Вкупно 14 лица не ја почитувале забраната за движење во шума без одобрение

Вкупно 14 лица во државата досега не ја почитувале забраната за движење во шума без одобрение. 

Вкупно 14 лица не ја почитувале забраната за движење во шума без одобрение

Вака одговорија од МВР на прашање од МИА, во врска со тоа колку лица биле затекнати во шума, во време на забрана за движење без одобрение. Забраната за движење во шума без одобрение, беше донесена на 15 јули како превенција од пожари.

- За непочитување на забрана за движење во шумски предели односно за движење без одобрение во шума за време на забрана, на 14 лица (по четири лица затекнати на подрачје на планина Беласица - Струмица и Градечка Планина - Валандово, три лица на планина Огражден - Пехчево, две на подрачје на Неготино и едно на подрачје на Крива Паланка) им се издадени записници за констатиран прекршок по Закон за шуми, што ќе бидат доставени до подрачни единици на Шумска полиција за понатамошно постапување, се вели во писмениот одговор.

На прашање од МИА, СВР Велес одговори дека за време на забрана за движење во шума, на подрачјето на СВР Велес има затекнато две лица кои не ја почитувале забраната.

Настанот бил случен на 23.07.2024 во 16.10 часот на локалниот пат кон село Калањево, неготинско. Таму од страна на полициски службеници од ОВР Неготино, било запрено патничко возило „мерцедес“ со неготински регистарски ознаки управувано од В.Т.(24) и сопатник В.Ч.(25) и двајцата од Неготино, кои се движеле во шума без дозвола за движење. По документирање на настанот против нив била поднесена соодветна пријава, се појаснува во писмениот одговор.

На 15 јули, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште.

- Ваквата согласност се дава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор. Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“ и истата започнува од 15.07.2024 година и ќе трае се до денот на нејзиното отповикување, во терминот од 06:00 до 20:00 часот. Целосната забрана за движење во шумите ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“, за подрачјето со кое управуваат, соопштија тогаш од Министерството.

Притоа беше појаснето дека за непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнат да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.

Лазаров пред реваншот со Баја Маре: Многу сум претпазлив за она што следи во недела

 Ракометниот клуб Алкалоид во недела на 30 март во салата „Автокоманда“ со почеток од 19:00 часот ќе игра важен меч против Минаур Баја Маре (Романија), за место во полуфиналето во рамки на Европскиот Куп на ЕХФ.

Лазаров пред реваншот со Баја Маре: Многу сум претпазлив за она што следи во недела

Првиот натпревар во Романија заврши нерешено 31-31 па екипата на Кирил Лазаров во Скопје ќе игра за пласман меѓу најдобрите четири екипи во ова натпреварување.

На прес-конференција пред натпреварот, тренерот на Алкалоид изјави дека овој меч е од големо значење за македонскиот ракомет и спорт и доста претпазливо ќе влезат во реваншот.

-Многу сум претпазлив за она што следи во недела. Ќе се обидеме да одиграме еден квалитетен натпревар. Секој нивни старт (во првиот натпревар) беше на раб на исклучување, а само двапати добија исклучување. Мора да вложиме додатен напор за да се пласираме во полуфинале. Очекувам поддршка од навивачите, изјави Лазаров.

Максимално се подготвуваме за натпреварот против Баја Маре и се надевам на позитивен резултат и пласман во полуфиналето, изјави на денешната прес-конференција ракометарот на Алкалоид, Марко Стојковиќ пред реванш дуелот против романската екипа во четвртфиналето од Европскиот Куп на ЕХФ.

-Ја повикувам публиката да дојде во голем број и да ни даде поддршка, за на крајот заедно да славиме, порача Стојковиќ.

Дуелот се игра на 30 март во салата „Автокоманда“ во Скопје со почеток од 19:00 часот.

Победникот од овој дуел ќе игра полуфинале против подобриот од дуелот Олимпијакос - Рунар.

EK ќе инвестира 1,3 милијарди евра во вештачката интелигенција, кибер безбедноста....

EK ќе инвестира 1,3 милијарди евра во вештачката интелигенција, кибер безбедноста и дигиталните вештини ширум Европа.

EK ќе инвестира 1,3 милијарди евра во вештачката интелигенција, кибер безбедноста....

Европската комисија денеска усвои Работна програма за инструментот „Дигитална Европа“ за периодот 2025-2027 година, со која се предвидени 1,3 милијарди евра за поддршка на клучните технологии кои се од стратешка важност за иднината на Европа и за технолошкиот суверенитет на континентот, јави дописникот на МИА од Брисел.

