Влада: Граѓаните на Град Скопје ќе имаат парно

Владата континуирано презема мерки за да обезбеди сигурно и стабилно снабдување со топлинска енергија за граѓаните на Скопје. 

Во овој момент се финализираат преговорите за регулирано производство на топлинска енергија, врз основа на претходно донесената одлука на Владата за избор на вршители на енергетски дејности, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Штом завршат истите, јавноста ќе биде навремено известена.

Граѓаните на Град Скопје ќе имаат парно, и согласно Законот за енергетика загарантирана е јавната дејност да се врши во целост без прекин.

Владата заедно со ресорните институции постојано работи на обезбедување на потребните ресурси за производство на топлинска енергија по најповолни цени се со цел домаќинствата да имаат помали трошоци. Конкретно, се бара најдоброто решение за обезбедување на најниска цена на гас или мазут со цел да се спречи ценовен шок и да не поскапи парното.

И оваа година како и минатата, Владата согласно законските можности прави максимални напори да обезбеди непречено снабдување на топлинска енергија за граѓаните на Скопје.

Во изминатиот период владиниот економски тим и ресорите енергетика имаа повеќе регионални средби и состаноци, со цел обезбедување на потребните енергенси во услови на најголемата светска криза која ја памтиме во поновата историја,с е наведува во соопшштението од Владата.

Пијан Германец возел 12 километри во спротивна насока на автопат

Германската полиција во четвртокот вечерта запрела пијан возач кој возел во спротивна насока на автопатот во сојузната покраина Хесен повеќе од 12 километри.

Полицијата извести дека блокираната раскрсница Манхајм-Санхофен го навела 52-годишниот маж да погреши и да вози во спротивна насока.

Возачот бил запрен откако возел повеќе од 12 километри во правец на Франкфурт. За среќа, не предизвикал сообраќајна несреќа или инцидент. Од полицијата објаснија дека возачот згрешил бидејќи бил во алкохолизирана состојба, што било утврдено со земање крв.

Веднаш му била одземена возачката дозвола и против него е покрената кривична постапка. Очевидците се замолуваат да контактираат со полицијата, која ги следи сообраќајните услови во јужен Хесен.

Српски навивачи дивееле низ Виена со антиалбански пароли (ВИДЕО)

Навивачите на српската репрезентација синоќа маршираа низ главниот град на Австрија и извикуваа „Убиј, коли, додека Шиптар не постои“.

На социјалните мрежи се прошири видеото од српските навивачи како шетаат низ Виена по натпреварот меѓу Србија и Швајцарија на Светското првенство во Катар, на кој што Србија беше елиминирана од натпреварувањето.

Да потсетиме, синоќешниот натпревар во Катар не го одбележа само елиминацијата на Србија од Мундијалот, туку и вербалните и физички пресметки меѓу српската репрезентација и швајцарските репрезентативци со албанско потекло.

Украински гувернер: Ослободивме 13 населени места на истокот

Украинската армија ослободи 13 населени места во областа Луганск, најисточниот регион на Украина, изјави денеска шефот на регионалната администрација на мнозинскиот окупиран регион, Серхи Хајдај.

Гувернерот на Луганск наведува дека руските сили се уште ги гаѓаат ослободените села со артилерија. Најави и дека идната недела медицински екипи треба да ги посетат ослободените села, а властите организираат собирање огревно дрво за жителите, објави Хајдај на апликацијата Телеграм.

Оваа информација не е независно потврдена.

притисни ентер