Влада: Активирана е комуникација со Евро-атлантскиот Центар за координиран одговор во случаи на катастрофи на НАТО

Владата денеска ја одржа својата 31-вата седница на која беа усвоени записниците од 13-тиот и 14-тиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус.

Согласно заклучокот од 14-тиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19, Владата денеска заклучи да побара од НАТО да бидат активирани механизмите за цивилна заштита во услови на вонредни состојби на Евро-атлантскиот Центар за координиран одговор во случаи на катастрофи (Euro-Atlantic Disaster Response Coordination Centre – EADRCC), и задолжи работна група предводена од Секретаријатот за европски прашања, кој ја координира меѓународната помош, да подготви листа на приоритети за кои е неопходна идна асистенција од овие механизми.

Владата на денешната, 31 седница, донесе измени на уредбата за ограничено движење за да им излезе во пресрет на сопствениците на домашни миленици.

Со овие измени и дополнувања се утврдува дека за време на викендите дозволено е шетање на милениците од 20:00 до 20:30 часот, најмногу до 100 метри оддалеченост од живеалиштето, како што предлага Ветеринарната комора.

Владата напоменува дека понатаму важат сите претходните ограничувања, меѓу кои и забраната за групирање на повеќе луѓе на едно место.

На седницата е разгледана и усвоена Информацијата за привремена пренамена на расположливите ИПА средства од соодветните девизни сметки наменети за имплементација на ИПА програмите во буџетот, во функција на справување со кризата настаната како резултат на вирусот Ковид-19, и го задолжи Министерството за финансии да побара одобрување од соодветните служби на Европска комисија за привремено користење на преостанатите салда на ИПА средства од програмите ТАИБ 2009, ТАИБ 2010, ТАИБ 2011 и ИПА Компонентите III, IV и V со цел справување со кризата.

По добиената согласност од страна на Европската комисија, Министерството за финансии ќе ги префрли средствата на соодветни сметки кои ќе бидат наменети во функција на справување со кризата настаната како резултат на вирусот Ковид-19.

Како дополнителен заклучок во врска со ова, Владата го задолжи Министерството за финансии да ги врати позајмените средства од Буџетот по завршување на кризата, односно, во рокот и согласно насоките кои ќе се добијат од Европската комисија.

Владата на оваа своја седница го разгледа и донесе Протоколот за влез Македонија на странски дипломати акредитирани во земјата и членови на нивните семејства, и го задолжи Министерството за надворешни работи веднаш да ги извести сите странски дипломатско конзуларни претставништва акредитирани во Македонија за усвоениот Протокол.

Согласно Протоколот, странските дипломати и членовите на нивните семејства при влез во земјата начелно не треба да бидат изземени од мерката задолжителен карантин. Со цел да се почитува Виенската конвенција за дипломатски односи, а во исто време и да се почитуваат националните закони и правила (кои дипломатите согласно Виенската конвенција мора да ги почитуваат) мерката државен карантин ќе се применува само онолку колку што е нужно.

За спроведување на овие мерки се задолжени Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство.

На денешната седница беше усвоена и Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време на вонредна состојба со која се уредува вршењето на дејноста интензивна нега и терапија на пациенти заболени од заразната болест коронавирус COVID-19 во мрежата на здравствени установи за време на траење на вонредна состојба од приватни здравствени установи кои не се во мрежата на здравствени установи.

Со измената и дополнувањето на Уредбата се овозможува вршење на услугата за детекција на коронавирус COVID-19 во микробиолошка лабораторија во мрежата на здравствени установи за време на траење на вонредна состојба и од приватни здравствени установи кои не се во мрежата на здравствени установи, со цел зголемување на капацитетите за давање на вакви услуги, во услови на донесена Одлука за утврдување на постоење на вонредна состојба.

