-Од 11.904 лица кои се стекнале со статус на невработени поради престанок на работниот однос, 5.703 лица (47,9%) се поради истек на договор за вработување на определено време, 3.082 лица (25,9%) се поради спогодбен престанок на работен однос, 1.169 лица (9,8%) се поради отказ од работодавачот, 1.112 лица (9,3%) се поради отказ од страна на работникот, 380 лица (3,2%) се поради отказ од деловни причини (технолошки, економски, организациски и слични промени), 104 лица (0,9%) се поради стечај – ликвидација, 76 лица (0,6%) се поради престанок на дејноста на работодавачот, а останатите 278 лица (2,3%) се поради други основи на престанок (записник од Државен инспекторат за труд, судска пресуда и сл.), соопшти Агенцијата за вработување.
Најголем дел од работниците на кои им е прекинат работен однос 4.230 лица или 35,5% се од преработувачката индустрија, потоа од дејноста трговија на големо и трговија на мало 2.324 лица или 19,5%, како и од дејноста објекти за сместување и сервисни дејности со храна 1.432 лица или 12,0%.
Од лицата кои останале без работа 6.961 (58,5%) се со непотполно средно и завршено средно образование, 3.128 лица (26,3%) се без образование и со основно образование, а 1.815 (15,2%) лица се со вишо и високо образование.
Најголем делод новоневработените се на возраст од 30 – 49 години (5.729 лица или 48,1%), на возраст до 29 години се 3.276 лица (27,5%), а на возраст над 50 години се 2.899 лица (24,4%).
Вкупниот број на невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување во периодот март – мај 2020 година бележи зголемување за 12.297 лица.