволен број за да се задоволат потребите на граѓаните. Ова е единствено нормално и возможно системнско решение,- изјава – Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи.

-Се работи за измена на одредбите од двата закони кои предвидуваат завршување на роковите по однос на ова законско решение за патните исправи и за возачките дозволи. Со оваа измена ќе се продолжи одредбата за да можат да важат и во наредниот период,- изјави – Никола Мицевски – Координатор на ПГ на ВМРО ДПМНЕ.

И од пратеничка група СДСМ најавија предлог-законски измени со кои на возачките дозволи, сообраќајните дозволи, осигурителните полиси и сообраќајните книшки ќе им биде продолжена важноста по 12 февруари.

-Со измени на законите граѓаните и понатаму да може да ги користат на територијата на државата. Во меѓувреме граѓаните не смее да се казнуваат, никој не смее да биде казнет за учество во сообраќајот. Ова е соодветно решение, возачките се за домашна употреба и мора да важат и понатаму. За овие законски решенија очекуваме поддршка од сите пратенички групи во македонското Собрание,- изјави – Дарко Каевски – Пратеник од СДСМ.

Итна промена на законот за безбедност во сообраќајот побара и шефот на државата Стево Пендаровски. Вели дека е неприфатливо македонските граѓани кои се веќе изложени на сопствен трошок да менуваат документи, да бидат ставени во состојба на паника и страв дали ќе бидат казнувани при нивното учество во сообраќајот.

Египет гради втор камп за раселените Палестинци во градот Кан Јунис во јужна Газа

Египет гради втор камп за раселените Палестинци во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа во соработка со Црвениот крст во Палестина, објави ТВ Ал-Кахера њуз.

Египетските власти го изградија првиот камп во Кан Јунис минатиот декември и го проширија во јануари. Новиот камп, кој ќе има струја и вода, ќе се состои од 400 шатори со капацитет од 4.000 луѓе.

Следниот чекор е изградба на теренска болница во пограничниот град Рафа и медицински камп во Деир ал Балах во центарот на Газа. Во Рафа ќе бидат формирани и два центри за дистрибуција на помош.

Според Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА), повеќе од 85 отсто од 2,4 милиони луѓе во енклавата се внатрешно раселени од почетокот на конфликтот на 7 октомври минатата година, кога Хамас и други палестински фракции го нападнаа јужниот дел на Израел, при што загинаа околу 1.200 луѓе. /MИА

Воздухопловната база на НАТО во Кучово ќе биде отворена на 4 март

Воздухопловната база на НАТО во албанскиот град Кучово, која се наоѓа во јужниот дел на земјата, што е прва ваква база во Западен  Балкан, ќе биде инаугурирана на 4. идниот месец.

Подготовките на базата на НАТО во Кучово се при крај и за првпат Министерството за одбрана објави видео и фотографии од неа.

Во видеозаписот, Командантот на албанските воздухопловни сили, бригадниот генерал Фердинанд Димо вели дека се е подготвено базата да профункционира.

- Ние сме на крајот од сите работи за трупите на воздухопловните сили да се обучуваат во оваа база. Но, не само тоа, трупите на НАТО и НАТО авионите можат да се сместат, обучуваат и летаат од воздухопловната база Кучово, која веќе е тактичка воздухопловна база на НАТО, вели тој.

Димо ги наведува и досегашните чекори, од моментот кога беше одлучено во Кучово да се изгради воздухопловна база за НАТО.

- Во 2021 година беше планирано да се спроведат инвестициите за ревитализација на инсталациите на базата Кучово. Сега сме на крајот со реализацијата на три значајни проекти, како што се оградувањето и безбедносниот систем, како и периметарската заштита на базата. Приближно 50 милиони евра се инвестирани од НАТО, а повеќе од 5 милиони евра од албанската влада“, објаснува командантот на воздухопловните сили.

Според него, изградбата на воздухопловната база на НАТО во Кучово ќе придонесе и за економски развој на целиот округ Берат.

На свеченоста на 4 март ќе присуствуваат високи претставници на албанската држава, НАТО и САД.

Инаку, базата е изградена за потребите на албанските воздухопловни сили за време на комунистичкиот режим кој владееше во Албанија помеѓу 1944 и 1991 година и го штитеше воздушниот простор на земјата. Исто така, била домаќин на различни видови руски и кинески авиони.

Последните летови од оваа база биле извршени во 2005 година. /МИА

Осимен сака да се пресели во Челзи, а не во ПСЖ, Наполи за напаѓачот ќе бара 130 милиони евра

Виктор Осимен одлучи кариерата да ја продолжи во Премиер лигата. Според новинарот Емануеле Камарото, фаворити во борбата за напаѓачот на Наполи се Челзи и ПСЖ.

Парижаните го гледаат Нигериецот како замена за Килијан Мбапе, кој реши да го напушти клубот ова лето. Сепак, самиот Осимен е склон да се пресели во лондонскиот клуб.

Се известува дека Наполи очекува да добие околу 130 милиони евра за Осимен, што одговара на сумата наведена во неговиот договор.

Оваа сезона Осимен има осум гола и две асистенции на 14 натпревари во Серија А. /МИА

притисни ентер