Влада: Од утре промената на возачките и сообраќајните ќе биде бесплатна, како и патниот лист

Замената на возачките и сообраќајните дозволи од утре ќе се врши бесплатно, а без надомест ќе бидат издавани и патните листови на македонските државјани во странство, кои немаат пасоши со „Северна“, а треба да се вратат во Македонија да ги променат.

Замената на возачките и сообраќајните со новото уставното име на државата од утре ќе се врши бесплатно, а без надомест ќе бидат издавани и патните листови на нашите државјани во странство, кои треба да се вратат поради промена на личните документи. Во државите каде нема дипломатско конзуларни претставништва издавањето на патните листови ќе биде он-лајн и со достава преку пошта. Овие одлуки попладнево беа донесени на седница на Владата, а за нив информираа вицепремиерот Битиќи и заменик министерот за внатрешни Бојмацалиев.

На новинарско прашање што ќе се случи со оние што веќе извадиле лични документи, дали тие се дискриминирани и како и кој на нив ќе им ги врати парите, Битиќи потврди дека на владината седница се разговарало и за тоа, но во овој момент нема одговор дали и како ќе бидат обештетени..

„Моето лично мислење е дека е дискриминација за тие кои биле совесни да постапат согласно законските измени и на време поднеле барање за промена на личните документи. Соодветно треба да се постапи, за да се изнајде како на нив на некој начин им се одолжиме зашто биле совесни граѓани на нашата држава“,

Во однос на тоа зошто во 2020 година на граѓаните им се издавале патни исправи со старото уставно име, Битиќи смета дека уште од првиот ден кога бил поптишан Преспанскито договор требало да се постапи соодветно, но кажа и дека врз темпото на извдавањето на документите влијаела и ковид кризата. Вицепремиерот признава дека Владата требало и поопсежна јавна кампања за информиирање на граѓаните, но вели дека не била можна поради законот за АВМУ.. ова ограничување треба да се отстрани со новите измени, но тие се блокирани во Собранието токму од СДСМ и ДУИ, иако уште пред 4 месеци ја поминаа владина процедура и добија зелено светло од пратеиците во првото читање..

„ Поголемиот број на патни исправи почнува да се издаваат во јули 2021 година. Можеби во овој период требаше поголема медиумска кампања за да се поттикнат граѓаните . Затоа што членот 102 од Законот за АВМУ ние сме ограничени со трошоци на јавни пари за медиумска кампања, која е во насока на важно за нашите граѓани. “

Инаку, освен бенфиции за граѓаните што ќе ги менуваат сообраќјните и возачки, МВР одлучи и да ги награди вработените во управните служби ангажирани во промената на документите со 13 плата што ќе ја добијат утре..

Замрзнати цени или ограничени маржи – владата во вторник ќе носи одлука за ограничување на цени

Утре ќе се знае што се ќе влезе во „Есенската кошничка“, министерството за економија ќе ги претстави најавените анализи пред тие во вторник да се најдат на гласање на владина седница. 

Според најавите во неа треба да се најдат зеленчукот, овошјето, месото оризот гравот, пекарските производи и уште неколку неопходни производи во секојдневието за да се амортизираат трошоците на граѓаните, но засега останува непознато на кој начин тоа ќе се направи.

-Според најавите за есенската кошничка се очекува интервенција во околу 100тина производи, но засега останува непознато, дали ќе се ограничи маржата или пак ќе се намалат цените.

Граѓаните велат дека цените на пазарите и во маркетите се се повисоки правејќи го месецот се потежок за протуркување. Според нив, неопходните производи мора да бидат подостапни.

-Треба лебот, пецивата и млечните производи и зеленчуков е многу скап ама не верувам, тешко. Не верувате дека ќе се намали? Не, не, сите бараат повеќе пари. /Сите што се важни за секојдневна прехрана, тоа е најважно за ситуацијава. Сирењето беше 200, 250, сега под 350 денари нема сирење, обично сирење бело./ Месото, млечните производи, можеби зејти, зеленчук, ама не верувам./Има илјадници производи, но генерално ако се земе, тие што се посекојдневни потреби на човекот. Млечни, зеленчукот исто, овошјето. Имате овошје кое по 200% е зголемена цената од кога е земено кај производителот.

