Владата ќе субвенционира набавка на инвертер клима уреди за домаќинства

Владата одвои 10 милиони евра за купување на високо ефикасни инвертер клима уреди со кои во 4 општини ќе се заменуваат печките за греење на дрва.

Со субвенции од 1000 евра по домаќинство за купување клима уреди Владата оваа зима ќе се бори со аерозагадувањето. Првата фаза од мерката ќе опфати 10.000 домаќинства од Скопје, Битола, Тетово и Кичево. Приоритет ќе се дава на семејствата со ниски месечни примања а кои се греат на дрва, нафта или други нееколошки деривати.

Аплицирањето за субвенциите ќе се врши електронски. За да нема злоупотреби, секое домаќинство ќе потпише договор со кое се обврзува старото грејно тело да не го враќа во функција, во спротивно ќе биде казнето.

За оваа мерка ќе се одвојат 10 милиони евра. Како образложение за овие субвенции, од владата потенцираа дека според последните анализи 90 отсто од загадувањето потекнува од загревањето на домовите.

Пристигнува уште едно електрично Ауди

Ауди во вторник на 7 јули ќе го претстави електричниот кросовер „Q4 Sportback E-Tron “ концепт.

По минатогодишниот концепт „Q4 E-Tron“, од германскиот произведувач доаѓа и неговата „Sportback“ верзија, со силуета на купе-кросовер.

Ауди премиерата на новото возило ја најави со кратко видео, а повеќе детали за овој концепт ќе се дознаат утре.

Во краткото видео се гледа дека предниот дел од концептот „Q4 Sportback E-Tron “ е сличен ако кај регуларниот „Q4 E-Tron “, а двете возила ќе се разликуваат по задниот дел и линијата на кровот која кај новата верзија ќе биде закосена.

Ауди „Q4 Sportback E-Tron “ концептот најавува идна продукциска верзија која би требало да биде претставена 2021 година.

Спасовски: Масовно на избори на 15 јули во нови победи за Македонија и младите, тие нека се обновуваат во својата партија

„И средношколците и студентите добија домашна платежна картичка, бидејќи сега е моментот да се помогне.“

„ Се грижиме за сите. Посебно се грижиме за младите. Тоа го направивме и со доделувањето ваучери за дообука и квалификација во ИТ вештини, тоа што најмногу е потребно сега во овие услови кога многу од работите мора да се спроведуваат on line, дигитално. Една од основите во Програмата е нашата земја да ја направиме дигитализирана држава.

Мораме да излеземе и да гласаме, да дојдеме до секој и да му кажеме дека негласањето е глас за враќање на режимот, дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се опасност. На 15 јули масовно на избори, број 3, да кажеме Збогум на режимот, да ги пратиме во историја, нека се обновуваат во нивната партија, а ние ќе грабиме напред, во нови победи за Македонија и за младите" повика Спасовски на вечерашната граѓанска трибина во скопската општина Ѓорче Петров.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Земјотрес од 4,6 степени го погоди Авганистан

Земјотрес со јачина од 4,6 степени вечерва го погоди Авганистан околу 20:40 часот по локално време.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 14 километри северозападно од Кабул на длабочина од 7,4 километри, соопштено е од Евромедитеранскиот сеизмолошки центар.

За сега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.

притисни ентер