Влада: Пописот трае до 30 септември и никој нема да биде пропуштен или изоставен од овој процес

Претставничката на ДЗС Ѓоргиева посочи дека попладнево на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk ќе бидат објавени локациите во сите општини каде што граѓаните ќе можат да појдат и да се попишат.

„Влегуваме во последната фаза од пописните активности на терен во која се привршуваат сите активности, што се спроведуваа во последните 20 дена. Апелираме до граѓаните да бидат трпеливи. Пописот трае до 30 септември и уверуваме дека никој нема да биде пропуштен или изоставен од овој процес. Токму од овие причини, Државниот завод за статистика ќе им овозможи на сите оние граѓани, кои по кој и да е основ не успеале да остварат контакт со попишувачот, кој поминал во нивниот пописен круг, но не ги нашол, да можат да се попишат на одредени локации во својата општина", беше истакнато на тематската прес-конференција на портпарол на Владата на Република Македонија Муамет Хоџа, која ја одржа заедно со Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика.

Претставничката на ДЗС Ѓоргиева посочи дека попладнево на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk ќе бидат објавени локациите во сите општини каде што граѓаните ќе можат да појдат и да се попишат.

Ѓоргиева нагласи дека ова се однесува на граѓаните кај кои попишувачот поминал, но сепак успеал да оствари контакт. Таа повика граѓаните да бидат трпеливи, бидејќи пописот трае до 30 септември, попишувачите работат интензивно на терен и некои граѓани ќе бидат посетени и на последниот ден. Таа изрази уверување дека никој нема да биде пропуштен или изоставен од овој огромен статистички процес, бидејќи целта на Пописот е целосен опфат на сите граѓани кои во моментов живеат во Република Македонија.

Ѓоргиева од името на Државниот завод за статистика се заблагодари на граѓаните за огромната соработка и поддршка на овој процес, при што изрази задоволство од фактот што граѓаните го сфатија значењето на Пописот како статистичка операција која е од интерес за развојот на државата и за сите нас.

Портпаролот на Владата Хоџа информираше дека заклучно до денеска во 12:00 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, како и дека се самопопишани 195.477 граѓани од дијаспората.

„Од името на Владата сакам да се заблагодарам до сите граѓани, кои веќе ја исполнија оваа граѓански должност и апелирам до останатите во земјава и до сите во дијаспората кои досега не се попишани, да го сторат истото. Податоците од Пописот на населението, становите и домаќинствата во иднина ќе ни помогне за долгорочно планирање на политиките, реформите и проектите од значаен интерес за државата и граѓаните", истакна портпаролот Хоџа.

ДУИ: Загрижени сме од апстиненцијата на ВМРО за членство на Косово во Советот на Европа

ВМРО-ДПМНЕ, освен што планира изолација од Европската Унија, истото го сака и со соседните земји на Македонија.

По замрзнатите односи со соседна Бугарија, ВМРО и Мицкоски сакаат да ја вратат државата во состојбата од пред 2008 година.

Конкретно, денеска пратеникот, воедно потпретседател на ВМРО, Александар Николовски, ниту неговиот заменик Владо Мисајловски, не отпатуваа во Стразбург на состанокот на Парламентарното собрание на Европскиот совет, каде што беше објавена препораката за Косово да се приклучи на Советот на Европа.

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за политиката на поделби и изолација на ВМРО и Мицкоски, притоа отворено прокламирајќи ја руската и српската политика во однос на Република Косово и Албанците воопшто.

Исто така, ја повикуваме албанската опозиција да ги поддржи политиките и ставовите на нашите меѓународни партнери и да не промовира проруски политики кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија и регионот во целина.

Во оваа прилика ги повикуваме граѓаните масовно да ја поддржат кандидатурата на д-р Бујар Османи за претседател на државата и Европскиот фронт како единствена изборна коалиција која го продолжува патот за брзо членство во Европската Унија и за блиска соработка меѓу земјите од Западен Балкан, се наведува во партиското соопштение.

Костов: На Османи не му е прв пат да се истрчува

„Мислејќи дека ќе стане голем дипломат, даде изјава што е рамна на дипломатски скандал“

Бидејќи сме во избори и при техничка влада, не сум сигурен колкав политички и дипломатски капацитет има министерот за надворешни Османи, да се меша во многу сензитивни прашања на нашите соседи и тоа фаќа страна се' во одбрана на каузата во Косово. На Османи не му е прв пат да се истрчува. мслејќи дека ќе стане голем дипломат, даде изјава што е рамна на дипломатски скандал. Да го потсетам дека во БиХ многу одамна се случуваше војна и за таа Сребреница,за која што многу жалам падна министер дури и влада на Хоалндија, а врховниот суд призна делумна вина за т.н. геноцид таму и лично мислам дека меѓународните органи треба добро да ги истераат работите. Таму призната е делумна вина и на Холандија и на ОН и ние не треба да истрчуваме да зборуваме за еден геноцид, а што правиме за злосторствата во Србија, праша Сотир Костов во Само Вистина. Ајде да си ги гледаме изборите и да си избереме Претседател, а по оваа изјава Османи си ги запечати изборите, нема да влезе во вториот круг кој што тој сигурно го најавува, а не му е така лоша кампања. Сега вака не скара со еден сосед, а претходно истото го направи и со Бугарија, рече Костов.

Влада: Поради изборите 24 април и 8 мај ќе бидат неработни денови и нема да се одработуваат

Владата денеска во рамки на 16. седница донесе одлука 24 април (среда) и 8 мај (среда) да бидат неработни денови заради непречено спроведување на изборите за претседател и за пратеници. 

Како што се наведува во соопштението од седницата на Владата, Владата заклучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Македонија, заради непречено спроведување на изборите за Претседател на Македонија и изборите за пратеници во Собранието на Македонија и овие два неработни дена нема да се одработуваат.

Денешната владина одлука се однесува на сите граѓани на територијата на Македонија.

притисни ентер