Влада: Производството на струја се зголемува и во јануари има и продажба на ноќни вишоци

На денешната прес-конференција на портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа и соработникот за енергетика, Виктор Андонов, беа презентирани најновите информации за енергетската состојба во земјата .

На денешната прес-конференција на портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа и соработникот за енергетика, Виктор Андонов, беа презентирани најновите информации за енергетската состојба во земјата и одлуките од вчерашната 121 владина седница.

„Пред крајот на месец јануари, а во пикот на грејната сезона успеавме со добро менаџирање на работата на енергетските објекти за производство на електрична енергија 100% да ги задоволиме потребите на регулираниот пазар за домаќинствата и малите потрошувачи, како и објектите од виталната државна инфраструктура. Согласно законските обврски за 2023 година, ЕСМ имаат обврска само 50% да го снабдуваат регулираниот пазар со произведената електрична енергија од нивните капацитети, но за полесно справување со кризата Владата му даде обврска на ЕСМ да го зголеми своето производство и 100% да го снабдува регулираниот пазар, односно домаќинствата и малите потрошувачи“, рече соработникот за енергетика, Андонов.

Соработникот Андонов додаде дека за полесно справување со кризата и намалување на инфлаторните движења на цените на основните прехранбени производи, Владата го задолжи ЕСМ да обезбеди електрична енергија по фиксни и субвенционирани цени, пониски од пазарните.

Во месец јануари, ЕСМ целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи од сопствено производство, додека во поголемиот дел од месецот, и дополнителните снабдувања за таргетираните сектори исто така беа обезбедени од сопственото производство на ЕСМ, без притоа да се направат дополнителни набавки. Ова е резултат, на заложбите на Владата, да се стават во функција сите расположливи енергетски капацитети, и после долг временски период, сите расположливи капацитети, вклучувајќи го и ТЕЦ Неготино беа вклучени во мрежа во текот на месец јануари. Постигнати се клучните цели што си ги постави Владата, цената на електричната енергија за најголемиот дел од домаќинствата не е зголемена, додека за малите потрошувачи е намалена за околу 20 проценти, додека домашното производство се зголемува и е стабилизирано во услови на европска енергетска криза“, истакна Андонов.

Тој рече дека во месец јануари бележиме производство и извоз на ноќни вишоци на електрична енергија и потенцираше дека од почетокот на годината произведени и продадени се вкупно 3.390 MWh ноќни вишоци на електрична енергија од кои 1.140 Mwh по цена од 103 евра за мегават час и 2.540 Мwh по цена од 98 евра по мегават час.

„Енергетскиот дневен биланс за ден 24 јануари, покажува дека вкупното домашно производство на електрична енергија изнесува 16.579 Мwh електрична енергија, од кои 11.325 Mwh се од термоелектрани, а 5.254 MWh се од обновливи извори. Со ова производство на електрична енергија 100% се задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти“, соопшти Андонов.

Воедно тој констатираше дека електро-енергетскиот систем во државата е стабилен и функционален и во периодот што следува заради најавени врнежи на снег и постудено време, рече дека состојбата будно ќе се следи и навремено ќе се носат соодветни мерки, а јавноста за истото ќе биде навремено информирана.

Портпаролот Арсовски информираше за Планот за воспоставување Национален електронски идентитет за секој граѓанин што беше разгледан и усвоен на вчерашната седница на Владата, заедно со План за реализација.

Тој рече дека проектот овозможува две основни функционалности, електронска идентификација и електронски потпис, со можност понатаму да бидат проширени и треба да се користи во сите деловни процеси и трансакции кои користат електронски услуги без разлика дали тие се услуги од јавниот сектор, приватниот сектор, интеракции помеѓу поединци или претставуваат склучување договори помеѓу неколку физички лица.

„Овој проект го сметаме за носечки столб за дигиталната трансформација на општеството, со тоа што ќе овозможува унифициран пристап за користење на електронските услуги и размената на податоци, како во државата така и надвор од неа“, истакна портпаролот Арсовски.

Портпаролот Хоџа информираше за Програмата за работа на Владата за 2023 година, која беше усвоена на последната седница.

„Главните цели и приоритетите на оваа програма се: Обезбедување забрзан, одржлив и инклузивен економски раст, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните, успешно водење на пристапните преговори со Европската Унија, унапредување на енергетската транзиција, инвестирање во енергетска ефикасност и зелен развој, намалување на аерозагадувањето и влијанието на климатските промени, справување со последиците од светската пандемија предизвикана од КОВИД-19 и други кризи, унапредување на одбранбената политика во функција на развојот, независноста, територијалниот интегритет, безбедноста на граѓаните и колективната безбедност, целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор, градење на граѓанска држава со етничка и социјална кохезија, врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување, обезбедување на владеење на правото и независност на правосудството, подигнување на квалитетот на образованието достапно за сите, развој и унапредување на културата и спортот, како и професионална и ефикасна јавна администрација“, истакна портпаролот Хоџа, се наведува во соопштението од Владата.

