Влада: Од Институтот за македонски јазик самите понудија нови толкувања за зборовите

Владата, заедно со Министерството за образование и Институтот за македонски многу јасно и прецизно ги договорија улогите во подготовката на процесот и во поставувањето на севкупниот зборовен фонд од „Толковниот речник на македонскиот јазик"

„Толковниот речник на македонскиот јазик" е научен труд и авторско дело на научниците македонисти и лингвисти од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков" коишто се единствено стручни за оваа област и имаат и надлежност за содржината на речникот.

Владата согласно својата програма за унапредување на македонскиот јазик ја реализираше дигитализацијата на вкупниот број лексеми, односно зборови, со единствена цел да им го доближи и да го стави на бесплатно располагање речникот на сите граѓани и на академската јавност во земјата и во светот, за тој редовно да се ажурира, да расте и да се развива, да се дополнува и менува.

Тоа значи дека платформата makedonski.gov.mk понатаму ќе се развива заедно со сите научни работници, лектори, македонисти, и други научници кои низ својата интердисциплинарна работа опфаќаат лингвистика, и кои ќе можат редовно да го ажурираат речникот, да го дополнуваат и менуваат, за истиот да расте и да се развива, а Владата и понатаму ќе ја има единствено улогата да го модерира техничкиот дел на процесот и да го одржува системот.

Во комуникацијата со Институтот за македонски јазик откако во јавноста се појавија реакции за одделни лексеми во речникот, првите луѓе на редакцијата и на институтот самите понудија толкувањата на зборовите што предизвикаа реакции да бидат привремено повлечени и многу бргу да во наредниот период бидат заменети толкувања соодветно според современиот лингвистички и општествен контекст.

За овој чекор согласност за содржината на соопштението даде и раководителката на проектот „Толковен речник на македонскиот јазик" кое беше доставено до јавноста и до сите медиуми кои побараа дополнителни толкувања.

Владата во комуникацијата со Институтот и со раководниот тим на толковникот, покажа висока почит и разбирање за стручноста и автономијата на научните работници и размената на мислења поврзана за реакциите се водеше во исклучиво контекст на социо-лингивистичките аспекти согласно современите општествени текови и прифатени вредности, и во таа насока понуденото решение за ново вредносно толкување, со целата почит кон методологијата на тимот научници, дојде токму од нив.

Фетел одговори на прашањето дали се враќа во Формула 1

Себастијан Фетел го прекина молкот за гласините за неговото враќање од пензија за да го замени Луис Хамилтон во Мерцедес.

Четирикратниот светски шампион се прости од трките на крајот на 2022 година во автомобил на Астон Мартин за да помине повеќе време со семејството, но германскиот возач тогаш за можното враќање рече: „никогаш не треба да се каже никогаш“.

Откако Хамилтон во февруари објави дека ќе го напушти Мерцедес и ќе се пресели во Ферари од 2022 година, се шпекулираше дека Фетел ќе го замени, но…

-Сè уште сум заинтересиран и ги следам трките. Во моментов се случува многу - на и надвор од патеката. Но, за мене Формула 1 не е во фокусот во моментов. Кога заминував, реков дека никогаш не вели никогаш за враќањето, но намерата не ми беше да застанам и потоа да почнам повторно, изјави Фетел и со тоа ги демантираше гласините дека се враќа. /МИА

Тројца загинати во сообраќајна несреќа во Кичево

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа што денеска се случи на излезот од Кичево, во насока кон Скопје.

Според соопштението од СВР – Охрид, несреќата се случила утрово во 4:50 часот на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, кога се судриле патничко возило „Пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И.(19) од Кичево и патничко возило „Фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.Е.(32) од кичевското село Трапчин Дол.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Е. и неговиот сопатник А.С.(20) од село Трапчин Дол, додека возачот С.И. им подлегнал на повредите на пат кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, се здобиле 19-годишната Т.С. од Кичево, В.П.(21) од селото Подвис, кичевско, П.К.(21) од Кичево и еден малолетник од Кичево, сите сопатници во возилото „Пежо“.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.

Фото: Екс тенисерка која сега заработува на „OnlyFans“ во друштво на Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер во друштво на сексапилна црнка.

Поранешната тенисерка, а денес инфлуенсер, Тамара Бојаниќ заработува огромни пари од фотографиите кои ги објавува на платформата за возрасни „OnlyFans“.

Провокативната Тамара сега се најде во центарот на вниманието на јавноста откако на социјалните мрежи објави фотографија со Новак Ѓоковиќ.

- Мојот сосед е подобар од твојот - изјави еднаш големата надеж на црногорскиот тенис.

Поранешната тенисерка и црногорска репрезентативка кариерата ја започна на 12 години, играше во Фед купот, а доби и тениска тренерска лиценца!

Сепак, беше јасно дека нема да живее од тенисот кога се повреди на 17 години.

Поранешната тенисерка и црногорска репрезентативка кариерата ја започна на 12 години, играше во Фед купот, а доби и тениска тренерска лиценца!

Но, потоа поради повреди ја заврши кариерата во белиот спорт и се вљуби во друга професија, многу поразлична од тенисерската.

Тамара реши да отвори профил на платформата за возрасни „ OnlyFans“ “, а не ни поима колку тоа ќе и го промени животот! Сега ужива во луксузот…


 
притисни ентер