Влада: Одлуки за дополнителни намалувања цени на зеленчук и овошје, млеко и павлака

Владата на денешната седница донесе повеќе одлуки со коишто се штити животниот стандард на граѓаните. 

Направени се, на предлог на Министерството за економија, намалувања на маржите кај овошјето и зеленчукот, со што цените се очекува дополнително да се намалат до 30 проценти. Укинати се увозни давачки за млекото и павлаката, што се очекува да се одрази со намалување на цените и на овие производи. А, гарантирана цена е утврдена во продажбата на вода, негазирани и газирани безалкохолни пијалоци и пива.

Конкретно, Владата одлучи со посебна одлука да се пропише највисока трговска (профитна) маржа за овошјето и зеленчукот. И денеска е донесена Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со што се определува највисоката трговска (профитна) маржа, како посебен услов во трговијата со свежо овошје и свеж зеленчук. За сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо, се утврдува највисоката трговска (профитна) маржа во вкупен износ до 10%, а во трговијата на мало се утврдува во вкупен износ до 15%. Предвидено е одлуката да се применува до 30 ноември 2023 година, а влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник“.

Владата донесе и одлуки со коишто се предлага времено намалување увозни давачки со цел намалување на цените на повеќе производи.

Владата донесе Одлука за намалување на увозните давачки за увоз на свеж зеленчук и ориз. Донeсена е Одлука за укинување на увозните давачки за увоз на агруми, свежи или сушени, односно на: лимони, портокали, мандарини, грејпфрут. Владата донесе и Одлука за укинување на увозната давачка - царинската стапка за увоз на млеко и павлака.

На денешната седница, Владата донесе Одлука и за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало, односно за определување највисоки цени во трговијата на големо и трговијата на мало за: минерална негазирана и газирана природна изворска вода, на газирани и негазирани пијалоци (сокови), со исклучок на енергетски пијалоци, како и на светло пиво (во пакување од 0,33 л во лименка; 0,5 л во стаклено шише и 1,5 л во пластично шише и лагер пиво).

Највисоките цени на овие производи се утврдуваат на нивото на цените (со исклучок на цените на акциска продажба) коишто се применувале на 19 септември 2023 година, во трговијата на големо, а коишто цени се намалуваат најмалку за 10%. Трговците за вршење дејност трговија на мало, се должни да ги утврдат цените во трговијата на мало за овие производи согласно висината на процентот наведен во оваа одлука, а производите коишто се поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди треба јасно да ги обележат со натписот „гарантирана цена”, којшто е објавен на веб-страницата на Министерството за економија. Одлуката влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и е предвидено да се применува до 30 ноември 2023 година.

Владата на денешната седница ја разгледа и ја усвои Информација за потребата од преземање на итни мерки за рехабилитација на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.

Владините заклучоците се донесени по посочувањето од предлагачот, Министерството за култура, на препораките од реактивните мониторинг мисии на УНЕСКО, потенцирани од Комитетот за светско наследство при УНЕСКО.

Меѓу владините заклучоци, задолжено е Министерство за животна средина и просторно планирање да донесе Одлука со којаш што ќе ја задолжи ЈНУ - Хидробиолошки завод - Охрид да изработи приоритетна листа на клучни живеалишта од национално и европско значење и листа на статус на видови според IUCN класификација на загрозени приоритени видови на риби, безрбетници и алги во Охридско Езеро.

Има и повеќе укажувања до Управата за заштита на културното наследство, меѓу коишто, во посочени рокови, да достави насоки до надлежната установа – НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Охрид, со што ќе ги дефинира (ограничи) можностите за изградба на нови објекти, надградби и доградби во Старото градско јадро на Охрид, имајќи предвид дека членот 59-ѕ од Законот за градење не е правен основ за доградби, надградби и реконструкции во старото градско јадро на Охрид.

Задолжувања има и до Министерство за транспорт и врски. Се задолжува Министерството за транспорт и врски, а се укажува на Општина Охрид, Општина Струга и Општина Дебрца, во прецирани рокови, секој во рамките на своите надлежности да започнат со отстранување на бесправно изградените објекти за коишто се издадени правосилни решенија за отстранување и за коишто се обезбедни финансики средства за остранувањето.

