Владатa ги донесе протоколите за запишување и за приемните и другите испити во училиштата и на факултетите

Владата ги донесе протоколите за запишување и за приемните и другите испити во прво одделение во основните училишта, во средните училишта, во Математичко-информатичката гимназија и на високообразованите институции, усвоен е и протоколот за градинкитe.

Владата на денешната 58-ма седница ги разгледа и ги усвои Протоколот за утврдување на процедурата за запишување на ученици во прво одделение во основните училишта, Протоколот за постапување на средните училишта за време на запишувањето на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година, Протоколот за постапување на Математичко-информатичката гимназија за време на полагање на приемниот испит на учениците во учебната 2020/2021 година, како и Протокол за утврдување и постапување на јавните и приватните високообразовни установи, односно единиците во состав, за изведување на испитите.

На оваа своја седница на предлог на Министерството за труд и социјална политика е усвоен Протокол за активности во установите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст по укинување на вонредната состојба, изработен во соработка со Комисијата за заразни болести.

Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца во градинките ги определува постапките и обврските на установите за згрижување деца од предшколска возраст, на воспитно-згрижувачкиот кадар и на родителите.

На денешната седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на парични права од социјална заштита за мај 2020 година и го задолжи Министерството за труд и социјална политика да ги достави податоците за корисниците на социјална заштита до деловните банки најдоцна до 01.06.2020 година, со препорака до деловните банки да обезбедат достапност на средствата од мајските исплати на паричните права од социјална заштита преку банкомати и во трговските мрежи од 02.06.2020 година.

Владата денеска ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време на вонредна состојба со што се овозможи јавните здравствени установи на секундарно и на терцијарно ниво, кои имаат услови во однос на просторот, опремата и кадарот, да вршат здравствени услуги од областа на молекуларната дијагностика во мрежата на здравствени установи со цел зголемување на капацитетите за давање на вакви услуги во услови на спроведување на мерките за спречување на појава, рано откривање, спречување на ширењето и сузбивањето на коронавирус КОВИД-19.

Денеска е дополнета и Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствено осигурување за време на вонредна состојба, со што и шест месеци по престанокот на вонредната состојба се уредува можноста пропишување и издавање на лекови без хартиен образец на рецепт, односно можност за електронско пропишување на лекови од Листата на лекови.

Воедно, со овие измени и дополнувања се предвидува ослободување од партиципација на осигурениците при користење на здравствените услуги поврзани со дијагностицирање и лекување на Коронавирусот и за овие одредби се предвидува примена со повратно дејство од 26.02.2020 година, бидејќи е поповолно за граѓаните, а согласно членот 52 од Уставот.

Со предлог Уредбата се предвидува и правото на лекување од КОВИД-19 на државјаните на соседните земји со кои Македонија нема склучено или преземено Договор за социјално осигурување, а се затекнати на територијата на Македонија.

На оваа седница Владата ја усвои информацијата за заклучокот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести на барање на Министерството за труд и социјална политика, според која хронично болните лица и родителите кои што имаат деца до 10-годишна возраст или активно четврто одделение, потоа бремените жени, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои што ја користат услугата дневен центар, како и лицата кои што на работа одат со придружба-потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, кои што претходно беа ослободени, остануваат безусловно и понатаму ослободени од работа, со можност, доколку е тоа остварливо да ги извршуваат работните задачи од дома.

На денешната седница, Владата ја донесе Уредбата со законска сила за задолжување на Македонија кај Европската Унија преку инструментот Макро–финансиска поддршка за справување со последиците предизвикани од КОВИД-19 пандемијата за време на вонредна состојба.

Со инструментот Mакро–финансиска поддршка за справување со последиците предизвикани од КОВИД-19 пандемијата на Европската Унија, на Македонија и се одобрени 160 милиони евра за враќањето на одржлива надворешна финансиска состојба и за поттикнување на економските прилагодувања, структурните реформи и преземање соодветни мерки како одговор на економската криза предизвикана од КОВИД-19.

На оваа седница е донесена Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за формирање Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 со која се опфатени сите радиодифузери во земјата за надомест на трошоци за 2020 година кон операторот на дигиталниот терестријален мултиплекс за дозволата за емитување согласно Законот за електронски комуникации, како ублажување на економските последици предизвикани од коронавирусот.

Владата денеска донесе и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредната состојба, согласно која кабелските операторите се должни до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да достават пријави за регистрација на странските радиодифузери кои ги реемитуваат во рок од 60 дена од денот на нивното донесување.

На денешната седница се донесени измени на Уредбата со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба, согласно кои за патниците и персоналот во возилата се предвидува задолжително носење маски и дезинфицирање на возилата, како и максимална искористеност до 50% од капацитетот за патници во возилата.

Денеска е донесена и Уредба со законска сила за примена на Законот за вршење на сметководствени работи за време на вонредна состојба со која на сметководителите односно овластените сметководители кои започнале со посета на континуирано професионално усовршување во 2017 година, им се дава можност обврската за посета на обуката од 60 односно 90 часови да ја исполнат во период од 200 дена по престанокот на вонредната состојба, за да се избегне можноста оние кои не го оствариле законскиот број на часови да бидат избришани во траење од 3 години од соодветните регистри на Институтот, а со тоа и да го изгубат правото за вршење на сметководствени работи во тој период.

Истовремено, со овој член се утврдува дека обврската за посета на обука за континуирано професионално усовршување од најмалку 10 часа во текот на една година за сметководител, односно од најмалку 20 часа за овластен сметководител да не се однесува за сметководителите односно овластените сметководители кои обуката за континуирано професионално усовршување ја започнале во 2018 и 2019 година.

Владата денеска ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за да се овозможи зајакнување на сигурноста и одржливоста при поддршката на компаниите кои претрпеле штети во своето работење заради спроведување на мерките за спречување на внесување и ширење на Коронавирусот КОВИД-19 усвоени од страна на Владата. Со истата се пропишува даночниот орган да не издава решенија за присилна наплата кон даночните обврзници за даночните долгови кои се доспеани во месеците мај и јуни како и за останатите даночни долгови за кои не е поведена постапка за присилна наплата до моментот на влегување во сила на оваа уредба со законска сила.

На оваа седница е изменета и дополнета Уредбата со законска сила за примена на Законот за стечај за време на вонредна состојба, со која се регулира примената на Законот за стечај за време на траењето на вонредната состојба, при што е уредено дека наместо да важи три месеци по престанувањето на вонредната состојба, истата да се применува до 30 јуни 2020 година.

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

притисни ентер