Владата ќе разгледува порестриктивни мерки за борба со коронавирусот

Владата денеска на седница ќе разгледува построги мерки за борба со коронавирусот, откако државата влегува во период на пикот на болеста.

Мерките се на барање на министерот за здравство, Венко Филипче, а по консултација со Комисијата за заразни болести, чија седница ќе се одржи пред владината.

Филипче посочи дека се очекува бројката на заболени во Македонија во пикот да достигне до 2.000 лица, и додаде дека, сега, повеќе од било кога треба да се почитуваат мерките и препораките на владата.

 Во текот на вчерашниот ден пак, беше забележан најголем број заболени од коронавирус во земјава, односно 72 лица за 24 часа. Денешната бројка, треба да биде соопштена попладне.

притисни ентер