Владата одлучи: Полицискиот час ќе почне во 11 часот во недела и ќе заврши во вторник во 5 наутро

Владата попладнево донесе одлука за полицискиот час за претстојниот продолжен викенд за празниците Рамазан Бајрам и Свети Кирил и Методиј.

Во текот на утрешниот ден, забраната како што информираат од таму останува иста како и останатите денови односно од 19 часот до 5 часот наутро.

Во недела пак полицискиот час ќе започне од 11 часот и ќе трае до 5 часот наутро во вторник.

Од Владата соопштија дека одлуката е донесена, следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со Ковид -19, како и препораките на комисијата за заразни болести.

Од скопското муфтиство пак велат дека на овој начин се задоволуваат потребите на верниците празникот и додаваат дека сите мерки ќе бидат почитувани.

притисни ентер