Владата на нова координација за трагедијата во Кочани - Канал 5

Владата на нова координација за трагедијата во Кочани

Владата на нова координација за трагедијата во Кочани
Премиерот Христијан Мицкоски најави засилени контроли и затворање на ноќните клубови и кабареата кои нема да имаат соодветни лиценци... Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Администрацијата на Трамп планира да депортира 200.000 украински бегалци

За време на мандатот на претседателот Џо Бајден, на Украинците и Хаиќанците им беше доделен статус на привремена заштита.

Администрацијата на Трамп планира да депортира 200.000 украински бегалци

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува план според кој речиси 200.000 украински државјани би биле депортирани од Соединетите Американски Држави, со помош на средства наменети за странска помош, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на нацрти на интерни документи во кои имал увид.

Според планот, Вашингтон има намера да издвои околу 250 милиони долари од фондовите за странска помош за репатријација на луѓе од активни конфликтни зони, вклучувајќи околу 500.000 Хаиќани.

За време на мандатот на претседателот Џо Бајден, на Украинците и Хаиќанците им беше доделен статус на привремена заштита што им овозможи легално да останат во САД, бидејќи не можеа безбедно да се вратат во своите татковини.

Но, со враќањето на администрацијата на Трамп и заострувањето на имиграциската политика, ситуацијата се менува.

Трамп претходно најави започнување на „најголемата програма за депортација во американската историја“, со цел отстранување меѓу 15 и 20 милиони мигранти од земјата. Според нацрт-документите, планот е развиен откако Министерството за внатрешна безбедност на 5 мај објави дека мигрантите кои доброволно ќе се вратат во своите земји ќе можат да добијат финансиска помош во износ од 1.000 долари.

Освен Украинци и Хаиќани, во документите се споменуваат и Авганистанци, Палестинци, Либијци, Суданци, Сиријци и Јеменци како потенцијални цели на идните депортации. /МИА

Зеленски и се заблагодари на ЕУ за 17. пакет санкции кон Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави на платформата Икс дека ѝ се заблагодарил на Урсула фон дер Лајен и на „целата Европска Унија“ за 17-тиот пакет санкции против Русија, нарекувајќи го „чекор во вистинската насока“.

Зеленски и се заблагодари на ЕУ за 17. пакет санкции кон Русија

Тој наведува дека важно е да се воведат строги ограничувања врз руската флота танкери, која служи за финансирање на убиствата, како и врз сите шеми што Русија ги користи за зајакнување на својата воена индустрија.

Колку е поголем притисокот врз Русија, толку повеќе стимул ќе има Москва да се движи кон вистински мир. Разговаравме и со Урсула за подготовките за 18-тиот пакет санкции на ЕУ. Руската нафта, енергетската инфраструктура, банките и финансиските шеми - ова се областите што најмногу влијаат врз Русија и затоа најмногу придонесуваат за мирот. Им благодарам на сите што се залагаат за построги санкции и донесуваат решителни одлуки. Детално разговаравме и за вчерашниот разговор со претседателот Трамп и нашата заедничка дипломатска соработка со нашите партнери. Европа мора да биде вклучена и ние го координираме секој чекор што е можно поусогласено, напиша Зеленски.

Русија го обвини НАТО за „агресивни дејствија“ во Балтичко Море

Русија го обвини НАТО за агресивни дејствија што ја попречуваат слободата на пловењето откако Естонија неуспешно се обиде да задржи танкер во Балтичкото Море.

Русија го обвини НАТО за „агресивни дејствија“ во Балтичко Море

Минатиот четврток, Естонија соопшти дека Москва накратко испратила борбен авион во воздушниот простор на НАТО над Балтичкото Море за време на обидот да го запре танкерот за нафта што плови кон Русија, за кој се верува дека е дел од „флота во сенка“ што ѝ помага на Москва да ги избегне западните санкции.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на редовната прес-конференција денеска рече дека Москва внимателно ги следи настаните во Балтичкото Море и ќе реагира на она што го нарече нелегални дејствија од страна на бродовите на НАТО доколку тие претставуваат ризик.

Претходно денеска Москва го ослободи танкерот за нафта во грчка сопственост кој беше задржан во руски води во неделата откако го напушти естонското пристаниште. /МИА

притисни ентер