Вкупно пет лица, вклучително и организаторот на протестот се приведени во Тетово

Уште двајца приведени денеска, вкупно пет, по вчерашните инциденти за време на протестот поради трагедијата во модуларната болница во Тетово.. 

Полицијата претпладнево уапси уште две лица на возраст од 33 и 30 години, кои учествувале на вчерашниот протест во Тетово на кој се бараше правда за загинатите во пожарот во модуларната болница . Според полицијата тие се однесувале агресивно и физички нападнале полициски службеници. Со ова, за инцидентите кои се случија на протестот досега вкупно се приведени петмина, а полесно се повредени четворица полицајци. Меѓу тројцата, кои беа приведени вчера е и организаторот на протесестите Блерим Ахмеди, кој на јавноста и е познат и како организатор на протестите кои се случија во Скопје во февруари годинава за затворските казни во случајот „Монструм“, а кои исто така завршија со инциденти...

Вчерашните инциденти во Тетово следуваа по протестниот марш од плоштадот до општината со кој се побара одговорност за 14 луѓе кои пред десет дена ги загубија животите во пожарот во модуларната болница. Дел од демонстрантите продолжија кон седиштето на ДУИ во Мала Речица, каде се судрија со полицијата. Од ДУИ, како и вчера така и денеска ја посочија опозицијата дека стои зад инцидентите.

„ Ние имаме директни докази дека се вмешани претставници од опозицијата и бараме да не ја злоупотребуваат оваа трагедија. “

Од Алијанса за албаниците и Алтернатива ги отфрлија ваквите обвинувањата и побараа итно ослободување на демонстрантите кои беа уапсени.

Во меѓувреме интензивно се одвива истрагата преку која ќе треба да се утврдат причините за избувнувањето на пожарот во тетовската модуларната ковид болница, уверуваат од обвинителството, кое од завчера е засилено и со германските форензичари. Од таму велат дека во моментов се сослушуваат сведоци, а се прибираат и материјални докази. Во истовреме, обвинителството за гонење на организиран криминал со кое раководи Русковска ја проверува документацијата за набавката на модуларните болници.

Стојаноска: Потребно е национално обединување, државата да си ја вратиме во рацете на народот

На вчерашниот масовен митинг во Охрид, претседателот Христијан Мицкоски меѓу останатото повика и на национално обединување како решение, државата да си ја вратиме во рацете на народот бидејќи во моментов е во рацете на мафијата.

Како одличен пример за обединување е токму спортот, бидејќи успесите во спортот без разлика дали се работи за индивидуален или колективен секоја нација ја прават горда и никоја нација не ја поделуваат.

Токму денес во Гостивар е дојден претседателот на комисијата за спорт на ВМРО-ДПМНЕ Борко Ристовски кој има нешто да ви каже.

Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 6

Јакимовски: Левица и ЗНАМ стануваат дел од ВМРО-ДПМНЕ

ГРОМ и „Храбро за Македонија“ остануваат единствената трета опција со промакедонски ставови која не ги лаже македонскиот народ и граѓаните!

- За среќа конечно маските пандаа. Христијан Мицкоски јавно објави дека повеќе нема да ги напаѓа ниту Левица, ниту ЗНАМ, ниту господинот Максим Димитриевски, што значи дека тие од тајна стануваат јавна коалиција и ова јасно покажува дека тие веќе ги имаат усогласено ставовите во врска со промена на Уставот и во врска со внесот на Бугарите во Уставот на Република Македонија, а веројатно се имаат и договорено за промена на Уставот и избор на претседател во Собранието, онака како што бараат албанските партии во Република Македонија. Ова јасно покажува дека и Левица и ЗНАМ стануваат дел од ВМРО-ДПМНЕ и тсануваат продолжена рака на оваа коалиција и оваа голема политичка партија и станува јасно на политичката сцена, искрен да бидам јас сум многу среќен, затоа што ГРОМ и коалицијата „Храбро за Македонија“ останува единствена трета опција, единствена независна сила што се бори против овие два големи политички блока коишто не донесоа среќа на граѓаните на Република Македонија и коишто водат политика по принципот „кажуваат ДА и кога народот вели НЕ“. Очигледно е дека за овие промени коишто тие сакаат да ги направат во Уставот граѓаните јасно се изјаснуваат дека нивниот одговор е НЕ, но ова повеќе од јасно укажува дека се создава уште една група којашто сака спротивно на интересите и мислењето на граѓаните и јавното мнение кое кажува НЕ, тие да кажат ДА за уставните промени и јасно е дека ги имаат усогласено овие нивни чудни ставови. Но навистина е крајно нечесно да се трудите да ги изиграте македонските граѓани, да го изиграте македонскиот народ, цело време да глумите патриотизам, да глумите уставобранители, цело време да глумите дека сте загрижени за граѓаните и дека вие сте тие што ќе ги ограничите ДУИ во нивниот поход кон освојување на комплетната власт на Република Македонија, а всушност се подготвувате и се групирате да го извршите најголемото предавство во историјата на македонскиот народ. Јас уште еднаш ќе кажам дека сум многу среќен што се случува ова, затоа што граѓаните јасно можат да видат, а поготово гласачкото тело на ЗНАМ и на Левица јасно можат да видат дека единствена трета опција во оваа држава со јасни македонски ставови останува само коалицијата „Храбро за Македонија“ и ГРОМ! - нагласи Јакимовски.

Мисајловски: Во фокусот на програмата на ВМРО-ДПМНЕ е економијата и животниот стандард

Денеска сум повторно во Ѓорче Петров заедно со пратеникот Бојан Стојаноски и со нашата кандидатка на пратеничката листа, Габриела Калкова и градоначалникот, Александар Стојкоски.

Денеска имаме убава можност тука во Ѓорче Петров да се сретнеме со повеќе компании да разговараме за сите предизвици, но исто така да ја претставиме и нашата програма, нашата Платформа каде предвидуваме илјадници проекти за подобар живот се разбира, но пред се за подобар стандард и подобра економија. Ќе разговараме за рамниот данок, ќе разговараме како да се зголеми продуктивноста на компаниите, но и за отворање на нови 50 илјади работни места.

Главниот фокус на програмата на ВМРО-ДПМНЕ е економијата и животниот стандард, тука сме најмногу фокусирани и затоа сакаме да ги слушнеме компаниите кои се нивните маки, бидејќи овие 7 години имаа навистина многу предизвици, многу потешкотии и сакаме заеднички со нив партнерски да градиме однос во иднината каде навистина ќе им помогнеме со многу мерки од нашата програма.

Продолжуваме на терен секој еден ден да се среќаваме со луѓето, но се разбира и со сите бизнисмени компании за да можеме заеднички да направиме една заедничка победа бидејќи Македонија е за сите луѓе

Македонија треба повторно да биде твоја, а промените се во рацете на сите луѓе.

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ носител на изборна единица 2

притисни ентер