Согласно Oдлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба со која се утврдува постоење на вонредна состојба на територијата на Македонија за период од 30 дена заради заштита и справување со последиците од ширењето на коронавирусот COVID-19, а врз основа на член 126 став 1 од Уставот, Владата ги донесе Уредбата со законска сила, за примена на Законот за ученичкиот стандард за време на вонредна состојба, Уредбата со законска сила за примена на законот за студентскиот стандард за време на вонредна состојба, Програмата за изменување на програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2020 година, и Програма за изменување на програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2020 година.

Имајќи ја предвид прогласената вонредна состојба во државата, со овие уредби со законска сила се регулира овозможување ученичките домови, како и со измените во Програмите за ученички и студентски стандард, ќе се овозможи ученичките и студентските домови да се користат како сместувачки капацитети за превенција од ширење на коронавирусот (COVID 19).

Владата ја усвои Уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба за постапувањето на судовите и Јавните обвинителства, според која законските и преклузивните рокови за поднесување на тужба во парнична постапка, приватна тужба во кривична постапка, предлог за кривично гонење, предлог за поведување на вонпарнична постапка, поднесување на барање за присилно извршување, постапка за обезбедување на побарувањата, тужба за поведување управен спор, иницирање на постапка пред Уставен суд или иницирање и поведување на друга судска постапка, престануваат да течат во моментот на стапување во сила на оваа Уредба се до престанување на вонредната состојба. Законските и преклузивните рокови за изјавување на правни лекови, правни средства или за преземање процесни дејствија во постапките престануваат да течат за време на вонредната состојба.

Во кривичните и прекршочните постапки, роковите за изјавување на жалба или приговор на одлуките со кои постапката завршува, како и за изјавување на вонредните правни лекови, престануваат да течат за време на вонредната состојба.

Со оваа Уредба издавањето на упатните акти за изречена казна затвор до три години се одложува до 1 септември 2020 година, освен за предмети каде што постои опасност за застарување на извршување на казната.

На судиите-поротници на кои мандатот им истекува за време на траење на вонредната состојба, по сила на оваа Уредба, мандатот им се продолжува се до завршување на постапката по судскиот предмет. Судовите се должни при постапувањето, закажувањето и одржувањето на расправите да се придржуваат на Одлуката на Судскиот совет, за постапување на судовите услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД-19, од 17.03.2020 година. Со оваа Уредба се задолжуваат јавните обвинители извршувањето на функцијата на јавното обвинителство да ја организираат и извршуваат согласно Задолжителните упатства на Јавното обвинителство, донесени во врска со вирусот КОВИД-19 .

На оваа седница е усвоена одлука за дополнување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со оваа Предлог-одлука на трговците на аргуми свежи или сушени и тоа: портокали, мандарини, клементини, грејпфрут и лимони, со тарифен број 0805, им се забранува да вршат трговија на мало на крајни потрошувачи во објектите кои се наменети за трговија на големо на овие стоки (магацини, складови за трговија на големо, на пазарите за трговија на стоки на големо, како и во други деловни простории кои ги исполнуваат условите пропишани со закон и друг пропис).

Одлуката се предлага на предлог на Државниот пазарен инспекторат, бидејќи инспекторите констатирале дека на терен трговците на големо вршат манипулација и прикажуваат промет остварен во најголем дел од трговија на мало, а не од трговија на големо иако истите не располагаат со продажни објекти наменети за трговија на мало.

На денешната седница беше донесена и Уредба со законска сила за примена на Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во „Службен весник на Република Македонија" за време на вонредна состојба. Според Уредбата, објавувањето на законите и другите прописи, акти и издавањето на службеното гласило „Службен весник" за време на траењето на вонредната состојба се врши само во електронска форма.

Донесувањето на оваа уредба е со цел намалување на трошоците за Jавното претпријатие „Службен весник " во однос на печатените изданија и нивна дистрибуција, со што ќе се зголеми на ефикасноста на процесот на објава на Уредбите со законска сила, и на другите прописи, со цел веднаш да бидат достапни за широката јавност, за време на вонредната состојба, а ќе се укине целосно потребата од непосредна дистрибуција на печатените изданија до крајните корисници, што е во согласност со мерките на Владата за спречување на ширењето на КОВИД-19.

