Влада: Трошоците за СЈО се за стручните служби и за комуналии до престанокот на постоење на ова обвинителство, подобро е да се платат на време отколку по судски пат со камати

Владата на 2 април 2020 година донесе уредба со законска сила со која се регулираат определени отворени прашања кои се однесуваат на СЈО, реагираат од Владата.

Владата на 2 април 2020 година донесе уредба со законска сила со која се регулираат определени отворени прашања кои се однесуваат на СЈО, а за кои во моментов постои правна празнина бидејќи новиот Закон за јавно обвинителство сè уште не е стапен во сила.

Уредбата со законска сила ги регулира прашањата согласно новиот Законот за јавно обвинителство којшто ќе почне да се применува на 30 јуни 2020 година, кога СЈО ќе престане да постои, а до тогаш државата мора да надмине одредени правни состојби.

Потсетуваме дека сите јавни обвинители од СЈО се вратени во матичните обвинителства од кои дошле. Во СЈО има вработени стручни служби, како јавнообвинителски службеници и помошно-технички персонал, кои имаат важечки договори за вработување кои произведуваат правни последици.

Исто така, постојат комунални трошоци за зградата во која е сместено СЈО. Сите овие трошоци, дали се за плати за стручните служби или за комуналии, се засновани врз важечки и валидни договори и истите мора да бидат подмирени.

Граѓаните треба да знаат дека доколку државата си дозволи овие трошоци да бидат наплатени по судски пат, во тој случај средствата кои би биле платени од Буџетот би биле многу поголеми заради каматите, судските и адвокатските трошоци.

Владата оцени дека порационална опција е обврската која во секој случај ќе биде платена од Буџетот, да биде платена надвор од судска постапка и со помало чинење за Буџетот.

Ја информираме јавноста дека никако не станува збор за зафаќање нови или дополнителни средства, туку се работи за веќе планирани средства кои се однесуваат само на платите на стручните служби и на тековните комунални трошоци, а не и за обвинителите кои веќе се прераспределени во други обвинителства каде остваруваат плата.

Исто така, со оглед на тоа што за овие лица кои се вработени во СЈО, немаше овластен потписник, истите не можеа да го остварат ниту правото на прекин на работниот однос, ниту пак да се вратат во институциите од кои беа превемени. Со оваа уредба се овозможува Јавниот обвинител а да може да одлучува за правата од работен однос за овие лица.

И на крајот, со оваа уредба дадена е можност истражителите да бидат распределени во други јавни обвинителства или вратени во МВР или во други институции во кои се вработени со цел нивно продуктивно ангажирање.

Битолскиот театар на меѓународен фестивал во Рума, Србија

Актерите на НУ Народен театар-Битола, Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов вечер во Рума, Србија на тамошниот меѓународен театарски фестивал ќе ја одиграат претставата „Кислород“ во режија на Иван Јерчиќ.

Фестивалот е со натпреварувачки карактер и освен македонските актери во конкуренција се и актери на театри од Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и домаќинот Србија.

Театарската претстава „Кислород“ е фокусирана на проблемите во животот, потребата на човекот да живее, или како што велат битолските актери, да се живее живот полн со љубов, среќа, емпатија и солидарност.

Претставата „Кислород“ почнува во 21 часот и ќе се одигра на сцената на Градски театар во Рума. /МИА

Бајден со помош на Обама и Клинтон собра рекордни 25 милиони долари за својата кампања

 Кампањата за собирање средства за американскиот претседател Џо Бајден со поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон генерира над 25 милиони долари, најголема собрана сума досега во историјата на САД.

Бајден синолќа со Обама и Клинтон учествуваше во дискусија во познатата њујоршка „Радио сити мјузикл хол“, модерирана од водителот на „Лејт шоу“ (The Late Show) Стивен Колбер.

Но, настанот неколку пати беше прекинуван од демонстрантите во салата, кои скандираа против политиката на Бајден за поддршка на Израел во војната со Хамас. Еден од демонстрантите извика „Срам да ти е, Џо Бајден“. Тие исто така го прекинуваа и говорот на Обама.

Демонстрантите го прекинаа и настапот на музичарите Квин Латифа, Лизо, Бен Плат, Синтија Ериво и Леа Микеле.

Влезниците за вчерашниот предизборен митинг на Бајден чинеа од 250.000 и 500.000 долари. Дел од донаторите позираа со претседателите, а фотографиите ги направи славната фотографка Ени Лејбовиц. /МИА

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел, се откажав од надомест

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки, вели Петровска.

Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста. Ова го објави предмалку министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил.

- Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки. Како што кажав и на почетокот во медиумите: "Пари од нечесник не сакам" и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест, напиша Петровска.

На ФБ министерката за одбрана напиша дека секој го прави тоа што најдобро го знае, „тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“.

притисни ентер