Владата ќе одлучува дали да ја прифати или не цената по која ЕСМ ќе ја продава струјата

Енергетските компании ги прават последните пресметки колкаво зголемување на цената на струјата ќе бараат. 

Според информациите тоа најверојатно ќе биде за 10%. ЕСМ не открива, но она што е познато според информациите е дека на владина седница, која ќе се одржи на 30ти месецов, сигурно ќе понуди повисока цена. Владата потоа ќе треба да пресече, дали ќе ја прифати.. Инаку ЕСМ во крајната цена за домаќинствата учествува со над 30%, по што од нив и најмногу ќе зависи какви сметки ќе плаќаме од јануари.

Цената на ЕСМ ја чека и ЕВН, бидејќи барањето на ЕВН ќе зависат токму од нив. Досега ЕСМ не понудија никаква цена за Универзалниот снабдувач па два тендера пропаднаа. Ккрајниот рок кога треба да се јават на тендер е до крајот на годината. Досега ЕСМ на ЕВН Хоум ја продаваше струјата по 36 евра за мегават час.

Од МЕПСО пак за Канал 5 потврдуваат дека зголемување сигурно ќе има, поради цените на светските берзи, но за колку – првични сознанија би имале во декември. Тогаш МЕПСО ќе го распише тендерот за техничките загуби во мрежата, и по која цена ќе ја набави струјата ќе зависи и колкаво поскапување ќе бара. Сепак МЕПСО во крајната цена учествува со 4%.

Поради намалено домашно производство земјава западна во енергетска криза, загубите се надополнуваа со влечење струја од меѓународни мрежи често и без најава, што само за еден месец тоа ја чини државата 16,5 милиони евра.

А, вчера паднаа првите разрешувања во РЕК Битола и РЕК Осломеј, а ЕСМ најави дека ќе следат и нови.

Разбојници ја убиле сопругата на легендарен музичар

Сопругата на легендарниот музичар Кларенс Авант е убиена во вторникот во нејзиниот дом во елитната населба Трусдејл Естејтс во Лос Анџелес.

Имено, таа била убиена од крадци кои упаднале во нивната семејна куќа.

Полицијата на Беверли Хилс била повикана во куќата во Трусдејл Естејтс во вторникот вечерта околу 2.30 часот по полноќ, откако на телефонскиот број 911 добиле повик дека некој бил застрелан и убиен.

Сопругата на Авант, Жаклин Авант, итно била пренесена во болница, каде што подоцна починала. Таа имала 81 година.

Семеен извор изјавил за ТМЗ дека разбојниците пукале додека влегле во куќата и ја погодиле сопругата на Авант.

Авант (90) во тој момент бил дома, но не е јасно дали е повреден во нападот.Легендарниот музичар беше примен во Куќата на славните во октомври, а покрај него беше неговата сопруга.

Нивната ќерка Никол Авант е во брак со извршниот директор на Нетфликс, Тед Сарандос.

СЗО: За неколку дена ќе знаеме колку е заразен омикрон

Светската здравствена организација очекува за неколку дена да има повеќе информации за тоа колку е заразен новиот сој на корона, омикрон, изјави денеска техничкиот директор на СЗО Марија ван Керхове.

Во соопштението се посочува дека СЗО ќе има податоци за омикрон многу побрзо од предвиденото, бидејќи Женева претходно соопштила дека ќе бидат потребни недели за да се добијат податоците, пренесе Ројтерс.

Некои од главните прашања се дали сојот е позаразен или отпорен на заштитата од вакцини, а одговорите треба да се почекаат, се додава.

Софија Вергара на луда латино забава во кругот на семејството (ВИДЕО)

Софија Вергара (49) изгледа сензационално на прославата на американскиот Ден на благодарноста, а актерката на социјалните мрежи се пофали со фотографии и видеа од забавата на која присуствуваа членовите на нејзиното семејство.

На ѕвездата од ТВ серијата „Модерно семејство“ и` се придружија помладата сестра, музичарката Вероника (21) и внуката Клаудија (29). Веселото трио танцува пред огледалото, а на Софија подоцна во танцовите чекори и се придружила и нејзината баба.

Се чини дека на споменатата забава не присуствувал актерот Џо Манганиело (44) за кого заносната американско-колумбиска дива се омажи во 2015 година.

- Среќна шеста годишнина од бракот, љубов моја! Уште многу години заедно! Те сакам – напишала Софија на Инстаграм во вторникот.

Двојката се свршила на Божиќ за време на романтичен одмор на Хаваи во 2014 година, само шест месеци откако Вергара раскинала со Ник Лоеб. Тие се венчале во 2015 година во Палм Бич, Флорида. Заедно немаат деца, а Софија е мајка на 27-годишниот син Манол, кој го доби со поранешниот сопруг Џо Гонзалес.

притисни ентер