Влада: Македонија со спасувачка мисија за уште 44 граѓани од Авганистан

Македонија останува посветена на глобалната хуманитарна акција која има за цел да им помогне на граѓаните од Авганистан, кои во изминатиов период работеа на подобрување на човековите права, демократијата и мирот,се наведува во соопштенеито од Владата.

Денеска на Меѓународниот аеродром во Скопје пристигнаа 44 граѓани од Авганистан, односно од организацијата „Тиркиз маунтин" (Тurquoise Мountаin). Овие лица се активисти на оваа организација, но меѓу нив има и членови на нивните семејства.

Организацијата „Тиркиз маунтин" е основана во 2006 година од принцот Чарлс со хумана мисија, која изминативе години имаше свои успешни активности во Авганистан.

Дополнително, оваа организација реставрираше повеќе од 150 историски објекти, третираше околу 165 илјади пациенти во клиниката во Кабул, отвори и поддржа повеќе од 50 мали бизниси во Авганистан, Мјанмар, и други активности.

Лицата ќе бидат привремено сместени во Скопје додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците и за оваа група ќе бидат целосно покриени од меѓународните организации.

По слетувањето предвидена е стандардна процедура, поддршка од Црвениот крст, безбедносна проверка и заштита, медицинска поддршка, ПЦР тест и можност за вакцина.

„Гответе со Дракче“ - Полнети бабури со просо

Во среда (17.04.2024) во емисијата гостин ни беше Тања Турунџиева.

Состојки за денешниот рецепт:

1 главица кромид

2 моркова

1 црвена пиперка

1 црвен домат

1 главица лук

1 китка магдонос

3 бабури

САЛАТА

1 марула

1 краставица

1 брокула

1 карфиол

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција

 Во турскиот град Токат денеска се регистрирани повеќе од 20 земјотреси, а најсилните беа со интензитет од 4,7 и 4,1 степени според Рихтеровата скала.

Најсилниот земјотрес бил во еден часот и шест минути по полноќ на длабочина од 9,97 километри, а вториот во два часот и 35 минути на длабочина од седум километри, соопшти турска Служба за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД).

Гувернерот на Токат, Нуман Хатипоглу изјави дека земјотресите не предизвикале жртви и материјална штета.

Бесплатен влез на Кокино, АСНОМ и музејска поставка Куманово

Бесплатен влез на Кокино, АСНОМ и музејска поставка Куманово по повод Меѓународен ден на спомениците и локалитетите.

Кумановци денеска можат бесплатно да ги посетат музејската поставка, АСНОМ и Кокино, по повод 18-ти април, Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, соопштија денеска надлежните од НУ Музеј Куманово. Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со локалното културно наследство.

-Во чест на Светскиот ден на спомениците и локалитетите 18 април влезот ќе биде слободен за сите посетители на постојаната музејска поставка, Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце и архео-астрономскиот локалитет Кокино. Иницијативата и идејата е на Министерството за култура. Со ваквата активност не се афирмира само светскиот ден на спомениците, туку и нашите локалитети и споменици ширум државата, изјави директорката на НУ Музеј Куманово, Марија Миљуш Божурска.

Таа ги повика кумановци да ги посетат локалитетите, да се информираат и да го запознаат локалното културно наследство.

-Водичи вработени во музејот ќе бидат на музејската поставка и на АСНОМ и се отворени да одговорат на прашања. Очекуваме посета од сите особено од учениците, студентите, повозрасните, рече Миљуш Божурска

притисни ентер