Владата против предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за брза собраниска седница за уставните измени

Владата е против предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за брзо свикување на собраниска седница на која би се гласало за внесувањето на бугарите во уставот.  

Власта го одби предлогот за брза собраниска седница за уставни измени, како што побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски со цел, како што тврди, да се види дека неговите сопартијци нема да дадат ниту еден глас ЗА. Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ вели дека е рано да се зборува за вметнување на Бугарите во македонскиот Устав, но кога ќе дојде време очекува широк консензус од политичките партии. Процесот според Маричиќ нема да биде едноставен, но сите опции за обезбедување на двотретинско мнозинство вели дека се на маса, вклучувајќи и барање поединечна поддршка од опозициски пратеници.

„Сите опции се на располагање. Ние како Влада ќе понудиме платформа за поддршка на европските интеграции и сигурен сум дека ќе има можност таа платформа да ја подржат широк консензус на пратеници во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба еднаш да дадат поддршка на нашите стратешки цели. Го пропуштија тоа за НАТО, што е жално за сите нас, но не би требало да го пропуштат за ЕУ. “

СДСМ нема двотретинско мнозинство и од таа причина избегнува брза седница за уставни измени, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на фејсбук.

„Aко навистина верува власта дека има 80 пратеници, тогаш нема подобар начин да се потврдат тие политики и да се “вивнеме” со нив кон европските височини, а и ќе се спасат од мене во политиката. Ниту имаат подршка во парламентот за уставни измени, ниту пак ја заслужуваат овие политички изманици. Оттука прашањето околу уставните измени за ВМРО-ДПМНЕ е затворено. А, власта се плаши од избори затоа што нема поддршка.“

Овој став денеска го повтори и потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Димитриеска Кочоска.

„ За нас тоа прашање е затворено, мнозинството го немаат и затоа не е ставено на гласање.“

Додека за уставните измени власта нема одредено временска рамка, за спроведување на препораките од историската комисија има рок од две години. Уверуваат дека промените во учебниците за Македонија и Бугарија ќе бидат реципрочни.

„Тој текст којшто е договорен и Бугарија и Македонија подеднакво имаат обврска да го имплементираат во својот систем и тоа функционира на принцип на реципроцитет, односно важечка е само доколку заедно ги имплементираме во двата системи. Секако ќе бидеме внимателни да го заштитиме нашиот интерес, бидејќи им веруваме на луѓето коишто работат таму, а сите чекори во врска со имплементација на договореното ќе бидат координирани со нашите филтри на институциите и со комисиите за учебници, со сите оние други инстанци во Министерството за образование и наука и Владата и нема да направиме ниту еден чекор еднострано. “

Договореното меѓу мешовитата историска комисија, опозцијата го оцени како штетно за македонските национални интереси и додаваат дека бугарските историчари веќе слават победа.

Анѓеловски: „Дуизацијата“ е најопасен процес на испумпување средства од буџетот

„Ниту некој ќе се определува меѓу Русија и ЕУ, ниту некој ќе се определува меѓу изолација и ЕУ“

И пред кампањата започна реториката на безалтернативност на СДСМ и онаа на „зелените“ дека имаме избор меѓу Русија и ЕУ. Ниту некој ќе се определува меѓу Русија и ЕУ, ниту некој ќе се определува меѓу изолација и ЕУ, тоа се големите лаги пред јавноста. Ние ќе се определуваме меѓу иднина за Македонија и македонските граѓани, внатре во државата без разлика како тој пат ќе се вика. И најубавата куќа ако внатре е нечиста, децата ќе сакаат да ја напуштат. Прво да си го средиме сопствениот двор.

Повикот за обединување на Мицкоски е за јасно и недвосмислено обединување на сите кои чувствуваат дека Македонија е доведена до ѕид, дека нема правда за никого, тоа е повик до сите што се чувстввуваат така за да се прекине поцесот на „заевизација“ и „дуизација“ на Макеоднија. Дуизацијата е најопасниот процес на испумпување на средства од буџетот на лица блиски до ДУИ, за да се создадат монструми што подоцна ќе владеат со економските, политичките и општествените процеси во државата, рече Страшо Ангеловски во Само Вистина.

Нема ие ќе се пор

Меган Маркл се враќа на телевизија, ќе води кулинарска емисија

Војвотката од Сасекс Меган Маркл се враќа на малите екрани, а наскоро би требало да ја видиме во ново шоу за готвење.

Дедлајн објави дека Арчевел продукција, продукциската куќа на Маркл и нејзиниот сопруг принцот Хари, е во „рана фаза“ на работа на две нови серии. Една од нив ќе биде за поло, спорт кој е голема страст на принцот Хари, а другата ќе биде за градинарство и готвење, а домаќинка ќе биде Маркл.

Моментално е познато, како што напиша Deadline, дека тоа ќе биде шоу кое „ги слави радостите на готвењето, градинарството, забавата и пријателството“, Маркл ќе биде извршен продуцент, а се знае и кои луѓе веќе работат на ова шоу.

Во целиот проект се вклучени режисерот Мајкл Стид, кој работеше на шоуто Ентони Бурдејн: Запознавање со непознатото, како и Леа Харитон, која стои зад готвачкото шоу на пејачката Селена Гомез, Selena + Chef, кое се емитува на HBO.

Серијата е во рана продукција, а насловите и датумите на издавање се очекува да бидат објавени во наредните месеци. Покрај тоа, извор потврди за Дејли Меил дека Нетфликс веќе изнајмил дом за снимање во Монтесито, Калифорнија.

Сето ова, како што пишува People, е дел од договорот што Меган Маркл и принцот Хари го потпишаа со Нетфликс, вреден 100 милиони долари. Кога го потпишаа во 2020 година, најавија дека ќе работат на документарни емисии и серии, играни филмови и емисии за деца, а сега изгледа решија да направат чекор понатаму.

Марковска: Никој нема да добие избори со црна кампања

„Помалите партии кои имаат понепосредна комуникација со граѓаните, тоа може да им донесе поголем бенефит на изборите“

Актуелната кампањата е веќе видена работа. Во Македонија триесет години ништо не се менува, особено што и актерите кои се во кампањата, не се менуваат. Во држава со милион и осумстотини илјади население е контрапродуктивно ова водење на кампања кога и малите дечиња да ги знаат учесниците, граѓаните од старт се изморуваат, особено што две кампањи се спојуваат во една поради спорените избори, а желбата е да се придобијат неопределените, кои вака и онака нема да излезат на гласање.

Мицкоски има добра желба, но имаме комплетно разединување на терен. Не е работата „кој прв почна“, а фрчат негативни кампањи. Никој нема да добие избори со црна кампања, туку со претставување на личноста и кој какви планови има и што мисли да направи. Кај Сиљановска, за сега нема лични навреди, за разлика од другата страна што дава лични кваливикации и тоа не е вкусно. Сведување на кампањата во „митингарење“ во која се повторуваат едната или другата страна, е лош начин на водење кампања. Дури мислам дека помалите партии кои имаат понепосредна комуникација со граѓаните, тоа може да им донесе поголем бенефит, на изборите рече Ѓулистана Марковска во Само Вистина.

притисни ентер