Вкупно 20711 активни случаи на Ковид-19, речиси половината, 9985 се во Скопје

Во претходното деноноќие се евидентирани 1039 нови случаи на ковид-19 од направени 3143 тестирања. Има 998 оздравени пациенти, а починаа 15 лица.  24660

Активни 20711 случаи на Ковид-19, во болниците има уште слободни кревети

Вкупно 20711 активни случаи на Ковид-19 се регистрирани во земјава, од кои речиси половината 9985 се во Скопје, а во болниците се лекуваат 1290 пациенти. И покрај растот на бројот на инфицираните, сепак, болниците располагаат со слободни кревети. За да се овозможат дополнителни простории за лекување на заболените, од понеделник на располагање ќе бидат ставени и дел од капацитетите и медицински екипи и од приватните болници.

Во претходното деноноќие се евидентирани 1039 нови случаи на ковид-19 од направени 3143 тестирања. Има 998 оздравени пациенти, а починаа 15 лица. 24660

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 56164. Оздравени се 33892 лица, а битката со кронавирусот ја загубија 1561.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 16 до 22 ноември регистрирани сe 7.486 позитивни случаи во 35 градови во државата. Заболени има во сите возрасни групи. Најзастапени се лицата над 60 години. Најмал број е регистриран кај децата до девет години, и од 10 до 19 години.

Надлежните уверуваат дека и покрај големиот наплив на пациенти, тие се во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Топ-25 листа најпривлечни туристички знаменитости во Европа

 На топ-листите, покриени се големи и мали градови, докажани дестинации, плажи и езера, планини и долини, национални паркови, можности за крстарења, врвни гастрономски искуства.

Списанието „Травел & лејжр“ (Travel & Leisure), со мрежа од стотици објавувачи и фотографи ширум светот, редовно на своите читатели им овозможува увид во најдобрите места за туризам, престој, јадења, истражување... На топ-листите, покриени се големи и мали градови, докажани дестинации, плажи и езера, планини и долини, национални паркови, можности за крстарења, врвни гастрономски искуства.

Следи новата листа 25 најубави места за посета во Европа:

- Вила „Руфоло“ во градот Равело, Италија;

- Плажата Егремни, Лефкада, Грција;

- Палатата „Пена“, Синтра, Португалија;

- Островот Госпа од Шкрпјела, Црна Гора;

- Бриж, Белгија;

- Опатија на Пресвета Богородица од Сенанк, Гордес, Франција;

- Португалскиот остров Сао Мигел, од архипелагот Азури;

- Кеукенхоф, Лисе, Холандија;

- Шато де Шамбор, во долината на Лоара, Франција;

- Националниот парк Плитвички Езера, Хрватска;

- Колосеумот во Рим, Италија;

- Лапонија, Финска;

- Сан Фрутуозо, Италија;

- Островот Скај, Шкотска;

- Хотелот „Сељаландсфос“ во Хволсволур, Исланд;

- Црковниот храм „Ла саграда фамилија“, Барселона, Шпанија;

- Замокот „Нојшванштајн“ во Швангау, Германија;

- Гејрангерфјорд, Норвешка;

- Ѕидовите на Дубровник во Хрватска;

- Халштат, Австрија;

- Гранд Плас, Брисел, Белгија;

- Ушгули, Грузија;

- Нихавн, Копенхаген, Данска;

- Сината лагуна на Исланд;

- Ракоцбрике, Кромлау, Германија.

Македонија домаќин на Малта во првиот натпревар од квалификациите за Еуро 2024

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва  на арената Тоше Проески  ги започнува натпреварите во нов квалификациски цикслус за едно ЕУРО.

Црвено жолтите вечерва на нашиот најголем стадион се домаќини на Малта во првиот натпревар од квалификациите за Европскиот шампионат во 2024 година.

Нашите најдобри фудбалери на овој дуел влегуваат како фаворити и се надеваат на три бода на стартот во квалификациите за Еуро 2024.

Капитенот Стефан Ристовски посакува победа за зголемувањето на самодовербата пред средбите со посилните репрезентации.

- Се работи за една од потешките групи во овие квалификации, но низ целиот циклус се носевме ние со повреди и не бевме комплетни. Ние сме селекција која за жал нема голема ширина на играчи, но ете, драго ми е што сме сите тука моментално и се надевам дека низ целата година ќе бидеме здрави. Тоа е и најважно. Доволно се знаеме и сме искусни во оваа репрезентација. Кажав доста пати дека сите ривали се исклучително квалитетни репрезентации, тука се фаворитите за европската титула Ангилја и Италија, исто така и Украина која располага со одлични резултати. Одиме чекор по чекор, имаме добар распоред и ако отвориме со Малта на добар начин, ќе добиеме ветер во грбот за следните натпревари, изјави Ристовски.

Натпреварот ќе се игра вечер од 20:45 часот на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Самит на ЕУ посветен на Украина

Претседателот на Советот на Европска Унија, Шарл Мишел испрати писмо до лидерите на земјите-членки на ЕУ, во кое ги покани на Самитот закажан за денеска и утре во Брисел.

Мишел преку писмо ги информира лидерите на ЕУ дека главна тема на разговор денеска ќе биде Украина.

Самитот ќе почне на работен ручек со генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш, на кој ќе се разговара за клучните геополитички прашања и глобалните предизвици, а потоа украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе им се придружи на лидерите преку видео-конференција.

Мишел истакна дека ЕУ, како и секогаш, ќе ја потврди својата „непоколеблива посветеност да и помогне на Украина“, што вклучува продолжување на работата за користење замрзнати руски средства.

- Најважно, од нашата последна средба во февруари, работиме на итно зголемување на производството и испораката на муниција во Украина. Нашата цел е да и обезбедиме на Украина еден милион парчиња муниција во следните 12 месеци и да обезбедиме соодветно финансирање. За таа цел ќе треба да преземеме мерки за зајакнување на производствениот капацитет на европската одбранбена индустрија, посочи Мишел.

притисни ентер