Владата ќе ја разреши Афрона Верзиволи од главен ревизор на ИПА фондови

Од Владата велат дека сега најважно е вниманието да се насочи кон истрага за сомнежите за злоупотреби на ИПА Фондовите. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Давидовиќ: Мора да има излези во случај на итност

Ги гледам пропустите во институциите кои дозволуваат вакви настани да се одржуваат на несоодветни места.

Мора да има излези во случај на итнос, мора да има противпожарни апарати и лица задолжени да се грижат за безбедноста, вели за Канал 5 адвокатот Звонко Давидовиќ.

Старовиќ: Вторник ќе биде ден на жалост во Србија поради трагедијата во Кочани

Сочуство за големат трагедија во Кочани изразуват сите лидери од регионот и од Европа.

Србија најави дека најмалку што може да направи во овој момент како братскка земја е на утрешната седница Владата, на предлог на претседателот, Александар Вучиќ, ќе го прогласи вторник 18 март за Ден на жалост во Република Србија поради трагедијата во Македонија. Воедно на својот профил на социјалните мрежи Вучиќ објави дека тој остварил телефонски разговор со претседателаката Силјановска во кој изразил сочуство но и дека понудил а Македонија прифатила да се испрати како помош хликоптер и други медицинкси транспортни средства и лекарски тимови како и подготвеност во воено медицинкста академија во Белград да се примат дел од повредените.

-Понудив, во име на Србија, а претседателот на Северна Македонија прифати, да се испратат хеликоптери и други медицински транспортни возила, медицински тимови како помош, како и да се примат голем број од повредените во трагедијата во Кочани во болниците во Србија.

Медицински тимови кои се подготвени да помогант веќе се форморани и во соседна Бугари објави на социјалните медиуми тамошниот претседател Румен Радев

-Бугарија веќе предложи помош во форма на лекување на настраданите од пожарот. Наредив целосна подготвеност за прием во клиничките установи во градовите Софија и Варна. Бугарските воздухопловни сили се во состојба на готовноста за транспорт на оние на кои им е потребно лекување.

Од регионот од сите лидери пристигна сочуство за трагедијата. Грчкиот премиер Мицотакис преку платформата икс изрази искрено сочуство до народот во Македонија. На повредените им посака брзо закрепнување и напиша дека се подготвени да помогнат во ова тешко време а сочуство му изразил и шефот на грчката дипломатија Гераптридис во телефонски разгвор со првиот човек на македонското МНР Муцунски

Албанскиот претедател Бегај исто така објави дека изразува длабоко сочуство до семејствата кои ги загубиле најблиските а со свој пост се огласи и премиерот на Албанија Еди Рама кој покрај сочуството потенцираше дека земјата е подготвена да понуди било каква помош доколку е потребно.

Од регионот со свои постови на социјалните мрежи сочуство иразија и хрватскиот премиер Ангредј Пленковиќ, премиерот на Словенија Роберт Голоб, премерот на косово Албин Курти како и од членовите на претседателството на босна и херцеговина.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изрази соочуство до премиерот Мицкоски за трагичната несреќа во Кочани.

-Сакам да изразам најдлабоко сочувство до премиерот Христијан Мицкоски и македонскиот народ поради трагичниот пожар што избувна вчера во Кочани, напиша Орбан. Сочуство присигна и од претедателот на Украина Зеленски како и од целотодржавно раководство

-На повредените им посакувам брзо закрепнување. Украина ја споделува тагата со нашите македонски пријатели на овој тажен ден, напиша Зеленски

Европа тагува со вас на овој трагичен ден. Пристигнаа изрази на жалење од претсавници ан европската унија. На своите профили со неизмерна тага постови објавија претседателот на европскиот совет Антонио Коста, претседателката на европскиот парламент роберта мецола како и првиот човек на Светската здравсена организација Ханс Клуге кој напиша дека се подготвени да обезбедат медицинак и ментална здравстена поддршка.

Три лица со изгореници од пожарот во Кочани ќе бидат пренесени во болница во Солун

Информацијата ја потврдија и од Кризниот штаб при Министерството за здравство.

Три млади деца со изгореници, повредени во пожарот во дискотеката во Кочани ќе бидат пренесени во болницата Папаниколау во Солун, потврди во разговор со дописничката на МИА од Атина, претседателот на грчката федерација на вработени во државните болници Михалис Јанакос.

Според Јанакос, солунската болница располага со Одделение за изгореници со четири кревети, денеска биле испразнети три и очекуваат повредените да бидат пренесени во Солун и хоспитализирани во Папаниколау.

Информацијата ја потврдија и од Кризниот штаб при Министерството за здравство.

- Во тек се припремите. Иницијално тројца за Грција. Во тек е останатото организирање и тријажирање, велат од Кризниот штаб.

Претходно, министерот за здравство Арбен Таравари од Клиничката болница во Штип најави дека дваесетина најтешко повредени, ќе се лекуваат во странство.

притисни ентер