Но, дел од нив не очекуваат интервенцијата во цените да направи голема разлика, други пак воопшто да има намалување.

-И да се намалат цените, нема да се подобри стандардот на народот заради тоа што е огромна разликата меѓу примањата и она што е нужен трошок во месецот. Не верувам дека нешто ќе се подобри. А очекувате дека ќе има намалување? Епа малку, за да си направат реклама, ќе направат намалување. /Не верувам дека ќе се намалат, верувам дека ќе се примени законот од 28 септември за ограничена маржа.

Според „Фајнанс Тинк“ ваквите мерки досега се преземале кога стапката на инфлација била над 10%, во услови на нарушување на пазарните механизми, што сега не е случај. Тие велат дека истата се применува во исклучителни ситуации и алатката треба внимателно да се користи.

Од ССМ пак, предводен од Слободан Трендафилов кои постојано се жалат на зголемување на пазарната кошничка сега не сакаа да коментираат. Велат ќе чекале да видат што ќе содржи понудата.

Македонија минатата година ја заврши со инфлација од 9,4%, додека проекциите за до крајот на годинава се дека таа ќе биде на ниво од 3,5%.

Уролозите бараат и вакцината BSG да се стави на позитивната листа на лекови

Вакцината BSG која е имуно терапија за оперираните пациенти со тумор на бешиката да се стави на листата на позитивни лекови, бара Македонското здружение на уролози и пациентите кои имаат ваква состојба. 

Професорот Дохчев објаснува дека оваа вакцина е многу важна кај оперираните пациенти кои имаат рецидив или повторено враќање на тумор на мочниот меур. Вакцината дава локален имунитет и се користи 30 години во начинот на лекување.

„Често се бориме со карциномот на мочен меур со БСГ вакцина, таа и истата вакцина само многу појачана во огромни колични дози и се користат живи бактерии на туберкулоза, но ослабени не патогени да не предизвикаат болест. и од 2.13 Ова се нарекува имуно терапија со цел да се зголемува локланиот имун одговор. “-Проф. Др Сашо Дохчев Клиника за урологија

Уролозите велат дека целиот процес на лекување чини околу две илјади евра и се дава по одредена шема определена од страна на доктор. Уролозите ќе поднесат и писмено барање до министерството за здравство овој лек се стави на позитивна листа.

„ Драго ми е ако министерот има слух и може да не разбере да се стави на позитивна листа зошто овој лек е многу скап. И од 5.29 И овој лек кончено да се стави на позитивна листа навистина предизвикува големи трошоци кај граѓаните“, изјави Дохчев.

Инаку од утре во аптеките ќе се издаваат новите лекови кои беа ставени на позитивната листа на лекови. На новата листа опфатени се лекови за висок притисок, срцеви заболувања, лекови за третман на депресија, како и за деменција.

Во моментов има само еден авион за гаснење пожари, за среќа дождот стави крај на стихијата

Според информациите од Европскиот информациски систем за шумски пожари, годинава изгореле 94.000 хектари шума.

Иако благодарение на дождот, сите пожари во земјава се изгаснати, во случај повторно да се појават државата ќе биде исправена пред нов предизвик.. Двата ер трактори и еден полициски хеликоптер се вон функција, и во моментов во земјава има само еден авион за гаснење.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов пак вели дека дефектите на едниот полициски хеликоптер и ер трактор не се сериозни и се надева дека во најбрз можен рок ќе бидат оспособени за да одговорат на задачите во иднина.

Во следните месеци се очекува да биде направена и најавената реформа на системот преку спојување на ЦУК и ДЗС и државата поподготвена да го дочека следното лето. Покрај формирањето на специјалната единица од 120 врвно подготвени луѓе за справување со пожарите, неопходно ќе биде и инвестирање во воздухпловите кои се покажаа како клучни во гаснењето, смета Ангелов.

Досега во земјава се регистрирани 126 шумски пожари, кои направија штета од невидени размери, а беше регистрирана и една жртва од огнената стихија во Кумановско.

Според информациите од Европскиот информациски систем за шумски пожари, годинава изгореле 94.000 хектари шума, односно 3.6 проценти од вкупната површина на земјата.

притисни ентер