Владата ја проследи предлог-преговарачката рамка до Собранието на Македонија

 Владата денеска одлучи предлог-преговарачката рамка да ја проследи до Собранието на Република Македонија на разгледување и донесување понатамошни заклучоци, согласно процедурите на Собранието на Република Македонија.

Владата го токми францускиот предлог, билатералниот протокол и сите придружни документи од Брисел да ги испрати во Собранието, тврди вицепремиерот Артан Груби, според кој тоа е можно уште денеска.

Владата нема да одлучува за францускиот предлог, вели вицепремиерот, туку ќе чека Собранието да усвои заклучоци со кои ќе ја задолжи за следните активности за целиот пакет на документи. Груби тврди дека билатералниот протокол се уште не е усогласен, но не прецираше кога тој ќе биде објавен. Го повтори ставот на Владата дека протоколот со Бугарија не е содржан во францускиот предлог, а преговарачката рамка не задира во македонскиот идентитет и јазик.

-Најбрзо што е можно, сметам дека е можно и денеска. Ние како владејачко мнозинство сметаме дека сите документи којшто се доставени од Брисел и сите билатерални документи којшто се усогласуваат со Софија треба да се поднесат во Собранието кадешто парламентраните политички партии треба да отворат конструктивен дијалог и да одлучуваат по однос на сите тие документи и да ја заложат владата со заклучоци по однос на информацијата којашто ќе ја добијат да постапува. Во којшто заклучоци стрикно се забранува на оваа Влада или на било која идна Влада да донесе било каква одлука или да преговара по било какви основи за историските, јазичните културните и духовните особености на македонскиот народ, но и на другите заедници во Македонија, изјави Груби.

Пратеникот Антонијо Милошоски вели дека до овој момент ништо не е пристигнато во Собранието, а власта според него, го крие билатералниот протокол. Ги повтори шесте барања од ВМРО-ДПМНЕ за бришење на формулации во документите на предлогот. Милошоски најави дека тие ќе учествуваат во секоја дебата во Собранието, но доколку СДСМ и ДУИ не ги прифатат нивните забелешки за корекции на ФР предлог ,тогаш следна средба би немала смисла, вели Милошоски.

Засега не се знае дали и кога ќе продолжат средбите на парламентарните партии за францускиот предлог, откако вчерашната заврши без исход.

Митрески од Струга: Младите не смеат да бидат жртви на политичари без став и без визија

„Во Струга ги реновиравме буквално сите училишта и спортски сали и изградивме три нови сали. Го реконструиравме затворениот пливачки базен, тројно ја покачивме минималната плата. “

Ги дуплиравме странските инвестиции. Ги зголемивме пензиите за над 50%, ги покачивме платите во сите сектори. Но, тоа не е доволно. Поминавме и поминуваме сериозни економски последици од КОВИД кризата, но и од војната во Украина. Затоа ни е потребна ЕУ. За побрзо да ги донесеме европските стандарди дома“, порача Јован Митрески, носител на ИЕ 5 на СДСМ и Коалицијата за европска Македонија на вечерашниот собир во Струга.

Тој нагласи дека платите и пензиите ќе растат побрзо, инфраструктурно побрзо ќе се развиваме, туристичка сезона ќе има преку целата година, полесно ќе се развива езерскиот, планинскиот и руралниот туризам, само со поддршка на ЕУ.

Митрески додаде дека е лесно со шпекулаци да будиш најдлабоки чувства кај секој Македонец за мајчиниот македонски јазик, да зборуваш за македонскиот јазик како бугарски дијалект, а притоа да не гласаш за Договорот со ФРОНТЕКС, прв договор потпишан на македонски јазик со сите земји членки на ЕУ вклучувајќи ја и Бугарија.

„Лесно е само декларативно да велиш дека си за ЕУ, а да правиш се за да не станеш дел од ЕУ. Лесно е, ама не е чесно на граѓаните да им ја крадеш иднината за мали, ситни, бедни политички поени и борба за власт. Не вреди борбата за власт ако се загрози иднината на државата. Државата мора да оди напред. Не смееме да дозволиме младите да бидат жртва на политичари без став, без визија кои освен за својата фотелја и желба за власт не мислат на ништо друго“, нагласи Митрески и додаде дека изборот е или интеграција или изолација.

Тој ги повика стружани да се обединат и да не дозволат да се вратат оние кои ја доведоа Македонија до бездна и од неа направија заробена држава.

„Да застанеме сите обединето и сложно зад планот за европска Македонија. Да застанаме сите обединето и сложно зад бројот 1.Заедно и сложно да постигнеме уште една победа за европска Македонија“,се наведува во партиското соопштение.

Одбива да плати казна за сообраќаен прекршок, зашто била напишана на македонски јазик (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци се обидуваат да излезат на крај со човек кој одбива да зборува македонски и постојано инсистира комуникацијата да се одвива на албански јазик, објави ТВ Стар.

„Тој не сака да ја прими казната за направен сообраќаен прекршок, затоа што таа била напишана само на македонски јазик.

Според објавите на Икс, најверојатно станува збор за активист на политичка партија,кој со својот мобилен телефон ја снима целата ситуација.

– Ти си македонски државјанин, мора да знаеш македонски јазик, не си странски државјанин – на културен начин и со смирен тон му вели еден од полицајците и му ја подава казната.

Најголем дел од корисниците на социјалните мрежи упатуваат поддршка до полицајците, кои, според нив, професионално си ја завршиле својата работа“, објави телевизијата.

Скокнал од опасна карпа во море, но згрешил во проценката (Вознемирувачко видео)

На социјалните мрежи кружи застрашувачка снимка од несреќата во Тенерифе кога е повреден 40-годишен турист, најверојатно Британец.

Решил да скокне од високите карпи во море, но погрешно проценил и се забил во острите карпи. По ударот паднал во вода.

По несреќата, очевидци скокнале во водата за да му помогнат на човекот, а спасувачите биле повикани на местото на настанот.

Инцидентот се случил во понеделникот, околу 14 часот, во близина на пештерата Чарко Ел Танкон на северот на Тенерифе.

На ова место животот го загубија неколку туристи, а пристапот инаку е забранет, пренесува Експрес.

Како што е познато, лекарите констатирале сериозни повреди на долните екстремитети, а моменталната состојба на мажот не е позната.

притисни ентер