Владата на денешната 31-ва седница донесе Уредбата со законска сила за примена на Законот за железничкиот систем за време на вонредна состојба, со која се регулира компензирање на трошоците за време на траење на вонредната состојба, како и регулирање на исплата на неостварениот приход од продажба на билети за оние патнички возови кои се укинати за време на траење на вонредната состојба и регулирање на исплата на неостварениот приход по основ на надоместок за користење на железничката инфраструктура.

На денешната 31 седница, Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за извршените инспекциски надзори на 27, 28 и 29 март 2020 година.

Бугарија оди на шести избори за три години

Бугарија и дефинитивно оди на предвремени парламентарни избори откако и официјално пропаднаа сите обиди за формирање на влада по расколот во коалицијата меѓу ГЕРБ и Продолжуваме со промената.

Бугарскиот претседател Румен Радев најави дека во наредните неколку дена активно ќе разговара со сите потенцијални кандидати кои ќе треба да состават техничката влада за организирање на избори. Единствено нешто што засега е нејасно е само дали изборите ќе се одржат во ист ден со европските на почетокот на јуни или пак, бугарите ќе одат на гласање два пати за кус временски период.

-Започнувам средби со сите потенцијални премиери. Денеска или утре ако треба и за викендот. Го одложив и мојот напорен меѓународен распоред за следните 10 дена, кој вклучуваше и посета на странски претседател и моите официјални посети во странство. Како што изјавив и вчера, ќе направам се што е можно тој процес за формирање на техничка влада да биде забрзан,- - Румен Радев – Претседател на Бугарија.

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов пак, го повика претседателот да не именува технички премиери од редовите на неговата партија, бидејќи не сака да се даде впечаток дека тие владејат со земјата во периодот пред изборите. Неговиот ривал пак, Кирил Петков пак, побара фокусот да биде ставен на организирање европските и парламентарните избори во ист ден.

-Единственото нешто на кое опстојувам, а никако нема да го дозволам е тоа да е Росен Желјазков (за технички премиер). И навистина се надевам дека претседателот нема да го именува ниту Димитар Главчев, бидејќи тие на некој начин би биле поврзани со ГЕРБ. Бидејќи целата кампања ќе помине како ние да управуваме. Ние управувме откако ќе добиеме избори,- - Бојко Борисов – Претседател на ГЕРБ.

-Враќањето денеска на (мандатот) дава можност за 2 во 1 избори и да се заштедат 100 милиони за бугарските даночни обврзници. Барем тоа да го направиме. Така што, во моментот претседателската институција, во разговорите со потенцијалните идни технички премиери да не ја испуштиме датата да може да се случат 2 во 1 (избори),- - Кирил Петков – Продолжуваме со промената.

Бугарија изминатите неколку години беше управувана од серија на технички влади поради не можноста на политичките партии да формираат стабилно мнозинство во парламентот. На тоа барем навидум се стави крај по формирањето на коалицијата меѓу ГЕРБ и Продолжуваме со промената чија договорена ротација на премиерската функција на девет месеци и составот на владата се претвори во фијаско.

Костидовска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО

Министерката за култура и претседателка на Националната комисија за УНЕСКО, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Охрид оствари работна средба со претставниците на реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО .

Костадиновска-Стојчевска денеска во Охрид оствари работна средба со претставниците на реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО која е составена од членови на Центарот за светско наследство, Меѓународниот совет за споменици и локалитети и Меѓународната унија за заштита на природата. Средбатата се одржа во Завод и Музеј-Охрид, а учество земаа и членовите на Националниот координативен тим од нашата држава и директорката Ирена Шајн.

