Владата сепак му стави европско знаменце на законот за канабис

За ВМРО-ДПМНЕ е скандалозна намерата новиот Закон за опојни дроги да се носи со европско знаменце. 

Од партијата сметаат дека ова е класична злоупотреба за да се задоволат, како што велат, приватните бизнис интересите на премиерот Заев. Остануваат на ставот дека ако на овој начин мине законот – ќе ги блокираат сите наредни.

„Сметаме дека ова е скандалозем чин со којшто по којзнае кој пат се злоупотребува европското знаменце за теми кои немаат никаква унифицирана регулатива во Европската унија. Заев и Ахмети четири години ги лажат граѓаните дека од државата ќе направат европска Македонија за со овој предлог закон за трговија со дрога да направат Македонија да биде Колумбија со Европа.“вели Антонијо Милошовски, ВМРО-ДПМНЕ.

Од Владата се децидни дека европското знаменце е неопходно поради целосна усогласеност со европските регулативи и директиви.

„Во овој текст се транспонирани повеќе рамковни одлуки и директиви на Европскиот парламент и Европскиот совет за усогласување на оваа дејност со регулативата на ЕУ, како и со повеќе конвенции како што се Европската конвенција на наркотични дроги на ОН од 1961 со протокол за дополунвање од 72та,вели Душко Арсовски, портпарол на Влада.

Предлог-текстот пред два дена го помина владиниот филтер. Освен извозот на сув цвет од канабис со него се предвидува и формирање на посебна Агенција која ќе го контролира одгледувањето на медицинскиот канабис, а 10% од добивката што ќе ја прави секоја фирма од оваа дејност да се слева во државната каса, пари кои би биле наменети за проекти од јавен интерес.

Фото: Адријана Лима позира гола под месечевата светлина

Бразилската манекенка Адријана Лима објави нова фотографија на Инстаграм на која позира целосно гола.

Славната манекенка го покажа своето совршено тело позирајќи гола на месечевата светлина.

-Кога ќе се сретнат двете Месечини, напиша Адријана во описот на објавата.

Иако манекенката минатиот месец наполни 40 години, се уште изгледа феноменално и не покажува знаци на стареење.

Фото: Ѓоковиќ со белгиските гимнастичарки стана хит на интернет

Новак Ѓоковиќ повторно воодушеви бројни фанови на спортот ширум светот, неговиот ведар дух и дружељубивост секогаш се препознаваат.

Овој пат тој влегол на тренинг од олимписки гимнастичарки и им се придружил.

На интернет стана хит фотографијата која на својот Инстаграм профил ја објави белгиската олимписка гимнастичарка Нина Дерваел.

На фотографијата Нина вежба пред натпреварот а во изведувањето на шпага и се придружил и Новак Ѓокович и уште некои белгиски натпреварувачки.

„Кога Новак Ѓоковиќ ќе те замоли за фотографија, едноставно не можеш да одбиеш“, напиша Нина во описот на фотографијата.

Насмевнатиот Ѓоковиќ со шпагата ги освои срцата на фановите на белгиската натпреварувачка, а објавата е преполна со позитивни реакции.

Видео: Американски пожарникари возат низ голем пожар

Шумските пожари и понатаму беснеат на западот од САД.

Се бележат рекордни теператури, многу граѓани морале да ги напуштат своите домови, а пожарникарите се борат против пожарите во екстремни услови.

Двајца пожарникари загинале во пад на авион. На северот од Невада, недалеку од границата со Калифорнија, дошло до масовна евакуација поради избивање на пожар предизвикан од гром. Еден пожар создал голем облак од чад и пепел кој во комбинација со временските услови создал сопствени молњи.

Во Орегон пожарот зафаќа површина од 311 километри квадратни.

Пожарникарите објавија снимка од возење во сред пожар. Погледнете ја:

притисни ентер