Владата бара раскинување на менаџерскиот договор на директорот на „Водостопанство“

Владата на последната седница го задолжи Управниот одбор на АД „Водостопанство“ да го раскине менаџерскиот договор со директорот, Локман Лимани и наложи надоместоците за членовите на Управниот одбор да се намалат за 50% во следните 12 месеци.

Ова според соопштението е заклучокот од владината седница на која што се разгледуваше прашањето за акционерското друштво кое е во долгови и чии вработени излегоа на протест да си ги бараат платите.

Од Локамни не добивме коментар на оваа владина одлука туку само информација дека се работи за препораки за раскинување на менаџерски договори и склучување на нови според препораки на министерството за финансии.

Претходно министерто за земјоделство Николовски за неисплатените веќе 4 плати и придонеси на државното Водостопанство се прогласи ненадлежен и остави со ова да се занимава Владата со појасснување дека од пред 4 години имаме добиено 3 милиони европски пари за проект кој треба да го врати стариот модел на управување со водоснабдувањето - локално преку водни заедници.

Во изминатиов месец протести за неисплатените плати и придонеси протести имаа речиси сите водостопански претпријатија кои својата работа на терен ја вршат, имаат и наплата на воден надомест а парите од централата не стигнуваат за плата.

Прстот за лошото менаџирања на Лимани го вперија и кочанските оризопроизводители за неплатените семтки за струја на водостопанство брегалница, тиквешките лозари остануваа без вода по каналите и со намалени приноси заради откажаните ремонти на пумпите во село Марена, а чашата се прелеа кога од ССМ во чиј склоп е агро синдикатот најавија дека ќе побараат предстечајна постапка за државното водостопанство.

За скандали поврзани со работењето на кадарот на Алијанса Лимани обвинија претходно и левица кои обвинуваа дека тој се луксузира а Вмро дпмне објави дека механизацијата на ова претпијатие се давала под закуп на прватни фирми по нереално ниски цени во исто време кога се откажувале барања за чистење на речни корита заради недостиг од механзиација.

Пијан Германец возел 12 километри во спротивна насока на автопат

Германската полиција во четвртокот вечерта запрела пијан возач кој возел во спротивна насока на автопатот во сојузната покраина Хесен повеќе од 12 километри.

Полицијата извести дека блокираната раскрсница Манхајм-Санхофен го навела 52-годишниот маж да погреши и да вози во спротивна насока.

Возачот бил запрен откако возел повеќе од 12 километри во правец на Франкфурт. За среќа, не предизвикал сообраќајна несреќа или инцидент. Од полицијата објаснија дека возачот згрешил бидејќи бил во алкохолизирана состојба, што било утврдено со земање крв.

Веднаш му била одземена возачката дозвола и против него е покрената кривична постапка. Очевидците се замолуваат да контактираат со полицијата, која ги следи сообраќајните услови во јужен Хесен.

Српски навивачи дивееле низ Виена со антиалбански пароли (ВИДЕО)

Навивачите на српската репрезентација синоќа маршираа низ главниот град на Австрија и извикуваа „Убиј, коли, додека Шиптар не постои“.

На социјалните мрежи се прошири видеото од српските навивачи како шетаат низ Виена по натпреварот меѓу Србија и Швајцарија на Светското првенство во Катар, на кој што Србија беше елиминирана од натпреварувањето.

Да потсетиме, синоќешниот натпревар во Катар не го одбележа само елиминацијата на Србија од Мундијалот, туку и вербалните и физички пресметки меѓу српската репрезентација и швајцарските репрезентативци со албанско потекло.

Украински гувернер: Ослободивме 13 населени места на истокот

Украинската армија ослободи 13 населени места во областа Луганск, најисточниот регион на Украина, изјави денеска шефот на регионалната администрација на мнозинскиот окупиран регион, Серхи Хајдај.

Гувернерот на Луганск наведува дека руските сили се уште ги гаѓаат ослободените села со артилерија. Најави и дека идната недела медицински екипи треба да ги посетат ослободените села, а властите организираат собирање огревно дрво за жителите, објави Хајдај на апликацијата Телеграм.

Оваа информација не е независно потврдена.

притисни ентер