Задолжено е Министерството за транспорт и врски, а им се укажува на Општина Охрид, Општина Струга и Општина Дебрца, сите урбанистичко плански документации да ги доставуваат до Комисијата за управување со светското природно и културно наследство на мислење уште во фаза на предлог-опфат, односно пред да бидат усвоени од општинската Комисија за урбанизам и инкорпорирани во годишната програма.

Исто така, задолжено е Министерттвото за транспорт и врски, во соработка со Капетанијата на пристаништата - Охрид, да формира Работна група за изработка на анализа на пловила во Охридското Езеро со пресметка и на капацитетот на носивост на пловила во Охридското Езеро.

Задолжено е Министерството за култура, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Управата за животна средина и Управата за заштита на културното наследство да изработи Нацрт-верзија на Предлогот на законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.

Владата, на предлог на Министерството за труд и социјална политика, донесе одлука за издвојување средства за законски востановената „Детска недела", којашто се реализира со цел развивање на општествената активност за афирмација на заштитата на децата. За време на траењето на „Детска недела", од 02 – 09 октомври 2023 година, е предвидено да се издвојуваат: од секој продаден влезен билет за театар, кино, уметничка изложба и други културни манифестации - 5,00 денари; од секоја поштенска пратка во внатрешниот сообраќај, освен на печатени работи 2,00 денара; од секој влезен билет на спортски натпревари и други спортски приредби - 5,00 денари; од секој продаден возен билет во железничкиот и автомобилскиот, меѓународниот, меѓуградскиот сообраќај - 5,00 денари; од секој продаден возен билет во авионскиот сообраќај - 50,00 денари; од секој продаден облик на електронски музички и видеозапис, видео касета и друго - 5,00 денари. Од плаќањето се исклучени изложбите, приредбите и другите културни манифестации организирани од страна на ученици и студенти во јавни установи. Во време на траењето на манифестациите посветени на децата се организираат културни, забавни, образовни, спортско-рекреативни, активности од областа на екологијата и други активности посветени на децата,соопшти Владата.

Украинците поставиле екплозив под мостовите, кога Русите испратија дронови (ВИДЕО)

Општо е познато дека беспилотните летала играат голема и важна улога во војната во Украина, за двете завојувани страни.

Но, новата снимка за прв пат покажа како малите беспилотни летала FPV се користени за уништување на мостот на реката Сноу, недалеку од украинскиот град Чернихив, во погранична област каде што нема директен конфликт.

Имено, украинската армија поставила експлозив на сите мостови во близина на границата со Русија, вклучувајќи го и овој, а Русија употребила дронови FPV за да го активира експлозивот и да го сруши мостот.

На снимката се гледа сета умешност на операторите со дронови, а користено е и леталото кое се контролирало преку кабел со оптички влакна, чија употреба со дронови е иновација на оваа војна. Имено, ваквите дронови FPV не се чувствителни на анти-електронско војување и непречено стигнуваат до своите цели.

Руски извори наведуваат дека нападот на мостот на реката Снов во пограничната област на Черниговската област бил извршен за да не може Украина да го искористи „за да ги пренесе своите диверзантско-извидувачки групи на територијата на соседната област Брјанск во Русија.

Замената на батерија на електричен автомобил наскоро ќе биде поевтина од поправка на мотор

Трошоците за замена на батеријата на електричен автомобил би можеле да бидат пониски од трошоците за поправка на бензински мотор до 2030 година, пишува Recurrent, портал за управување со електрични автомобили.

Голдман Сакс го поддржува ова тврдење со предвидување дека до 2026 година цените на батериите ќе паднат на 80 долари за киловат-час, што е половина од цената во 2023 година.

Цените би можеле да бидат уште пониски доколку литиум-железо-фосфатните (LFP) батерии го заземат пазарот, бидејќи тие веќе чинат 75,3 долари/kWh, пишува HAK Magazine.

До 2030 година, цената би можела да биде околу 64 долари за kWh, додека други проценки споменуваат околу 32 и 54 долари за kWh. Ако се потврдат овие бројки, целата батерија би можела да чини помеѓу 3.375 и 5.000 долари, во зависност од големината на пакувањето, што одговара на цената на големиот дефект на бензинскиот мотор.

Ова намалување на трошоците има неколку причини. Повеќе од 40% од падот се должи на пониските цени на стоките како што се литиумот и кобалтот. Помеѓу 2020 и 2023 година, таканаречената зелена инфлација ги поскапи суровините, но пазарот сега покажува знаци на стабилизација, што доведува до поголема достапност на компонентите на батериите. Паралелно, индустриските гиганти веќе го прифаќаат овој тренд.

