Владата не прецизира дали ќе ја активира забраната, Џамбаски најави дека доаѓа во Скопје

Останува неизвесно дали некој политичар и државјанин на Бугарија што ќе се појави на македонската граница на 4-ти февруари, на Денот на одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев, ќе му биде забранет влез во Македонија.

Во меѓувреме,бугарскиот европратеник Џамбаски, кој самиот се препозна во најавите од Пендаровски,во гостување на бугарска телевизија кажа дека иако првично не планирал, сепак ќе дошол во Македонија..... Упати и индиректна закана до македонскиот претседател, алудурајќи на атентатот врз српскиот крал Караѓорѓевиќ.

„ Не мислев да одам во Македонија, имав други планови. Но, како да откажам така љубезна покана. Сега со сигурност и без сомневање ќе отидам таму.

Што претставува за нас една таква забрана? Да му порачам на Стево Пендаровски, наречен Стево Коминтерната и дека во минатото и други се обидувале да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија, а последниот таков пример е со југословенскиот, со српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Ако се обидат да ми забранат влез во Македонија нека погледнат во историјата и нека учат од неа “

Дали ќе му биде дозволен влез на Џамбаски, министерто за внатрешни Оливер Спасовски, рече дека ќе одлучат истиот ден кога ќе појави на граница... Спасовски вели дека на вчерашната владина седница била донесена одлука да се направи се што е во надлежност на органите за безбедност за да се сочува јавниот ред и мир во државата, но и заштита на националниот интерес.

„ Работиме заедно со АНБ во размена на податоци и информации и врз основа на тие податоци МВР ќе носи одлуки во секој поглед што ќе значи прво и основно заштита на мирот и безбедноста и второ и најважно заштита на нашиот национален интерес, заштита на националниот идентитет, на нашето право на самоопределување и на достоинството на македонскиот народ и македонските граѓани. “

Што ако се појави Џамбаски на граница ?

За тоа ќе одлучиме на 4-ти февруари“

За разлика од иницијативата на претседателот Пендаровски превентивно да се забрани влез во земјава на бугарски европратеник и уште неколку други државјани на Бугарија, шефот на дипломатијата Бујар Османи е на позиција, тоа како принцип да важи за во иднина, а не ретрокативно..

„Мојата позиција е дека не треба да имаме ретроактивен пристап кон ниту еден проблем, како што имав за Законот за клубови туку од овој момент утврдуваме принцип секој што ќе даде изјава со која негира постоење на народ или ќе покаже територијални претнезии истиот ден ќе му се забрани влез, и тоа треба да го знаат сите, ако го знаат ќе бидат многу внимателни. “

Освен во земјава, и во Бугарија има општественици кои сметаат дека на некои бугарски политичари не треба да им се дозволи влез во Македонија, а поранешниот министер за одбрана на Бугарија Бојко Ноев, вели деканим не треба да им се дозволи ниту учество во бугарската политика, поради јасната проруско и антиевропско дејствување...

Кремљ: Сопственикот на Телеграм треба да биде повнимателен

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека нема планови за блокирање на апликацијата, но оти Дуров треба да биде повнимателен.

Кремљ го предупреди сопственикот на Телеграм, Павел Дуров, да биде повнимателен откако се појавија информации дека апликацијата била користена за да се помогне во регрутирањето на вооружените лица, кои го извршија нападот на концертната сала во близина на Москва.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека нема планови за блокирање на апликацијата, но оти Дуров треба да биде повнимателен.

- Ќе очекуваме зголемено внимание од Павел Дуров, бидејќи овој уникатен и феноменален ресурс од технолошка гледна точка, кој всушност растеше пред нашите очи, сè повеќе станува алатка во рацете на терористите, користена за терористички цели, посочи Песков.

Руската државната новинска агенција РИА Новости објави дека напаѓачите биле регрутирани преку радикален канал на Телеграм, кој припаѓа на групата Исламска држава - Хорасан.

Во текот на изминатите 2 дена, рускиот регулатор за комуникации „Роскомнадзор“ го ограничи пристапот до 11 канали на Телеграм поради „содржини поврзани со тероризам“.

Го забрзавме откривањето и верификацијата на каналите на Телеграм. Поконкретно, регистрираме создавање на канали, кои наводно известуваат за нови терористички напади. Тие се создадени со цел да се заплаши населението. Во изминатите два дена ограничен е пристап до 11 такви канали, се наведува во соопштението на „Роскомнадзор“.

Телеграм, основан од Дуров, е со седиште во Дубаи. Дуров (39) ја напушти Русија во 2014 година и живее во Дубаи, има двојно државјанство на Франција и Обединетите Арапски Емирати. Форбс го проценува богатството на Дуров на 15,5 милијарди долари.

Аустриан ерлајнс го започна својот штрајк кој ќе трае 36 часа

Триесет и шестчасовниот штрајк на вработените во Аустриан Ерлајнс (Austrian Airlines) почна денеска и веќе има откажани летови, јавија австриските медиуми. 

Според одлуката на синдикатот „Вида“, денеска и утре ќе бидат откажани вкупно 400 летови. Најмногу беа погодени аеродромите во Виена, Инсбрук, Грац и Клагенфурт, како и околу 50 илјади патници, според податоците на авиокомпанијата.

Аустриан Ерлајнс проценува 24 милиони евра загуби предизвикани од откажување летови во текот на тековните колективни преговори за договарање. Спорот за колективниот договор за труд трае веќе со недели, а досега 17 рунди преговори се без резултат. Синдикатот најави нова работна средба за 4 април.

Стотици летови се откажани од почетокот на преговорите. Откажани се и летовите од Виена до Скопје и обратно. На официјалната веб страница на Меѓународниот аеродром Скопје не се ставени ниту полетувањата, ниту слетувањата со оваа авиокомпанија.

Дебата на тема„Има помош за живот без насилство“ во организација на УНФПА

Веќе трета година по ред во Македонија се спроведува  проектот „Превенција и заштита од родово-базирано насилство во Македонија“ под покровителство на министерството за труд и социјала, британската амбасада и УНФПА.

Во рамки на проектот досега функционира програмата за реинтеграција на жртви, моделот за шелтер-засолниште на жртви на семејно насилство, а се даваат и препораките за подобрување на услугите на сос линиите за помош на жртвите.

притисни ентер