Го фатила сопругот со швалерка па направила хаос, такво дивеење не е видено (ВИДЕО)

Жителите на Нижни Новгород во Русија биле сведоци на луда сцена која љубоморна жена ја приредила на паркингот пред нивната зграда.

Како што вчера информираа од полицијата, пијана 38-годишна жена со „шевролет“ на 31 јануари намерно налетала на 39-годишен маж, по што неколку пати со клоци ја удрила жртвата. Покрај тоа, удрила уште еден маж и со својот автомобил оштетила седум паркирани автомобили.

На снимката објавена на Телеграм се гледа како вознемирена жена удира во паркирана Тојота, го скинува предниот браник, ги крши ретровизорите, а потоа се качува на покривот и скока на автомобилот. Заминала викајќи нешто, а потоа влегла во својот автомобил и почнала да удира во Тојотата и другите автомобили.

На едно видео се гледаат другите учесници во конфликтот: поголем маж удира помал маж и две жени кои се обидуваат да ги разделат, а бесната 38-годишна жена исто така е прикажана како вози во рикверц, прегазувајќи ги нозете на еден од мажите, соборувајќи го другиот и тој паѓа на земја, губејќи свест.

Во обид уште еднаш да го прегази, била сопрена од девојка во лесна облека. Жртвата била одвлечена поблиску до автомобил паркиран во близина, а пијаниот возач продолжил да ја уништува Тојотата. После тоа, таа излегла од автомобилот и неколку пати го удрила мажот кој се уште лежел на тротоарот.

Според првичните податоци од Истражната комисија, на 39-годишната жртва ѝ бил скршен скочниот зглоб, додека другиот не е повреден. Против жената возач е поведена кривична постапка за убиство во обид како и за возење во пијана состојба.

Причината за нејзината агресија била наводно љубомора. Имено, се тврди дека претепаниот маж е нејзиниот сопруг кого го пронашла во автомобилот со љубовницата.

Мадона танцува на песната „Wednesday dance“, фановите шокирани: Знаеш ли што правиш? (ВИДЕО)

Кралицата на поп музиката, Мадона на својот профил на TikTok објави видео на кое се обидува да танцува, во свој стил, се разбира, популарниот танц од серијата Нетфликс, но нејзините обожаватели и следбеници не се многу ентузијасти.

Како прво, на многумина не им беше јасно зошто Мадона танцува на песната на Лејди Гага, Bloody Mary, кога е општо познато дека тие двете долги години не се во добри односи. Некои од нејзините следбеници едноставно беа разочарани од нејзиниот настап. Ќе истакнеме дел од нивните коментари.

@madonna ♬ original sound - heyy

„Кој би помислил дека Мадона ќе заигра на песната на Гага“, „Знае ли чија е песната“, „Ајде да го избришеме тоа“, „Кралица на cringe“, „Игра на крек“, „Ова е најблиску до соработка помеѓу Мадона и Гага“, „О Боже, Мадона танцува на Гага“, „Таа танцува на песната на Гага, сега можам да умрам во мир“, „Не верувам што гледам“, се само некои од коментарите од социјалните мрежи.

Да потсетиме дека Гага на почетокот на кариерата ја споредуваа со Мадона, а таа тоа го сфати многу лошо и нејзиниот коментар ја навреди Мадона. „Само затоа што јас сум првата жена уметник во последните 25 години што успеала да ги достигне првите 40 на радио, не значи дека сум нејзина копија, тоа значи дека сум е**но паметна личност“, ги коментираше Гага споредбите меѓу себе и Мадона пред десет години.

Мадона не ѝ остана должна и јавно кажа дека Гага ја копира во многу сегменти, особено во музиката и имиџот. Како што е познато, тие двете никогаш не се помириле.

Десет мигранти се удавија во близина на островот Лампедуза, меѓу нив три жени и бебе

Десет мигранти, меѓу кои едно бебе и три жени, ги загубија животите обидувајќи се да преминат од Тунис во Италија, соопшти денеска италијанската крајбрежна стража која успеала да спаси 42 лица.

Преживеаните тврдат дека четиримесечното бебе ѝ се лизнало од прегратките на мајката која била уморна и паднало во морето пред почетокот на спасувачката акција. Еден маж скокнал во морето за да го извлече детето, но се удавил. Двете тела се уште не се пронајдени.

Брод со мигранти испловил од Тунис минатиот викенд, но набрзо се појавија тешкотии. Се верува дека жртвите починале од хипотермија. Во текот на ноќта италијанските власти спроведоа уште три брода со 156 мигранти до Лампедуза.

Италија повторно се соочува со прилив на мигранти од Северна Африка. Годинава преку Средоземното Море во Италија пристигнале околу 5.000 мигранти, наспроти 3.035 лани и 1.039 мигранти во 2021 година, покажуваат податоците на МВР.

Според ОН, 1.400 мигранти ги загубиле животите минатата година обидувајќи се да го преминат Средоземното Море.

притисни ентер