Владата на Танзанија прогласи крај на епидемијата на коронавирус

Танзанската влада престана да ги објавува податоците за бројот на случаи на заболени и починати од коронавирус и инсистира на тоа дека епидемијата завршила.

Во некои африкански земји едноставно нема доволно тестирања за да се добие јасна слика за тоа колку луѓе се заразени со коронавирусот, а во некои, владите не се подготвени да го признаат ширењето на вирусот, пишува Би-Би-Си.

Светската здравствена организација предупреди дека ширењето на пандемијата на коронавирус се забрзува во Африка.

Има повеќе од 200.000 потврдени случаи на континентот, но реалната бројка веројатно ќе биде многу поголема.

Безос веќе не е најбогат на светот, го престигна францускиот милијардер Арно

Џеф Безос ја загуби титулата најбогат човек во светот.

Имено, неговата вредност падна за 13,9 милијарди долари за само еден ден, бидејќи цената на акциите на Амазон минатата недела нагло паднале за 7 проценти, откако компанијата објави помалку очекуван раст во вториот квартал.

Падот на вредноста на Безос му овозможи на Французинот Бернар Арно да го заземе првото место на листата на најбогатите. Арно го води конгломератот за луксузни производи LVMH, чии подружници се Louis Vuitton, Sephora, Moet & Chandon и Tiffany & Co.

Арно го зголемил своето богатство за речиси 100 милијарди долари во текот на првата година од пандемијата. Нето богатството на Арно во понеделникот изнесувало 195,8 милијарди долари , наспроти 192,6 милијарди долари на Безос.

Безос минатата година влезе во историјата како прв човек вреден над 200 милијарди долари, бидејќи Амазон имаше огромни добивки од пандемијата. Двајцата милијардери се бореле за првото место во текот на мај и јуни оваа година, но неодамнешниот пресврт стави крај на 50-дневната трка на Безос за врвот. Во светот има вкупно 2.755 милијардери, од кои 86 проценти се побогати отколку пред една година.

Град Скопје испраќа противпожарни единици за справување со пожарите

А на помош за справување со пожарот во Пијанечко-малешевскио регион испратени се и екипи од противпожарните екипи во Скопје.

Градоначалникот на Скопје , Петре Шилегов за Канал 5 изјави дека доколку има потреба ќе бидат испратени дополнителни пожарникари и опрема. Тој се надева дека пожарот во пехчевско ќе биде наскор изгаснат , како што беше случајот со оној во близина на Кочани пред два дена.

3 екипи пожарникари со 3 возила на Противпожарната бригада на Град Скопје, придружувани со 3 цистерни со вода од јавните градски претпријатија, се упатија кон Пехчево и Делчево да помогнат во гаснењето на пожарите.

Противпожарни возила од Бугарија се вклучуваат во гаснење на пожарите во пехчевско

Помошта која што беше најавена од Бугарија од пет противпожарни возила пристигна на критичното подрачје зафатено со пожар кај маалото Пасјак во село Нов Истевник.

Во разговорот со градоначалникот на Делчево Горан Трајковски и останатите надлежни, одлучено е четири возила да одат кон Пехчево бидејќи таму ситуацијата е поалармантна, додека едно противпожарно возило ќе се вклучи во гаснењето на пожарот кај Пасјак.

Со колоната возила видливи беа и автомобили на Дирекцијата за заштита и спасување кои ја предводеа колоната на патот кон Пехчево. Се очекува веднаш по пристигнувањето да се вклучат во гаснењето на пожарот кој се забележува на пет километри пред влезот на Пехчево.

Во моментот најзагрозено е подрачјето пред влезот на Пехчево каде е забележлив густ чад.

притисни ентер