Производителите како што се CATL и BYD бараат од нивните добавувачи да направат дополнителна милја и почнаа да нудат LFP ќелии по цени од 56 долари за kWh.

Извештајот нагласува дека оваа еволуција не само што ја зајакнува економската исплатливост на електричните возила, туку ја отстранува и една од најголемите психолошки бариери за потрошувачите: стравот од високите трошоци за замена на батериите. Ако заменувањето на батеријата веќе не е прескапо, привлечноста на електричните автомобили ќе се зголеми.

Саудијците за Мундијалот 2034. планираат да изградат неверојатни стадиони (ФОТО)

Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Светското првенство во 2034 година, додека Шпанија, Португалија и Мароко ќе бидат домаќини четири години порано, потврди ФИФА на вчерашниот виртуелен конгрес.

Челниците на ФИФА имаа лесна задача со оглед на тоа што имаа само по еден кандидат за секое од првенствата.

Од денеска е потврдено дека Светското првенство во 2030 година ќе се одржи во Шпанија, Португалија, Мароко, Аргентина, Парагвај и Уругвај, а Светското првенство во 2034 година во Саудиска Арабија.

Овој Мундијал треба да се игра на 15 различни најсовремени стадиони, кои носат футуристичка револуција во начинот на градба на стадионите. Стадионот Мураба треба да биде изграден од багрем. Ќе има капацитет за 45 илјади гледачи и ќе биде во форма на кањон. Стадионот Рошн ќе биде изграден во облик на кристал, а стадионот на принцот Мохамед бин Салман ќе биде изграден на рид и однадвор исполнет со LED светилки.

Најголем стадион би требало да биде Меѓународниот стадион „Крал Салман“ (на фотографијата) со капацитет за 92 илјади гледачи, инспириран од планините и интегриран во околниот пејсаж. Други стадиони се:

Спортски градски стадион „Крал Фахд“ со препознатлив покрив од ткаенина, спортски градски стадион принцот Фајсал бин Фахд, стадион во Јужен Ријад, универзитетски стадион „Крал Сауд“ и стадион „Неом“, кој е наречен идниот најиновативен стадион во светот.

Првите девет стадиони треба да се изградат во Ријад, а последниот во Неом, спортскиот градски стадион „Крал Абдула“на брегот Киддија и Економскиот градски стадион „Крал Абдула“ ќе бидат во Џеда, додека местото за стадионот Арамко и стадионот на Универзитетот Кинг Калид е резервирано во Ал. Хобар, т.е. Абхи.

Постои можност ова светско првенство да се одржи во јануари и февруари, бидејќи Рамазан трае до средината на декември, а во Ријад во тој период се одржуваат и Азиските игри.

Веста дека Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Светското првенство во 2034 година не е изненадување откако ФИФА го намали рокот за тендер на само еден месец минатата година и го промени своето правило за инфраструктура за да им овозможи на земјите со помалку соодветни стадиони да се натпреваруваат, Саудиска Арабија остана единствениот кандидат.

Одлуката беше широко осудена од организациите за човекови права, кои наведуваат произволни притворања, злоупотреби и смрт на работници мигранти и задушување на правата на жените и ЛГБТК+ луѓето во земјата. Саудиските власти ветија дека Светското првенство ќе биде дел од „патување на извонредна трансформација“ за земјата.

Документот за понуда тврди дека земјата „се залагала за пристап до човековите права“ преку процесот на наддавање и е посветена на „управување со ризикот и максимизирање на позитивното социјално влијание за време на турнирот“.

Организациите за човекови права како Амнести интернешнал и Хјуман рајтс воч со години се жалат на масовните ограничувања на човековите права во таа земја и ги обвинуваат владетелите во Ријад за т.н. спортско перење, односно дека сакаат да го одвлечат вниманието од него со гламурозни спортски настани.

Организациите за човекови права стравуваат дека работниците мигранти во Саудиска Арабија ќе бидат експлоатирани, измамени и принудени да живеат во беда. Причината за ова е, како што беше случајот со Светското првенство во Катар 2022 година, т.н. „кафала системот“ кој е вообичаен во Саудиска Арабија. Според него, работодавачот гарантира за своите странски работници. За возврат, државата му дава право на работодавачот да ги задржи пасошите на своите странски вработени и да им определи плата и услови за работа.

притисни ентер