„Министерството за култура и Националниот координативен тим посветено работат на спроведување на препораките од УНЕСКО, во делот на заштита на културното наследство. Не отстапуваме од грижата за Охридскиот Регион и зачувување на статусот на престижната листа на УНЕСКО. Уверена сум дека обединети, сите заедно, централната, локалната власт и невладиниот сектор во заедничка координација со забрзана динамика ќе продолжиме да ги исполнуваме насоките на УНЕСКО во подобрување на состојбите со реткото природно и културно наследство на нашиот регион“, потенцираше Костадиновска – Стојчевска.

На средбата стана збор за актуелните состојби поврзани со заштитата на културното наследство во Охридскиот Регион, начините за надминување на предизвиците и напредокот што го има остварено државата во однос на последните препораки на УНЕСКО.

Министерката со македонските експерти ги информарше членовите на реактивната мисија за сите реализирани, како и за тековните активности поврзани со препораките, како што е донесувањето на Стратегискиот план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион, изработката на правни документи меѓу кои Предлог на закон за управување со светското природно и културно наследство и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење.

Беше дискутирано и за завршените активности за заштита на дрвената платформа во Заливот на коските, пристапот до заштитените културни добра, изработката на „Упатство за иматели на недвижни културни добра во Охридскиот регион – Светско наследство на УНЕСКО“, со цел да им се помогне на имателите на недвижни културни добра во Охридскиот Регион да ги исполнат своите права и обврски.

Средбата беше дел од агендата на тридневната заедничка реактивна мониторинг мисија на членовите од Центарот за светско наследство на УНЕСКО, Меѓународниот совет за споменици и локалитети (ИКОМОС) и Меѓународната унија за заштита на природата, во прекуграничното светско наследство „Природно и културно наследство на Охридскиот регион“ , во Албанија и во Македонија, соопштуваат од Министерството за култура.

Трет ден потрага по изчезнатата двегодишна Данка во Србија

По три дена, српската полиција ја прекина потрагата по исчезнатата Данка во планинската област на Бањско Поле и истрагата се насочува во друг правец.

Досегашните информации покажале дека двегодишното девојче најверојатно не се наоѓа на подрачјето каде е досега барано, чија површина изнесува околу 10 квадратни километри. Полицијата сега води проверка на базните станици и ги вештачи телефоните на родителите на девојчето и се испитуваат соседите.

-Самиот факт дека е прекината потрагата, значи дека се дојде до некои нови информации кои ја насочија полицијата на оперативна задача. Со целото срце се надевам дека тоа се позитивни информации, и дека наскоро ќе добиеме информација дека Данка е пронајдена жива и здрава,- изјави, Славица Радовановиќ – полковник во пензија на мин. за внатрешни работи на Србија.

Паралелено со оперативната истрага, според српските медиуми, се чешла и дворот на куќата на семејството каде исчезнала Данка. На местото дошол и багер кој го прекопувал запуштениот имотот прекриен со шут и обраснат со трње. Во исто време, полицијата врши проверка на шахтите и јамите во населбата.

-Може да кажеме дека поголем дел е пребаран, но секогаш постојат тие пет до десет отсто веројатност, што не можеме да ја потврдиме, дека детето го нема, од различни фактори. Постои ситуација кога ветерт не го носи мирисот на страната од каде доаѓа куќето, туку го носи на друга страна,- Дејан Шевковиќ – планинарска спасувачка служба.

Потрагата по двегодишното девојче до вчера се вршеше од воздух и копно, со над илјада полицајци, спасувачи и доброволци. Се користеа дронови со термо камери, хеликоптери и кучиња трагачи, но досега потрагата не даде никаков одговор.

На Данка Илиќ ѝ се губи секаква трага од вторникот околу 13 часот во приградската населба Бањско Поље кај Бор. Исчезнала во моментот, кога мајката му давала вода на својот син. Полицијата дошла за 15-тина минути по пријавувањето, а последен пат, според мештаните, била видена како се упатува кон шумата.

притисни ентер