Влада:Владата ќе продолжи да „претерува“ со почитувањето и обезбедувањето на работничките права

​Владата на  Македонија го почитува основното право на синдикалното организирање и правото на протест, вклучително и вчерашниот протест на Конфедерацијата на слободни синдикати.

Но, Владата смета дека јавноста треба да знае дека ништо од она што е изнесено за време на протестот, а и во медиумските настапи на дел од синдикалното лидерство ниту најмалку не одговара на реалноста и на мерките и политиките што актуелната Влада ги донесе и ги спроведува во интерес на работниците.

Во сите мерки на Владата за ублажување и за елиминирање на социјално-економските последици од пандемијата, на прво место без исклучок беа работниците и зачувувањето на работните места.

Оваа Влада уште во 2017 година на сосема нови и партнерски основи го постави социјалниот дијалог, а во текот на справувањето со КОВИД-19 пандемијата покажавме дека можеме и да го надградиме: за сите одлуки коишто ги засегаат работничките права од самиот почеток се консултираат сите чинители, стопанството, синдикатите, граѓаните.

За неполни четири години минималната плата од 9.000 денари достигна повеќе од 15.000 денари и нема сектор во кој работниците земаат плата под минималната како што беше пред 2017 година. Тоа е повеќе од 6.000 денари месечно по лице или дури 72.000 денари повеќе за секој работник на годишно ниво.

Воспоставивме систем според кој минималната плата редовно ќе расте согласно економските позитивни текови. Тоа ниту една претходна влада не го направила.

Во основното и средното образование платите се зголемени за 2.100 денари, а во високото за 3.200 денари.

Со предложените измени ќе им биде трансформиран работниот однос од определено на неопределено време на околу 3.000 наставници во основните и средните училишта.

Претходно, наставниците и стручните соработници беа неколку пати вработувани на јавни огласи на определено време, пред да ги исполнат условите за трансформација на работниот однос. Стравуваа дали ќе им се продолжи работниот однос секоја наредна учебна година.

Во одбраната, примањата на еден професионален војник пред 2017 година беа околу 20.000 денари, а сега со двете покачувања на платите од вкупно 16 проценти и доделувањето на надоместокот за закупнина од околу 8.000 денари, месечните примања се над 30.000 денари.

Основната плата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23% на медицинските сестри на клиниките. На општите лекари за 25%, а на здравствени соработници за 15%.

Социјалните работници денес добиваат плата повисока во просек за 6.700 денари во однос на 2015 година, а платата на воспитувачките во споредба со истиот период е зголемена за скоро 5.000 денари

Во земјоделството како гранка, освен што ја изедначивме минималната плата во овој сектор како и кај сите останати, платите се зголемени за 4.600 денари.

Преку субвенционирањето на придонесите на фирмите за зголемувањето на платите на работниците до 6.000 денари, околу 200.000 вработени во реалниот сектор добија поголеми плати.

Историската неправда кон стечајните работници се реши за околу 12.000 лица кои добиваат месечен надоместок од 8.000 денари до нивното пензионирање, а се планира и нов Закон кој ќе опфати дополнителни лица од оваа категорија на граѓани.

Економско-социјалниот совет е отворен дури и за оние синдикати кои не се репрезентативни. Дури и Конфедерацијата на слободни синдикати не е репрезентативен синдикат, а сепак е вклучена во работата на трипартитниот Економско-социјален совет.

Конфедерацијата на слободни синдикати е дел од работната група во отворениот и инклузивен процес на креирање на новиот текст на Предлог-законот за работните односи и тоа е вистинското место за да ги искажат и да се залагаат за своите ставови со аргументи.

Недела ќе биде неработен ден, а оние работници кои ќе работат во недела поради неможноста да се прекинат технолошко-производствените процеси и услуги, ќе добијат гарантирано зголемена дневница – нешто што претходно многу ретко се почитувало, а сега тоа ќе биде ставено во самиот Закон за работните односи и ќе мора да се спроведува.

Не е вистина дека откази се делат на синдикални лидери. Тоа го правеше Владата предводена од 11-годишниот режим, а денес доколку некој прекрши законски одредби кои ги штитат работниците ќе одговара пред пред судот на правдата.

Во таа насока ако пораката на Конфедерацијата на слободни синдикати порачува дека се претерало, тогаш – да, оваа Влада ќе продолжи да „претерува" со почитувањето и обезбедувањето на работничките права и со социјално-економска поддршка на работниците, стои во соопштението од Владата.

