Владата ги објави протоколите за упис во градинките,во прво одделение и во средно образование

В понеделник под строги правила стартуваат усписите на новите првачиња

Првооделенците со еден родител пред да влезат во училиштето ќе треба да ги дезинфицираат обувките и рацете. Задолжително е носењето на маски и ракавици.

Во просторијата каде ќе се одвива испрашувањето ќе може да присуствуваат само Комисијата и еден родител, а на маса задолжително треба да има средство за дезинфекција. Разговорот ќе се одвива на растојание од 2 метри, просторијата често ќе се проветрува, а помеѓу разговорите ќе се прави пауза од 20 минути, а за тоа време просторијата ќе треба да се исчисти и дезинфицира.

Задолжително носење заштитна опрема и вршење дезинфекција на рацете и обувките се дел од протоколите и при прием на децата во градинките, за упис на средношколци како и полагање на испитите на студентите..

Уписот на средношколците ќе се одвива од 7 наутро до 7 попладне. Дозволен е влез само на 1 до 6 ученици. Идните средношколци документите ќе ги доставуваат сами во училиштето без присуство на родител. Училиштата ќе треба да обезбедат редари кои ќе се грижат да се запази потребното растојание од 2 метри.

Студентите пак кои ќе полагаат писмено ќе седат во просторија на растојание од 2 метри, а доколку испитот е усен – задолжителна ќе биде пауза од 20 минути од еден до испирашување на друг студент. Просториите редовно ќе се проветруваат, чистат и дезинфицираат.

Истите протоколи ќе важат и за полагањата на приемните испити во математичко-информатичките гимназии.

Градинките ќе треба и темелно да се дезинфицираат пред отворање, при прием - да има пауза од 10 минути помеѓу различните воспитни групи.

Децата до 2 години ќе може да бидат по максимум 6 во група, додека оние од 3 до 10 години по максимум 15 деца, а родителите задолжително ќе треба да прикажат потврда дека работните задачи ги извршуваат единствено на работното место, без можност за работа од дома.

Воспитните групи за деца до 2 годишна возраст да имаат максимум по 6 деца и двајца вработени во смена.

Воспитните групи за деца од З до 10 годишна возраст да имаат максимум по 15 деца и двајца вработени во смена.

Секој родител да достави лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на своето дете.

Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда преговори за примирје во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда разговори во Катар и Египет, чија цел е да се постигне примирје во Газа, соопшти денеска израелската Влада.

„Бенјамин Нетанјаху се сретна со директорот на Мосад (надворешното разузнавање на Израел) и директорот на Шин Бет (внатрешно разузнавање) и одобри продолжување на новата рунда разговори во наредните денови во Доха и Каиро“, се вели во владиното соопштение.

Уапсен е полицаец кој споделувал информации од истрагата за исчезнатата Данка (2)

Полицаец од полициската управа во Бор е уапсен поради давање информации за исчезнатата Данка Илиќ (2), соопштија за „Телеграф.рс“.

Не се знае кому дал информации од истрагата.

Тој не го поминал полиграфот.

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа.

Данка Илиќ исчезнала на 26 март годинава, а нејзината мајка го пријавила исчезнувањето во 13 часот и 45 минути.

Данка се уште не е пронајдена, а МУП бара да не се шират лажни информации.

Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче, се уште е во полиција во Бор, објави Телеграф.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

Азески со порака до сите политички партии – позициите на комората се јасни.

Продолжуваат партиските консултации со бизнис заедницата во земјава за нивните предизборни програми, по ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ, и лидерот на Социјал демократите, Димитар Ковечвски оствари средбaсо првиот човек на Стопанската комора, Бранко Азески.

Нови мерки и политики, повисока минимална и просечна плата, економски раст, повеќе инвестиции, отворање нови работни места, унапредување на севкупните економски односи во државата – се само дел од мерките зацртани во програмата на СДСМ кои денеска беа презентирани и пред бизнисот.

Азески со порака до сите политички партии – позициите на комората се јасни.

Дополнително Азески се осврна и на законот за забрана на нефертрговски практики и листата на производи кои треба од есен да поевтинат. Според претседателот на Комората листа не треба да има, но вели нема да ја кочат примената на новото законско решение.

Изминативе денови претставници на политичките партии остварија повеќе работни средби со коморите во земјава, а очекувањата на бизнисот се дека тие ќе продолжат и во иднина, со цел да се чуе и нивниот став.

притисни ентер