Како што соопшти ЕК, Работната програма се фокусира на примената на вештачката интелигенција во бизнис секторот и јавната администрација, на зајакнување на кибер безбедноста и за зголемување на дигиталните вештини.

Се очекува во текот на следниот месец ЕК да почне со распишување на конкурси за користење средства од Програмата за конкретни проекти. Право на учество на конкурсите ќе имаат компании, јавната администрација и други субјекти од членките на ЕУ и ЕФТА, како и од трети земји опфатени со „Дигитална Европа“, меѓу кои е и Македонија.

Клучните приоритети на Работната програма се насочени кон подобрување на достапноста на генеративните апликации за вештачка интелигенција, вклучително и во здравствениот сектор, како и кон поддршка на европските центри за дигитални иновации, што ќе им овозможи на компаниите и јавниот сектор пристап до техничка експертиза и тестирање, совети, обуки и вештини за усвојување на најновите технологии.

Дополнително се предвидува надградба на иницијатива „Дестинација Земја“, насочена кон изработка на дигитален модел на Земјата за поддршка на климатската адаптација и управувањето со ризици од катастрофи, потоа зајакнување на кибер безбедност, пред се на критичната инфраструктура, проширување на капацитетите за образование и обука за дигитални вештини, усвојување на регулативите за „паричникот за дигитален идентитет“ од страна на земјите членки, како и стимулирање на трансформацијата на јавниот сектор преку развој на ефикасни, висококвалитетни и интероперабилни дигитални јавни услуги.

Со Работната програма се предвидува и поттикнување на иновациите за развој на стратешки технологии, преку подобрување на можностите за пристап до јавно и приватно финансирање.

„Дигитална Европа“ има за цел финансирање на проекти насочени кон доближување на дигиталната технологија до бизнисите и граѓаните. Со својот буџет од 8,1 милијарди евра за периодот 2021-2027 година, „Дигитална Европа“, се надоврзува на финансирањата преку другите иницијативи на ЕУ, како „Хоризонт Европа“, „ЕУ за Здравството“, „ИнвестЕУ“, „Поврзување на Европа“ или Механизмот за обнова и отпорност.

Адмирал Манч: Македонија покажа дека е силен и способен сојузник

Македонија покажа дека е силен и способен сојузник, придонесувач, а не само примач.

Адмирал Манч: Македонија покажа дека е силен и способен сојузник

Командантот на здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Стјуарт Манч денеска во Касарната Илинден се обрати на петгодишнината од членството на Македонија во НАТО.

- Македонија повеќепати покажа дека е силен и способен сојузник, придонесувач не само примач, рече адмиралот додавајќи дека со декади нашите војници се дел од операциите на НАТО во Авганистан, Ирак, Косово, БиХ...

За полигонот Криволак, кажа дека станал еден од првите во Европа за воени вежби. Адмиралот Манч рече дека НАТО знае дека може да се потпре на Македонија, и Македонија знае дека може да смета на НАТО.

Адмиралот Манч обраќањето го почна со едмноминутен молк за загинатите во трагедијата во Кочани изразувајќи сочувство и поддршка.

Потсети дека Македонија го започнала патот за членство во НАТО пред 30 години и покажала определба и заложба за реформи, ги надминала пречките и тргнала кон трансформација.

Во март 2020 вашата амбиција, посочи тој, стана реалност. Денес, како што кажа, не одбележуваме само годишнина туку и што може да се постигне со споделените вредности, способности, одговорноста и посветеноста на сите членки на НАТО.

-Овој регион и нашиот свет ќе продолжи да се соочува со комплекси предизвици причинети од зголемени тензии и влијанието на оние кои сакаат да ги поткопаат нашите вредности и начинот на живот. Заедно, 32-те нации во НАТО ќе останат обединети околу предизвиците бидејќи ние знаеме дека штитејќи го мирот е витално. Мирот е најдобар начин да се осигура долготраен одржлив мир и стабилност. Мирот е основа за прогрес и просперитет за сите, рече, меѓудругото, адмиралот Манч, Командантот на здружената команда на сојузничките сили во Неапол.

На свеченоста се обратија и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајот Сашко Лафчиски, претседателката Гордана Сиљановска Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, а присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието Африм Гаши, претставници од воено–дипломатскиот кор во земјава и други гости.

притисни ентер