Новороденче, кое било прогласено за мртво, се разбудило на погребот- семејството верува во чудо

Бебе кое било прогласено за мртво набргу по раѓањето, е префрлено назад во болница во Парагвај откако добила знаци на живот за време на нејзиниот погреб.

Нејзините блиски кои се потресени од сѐ, изјавија дека не исклучуваат „Божја интервенција“, пренесува El Tiempo.

Девојчето е родено околу пладне во петокот со царски рез, откако нејзината 21-годишна мајка имала компликации во седмиот месец од бременоста.

Но, бебето било прогласено за мртво и предадено на семејството заедно со потврдата за смрт.

Таткото на бебето, Игнасио Медина, изјавил за локалната телевизија Телефутуро дека телото на бебето го добил „целосно виолетово“.

Семејството, кое веќе претрпело загуба на уште едно бебе од оваа двојка, наместо да слави, отишле на погребот во Минго Гуазу, место на околу 20 километри од Сиудад дел Есте, главниот град на департманот Алто Парана, кој граничи со Аргентина и Бразил.

„Ја однесовме кај мајка ми и таму ја гледавме“, рече Медина.

Тој рече дека непосредно пред да заминат на гробиштата, еден од неговите чичковци забележал дека бебето мрда со главата и ги известил присутните.

„Потоа отидовме да ја провериме и срцето ѝ чукаше“, додал таткото кој веднаш го однел бебето во болница.

Кога таткото на бебето го прашал што се случило, директорот на Регионалната болница во Сиудад дел Есте, Федерико Шредел, не ја исклучил можноста дека се работело за катаплексија.

„Поради состојбата со предвремено раѓање, тоа може да се случи, практично пациентот останува без знаци на живот“, додаде специјалистот и предупреди дека ваков случај може да се случи еднаш на секои пет милиони раѓања.

Исто така, Пабло Лемир, директор на судска медицина на Министерството за правда во Парагвај, исто така објасни дека тоа може да биде катаплексија или синдром на „очигледна смрт“.

„Нема чукање на срцето, нема дишење, телото е опуштено, бледо, станува сино или виолетово и обично се решава спонтано и необјасниво“, изјави тој за парагвајскиот медиум ABC Colors.

Според експертот, бебето било родено предвреме и тоа ги исклучило опциите за лекарите.

„Во 26-та недела од бременоста и со таа тежина, белите дробови не се подготвени да бидат надвор од матката, ниту пак нервниот систем е правилно развиен“, рече тој.

Од друга страна, роднините не исклучуваат „божествена интервенција“ и тврдат дека девојчето, сепак со резервирани прогнози, ќе се вика Милагрос де Жезус, што во превод значи „Чудо Исусово“.

Момче падна од 40 метри висок гребен во Италија- пријателите немоќно гледале (ВИДЕО)

Момче (14) од Арика, Италија, доживеа трагична судбина кога со другарите го посети езерото Неми, не сфаќајќи дека ќе падне од дрво по стрмна карпа од 40 метри и ќе загине.

Тој наводно се одвоил од својата група пријатели и се обидел да стигне до највисоката точка на Виа Перино, но гранката од дрвото на која се качувал се скршила и момчето се превртело врз карпата, објави Мирор.

Тинејџерот паѓал над 30 метри, а неговите пријатели беспомошно гледале и веднаш го вклучиле алармот.

Пожарникарите од Неми и карабинерите веднаш пристигнале на местото на настанот, но не можеле ништо да му направат на момчето, освен да констатираат смрт.

Телото е пренесено во болницата Кастели во Арикио, а потоа во Институтот за судска медицина во Рим.

Брутално убиство во Њујорк: Во фрижидер е пронајдена отсечена човечка глава и делови на тело

Маж од Њујорк е обвинет за убиство откако во фрижидерот на неговиот стан во Бруклин биле пронајдени човечка глава и делови од телото, соопшти денеска полицијата.

Николас Мекги (45) е уапсен во четвртокот попладне и обвинет за грабеж, криење на човечко тело и компромитирачки докази, соопшти њујоршката полиција, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Посмртните останки на 40-годишниот Кошин Гелцер биле пронајдени на 22 јануари во станот што Мекги го делел со Хедер Стајнс (45), која исто така е уапсена за криење на човечки труп.

Полицајците рекоа дека одговориле на повикот од станот и пронашле повеќе црни кеси со делови од тело во фрижидерот и замрзнувачот.

Според кривичната пријава, лекарите подоцна го идентификувале Гелцер преку отпечатоци од прсти.

Полицијата денеска не соопшти повеќе детали за случајот, ниту пак како и кога е убиен Гелцер.

притисни ентер