Владата со нови економски мерки

Решавање на деценискиот проблем со откуп на стаж, продолжување на породилното отсуство, нови странски инвестиции и отворање на работни места и нови мерки за субвенционирање за земјоделци се само дел од владините мерки за натамошен раст на макеоднската економија кои вчера на големиот собир на ВМРО ДПМНЕ ги најави премиерот Никола Груевски.

Правото на откуп на стаж за работниците кои работеле во фирми кои се пропадната поради стечај и кои фирми подолго време не работат и не постојат е барање кое произлегло од самите граѓани а за кое наскоро Гуревски најави дека ќе биде преточено во законско решение.

Владината политика е грижа за сите категории на граѓани, потенцираше Груевски, и постојано наоѓање на нови решенија за поквалитетен живот. Таква една мерка наскоро се најавува и за мајките со продлжување за три месеци на породилното отсуство..

Двигателото на економијата и фокусот на оваа влада по што треба да се цени и секоја политичка гарнитура е создавањето на нови работни места. Во Прилип веќе реалност е влезот на светскиот гигант Филип Морис во прилепскиот тутунски комбинат а наскоро од октомври Груевски го најави и влезот на Гентерм кој со влез од 20 милиони евра планира отворање на 2 илјади нови работни места

Покрај ова само во Прилеп беше најавена и инвестиција на италијанска компанија која ќе произведува расветни тела која во период од 2 години ќе вработи 100 млади лица. Дополнителни 2 илјади луѓе ќе се ангажираат и во инвестицијата на американската компанија за производството на етанол..

И за мерките за земјоделците ќе се моделираат спрема барањата и потребите на агро секторот. Се предвидуваат 50 процентни субвенции за набавка на расен добиток вклучително и овците што е едно од барањата ан сточарите, дополнително ќе се дели и државно земјдоелско земјиште е останува и едното евро субвенција за тутунарите.

Поради технички проблем граѓаните плаќаат по неколку пати за едно возење со ЈСП

За едно возење со автобус, преку мобилен телефон им било наплатено повеќе од 100 денари. Проблемот со валидаторите за наплата во автобусите на ЈСП, ги збуни граѓаните во Скопје.

-Дел од граѓаните се жалат дека не можат да платат карта во автобус со мобилен телефон. На некои од нив, ни по еден ден не им стигнала смс-пораката

До редакцијата на Канал 5 пристигнаа фотографии на граѓани, кои покажуваат како им стигнале неколку пораки за платен билет, едноподруго, иако одамна ги искористиле услугите на јавниот превоз.

Некои од луѓето кои ги анкетиравме велат дека немале никаков проблем при наплата на билет, додека пак останатите со соочиле со ваква ситуација. Од страв да не бидат фатени од контрола на ЈСП, морале да слезат неколку постојки порано.

Од ЈСП во текот на вчерашниот ден најавија дека можни се технички проблеми поради надградба на системот. Апелираа до корисниците на јавниот превоз – да го пријават случајот на мејлот аскопска@јсп.ком.мк. Ги запрашавме: колку лица досега пријавиле дека имале проблем со плаќањето.

Од Јавното сообраќајно претпријатие уверуваат дека во иднина нема да има никакво проблеми со валидаторите, и граѓаните без проблем ќе можат да ги користат.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина нема да остане втор мандат

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, нема да остане втор мандат на функцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според РСЕ, Лајчак од 1 септември ќе ја преземе функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Лајчак е поранешен министер за надворешни работи на Словачка и беше назначен на функцијата специјален пратеник на ЕУ за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во април 2020 година.

Засега нема информации кој ќе го наследи Лајчак на оваа функција. Според извори на РСЕ, дискусиите на ниво на ЕУ почнале, но одлуката ќе биде донесена по европските избори во јуни годинава.

Оваа недела беа именувани 43 европски амбасадори во различни земји низ светот. Меѓу нив се и новите амбасадори во Босна и Херцеговина и Косово.

притисни ентер