Вкупно 1.814.263 граѓани имаат право на глас, кампањата добива на интензитет

Вкупно 1.814.263 граѓани имаат право да гласаат на претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 15 јули. 

Државната изборна комисија (ДИК) вчера го заклучи Избирачкиот список. Во меѓувреме, кампањата продолжува со уште позасилено темпо. Сé погласни се партиските ветувања и препукувања. Покрај претставувањето на програмите, доминираат повиците за масовна излезност, се ветуваат реформи и економски просперитет.

Коалицијата „Можеме" предводена од СДСМ синоќа од Струга уште еднаш порача дека земјава е на вистинскиот пат и дека времето на режимот заврши. Според ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија", време е за историска победа и за обнова на државата. ДУИ продолжува да ја турка идејата – Албанец премиер, додека коалицијата „Сега е време" на Алијанса за Албанците и Алтернатива најавува промени.

-Да останеме на вистинскиот пат. Докажавме дека можеме, а можеме уште повеќе и уште подобро. Не само што ги исполнивме целите, туку изградивме и пријателство. Денеска сме членка на НАТО и држава со одлука за почеток на преговорите. Сите фронтови пред нас се отворени и сите мегдани ни се на дофат, а враќањето на режимот нема да се случи никогаш повторно. Изминативе 2,5 години носевме храбри одлуки, без да се калкулира за личниот и партискиот рејтинг, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на граѓанската трибина во Струга.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Кичево повтори дека ова не се обични избори, туку поразлични од сите досегашни поради КОВИД-19, а тоа треба да е мотивација плус за обединување против власта.

-Ни треба историски резултат. Се чувствува голем триумф на правдата врз неправдата, на доброто врз злото, на честа врз срамот. Да покажеме како се работи за сопствената држава. По 15 јули да ги засукаме ракавите и да ја обновиме Македонија зашто во пепел ќе ја наследиме. Да ја вратиме насмевката на граѓаните. Доаѓаат најдобрите четири години, доста беше понижување и порази, доста беше срам, доста беше од политичари елитисти, истакна Мицкоски.

Никој да не се плаши од првиот премиер Албанец, беше пораката на Ахмети. ДУИ излезе и со барање за ТВ дебата, за соочување на нивниот кандидат за премиер, Насер Зибери, со Заев и Мицкоски. Граѓаните имаат право да ги видат тројцата кандидати за премиер на ТВ дебата, е образложението на партијата.

– Се крена врева зашто излеговме со нашето легитимно барање за премиер Албанец, а со премиер Албанец ќе се зголеми лојалноста на Албанците кон државата, ќе се зајакне интегритетот и суверенитетот на државата. Како можеше да се избере претседател на Собранието Албанец, министер за одбрана Албанец, министер за внатрешни работи Албанец, претседател на Врховниот суд Албанец и ништо лошо не и се случи на оваа земја, напротив, процесите се движат напред, рече Ахмети во Куманово и укажа на неопходноста од спроведување реформи во правосудството, како и од продолжување на борбата против криминалот и корупцијата.

Села, кој е носител на листа на коалицијата „Сега е време" во шестата Изборна единица, повика на 15 јули граѓаните да гласаат за промена. Упати и апел до сите Албанци вработени во администрацијата дека никој нема право да ги уценува, да им се заканува или да им врши притисок за гласање.

-Да гласаме за промената, да ја направиме државата за сите. Ние ќе го чуваме достоинството на секој од вас. На 15 јули ќе заврши дискриминацијата и понижувањето на администраторите. Ние нема да отпуштиме никого, напротив, ќе има напредувања, ќе го дадаме заслуженото место во државната администрација, рече Села на средбите со жителите во Дебрце, Требош, Палатица, Желино и Стримница.

Своите програми ги претставија и македонската конзервативна партија Интегра на средба со граѓани во Тетово, како и Македонски концепт на средба со граѓани во Скопје.

Здруженијата на граѓани, пак, ги повикаа политичките партии кои учествуваат на изборите да потпишат декларацијата за приоритетно донесување на законот за спречување и заштита од дискриминација од страна на идниот парламентарен состав. Иницијатори на декларацијата се: Мрежата за заштита од дискриминација (МЗД), Национална мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата (НМХТ), Платформа за родова еднаквост, Македонска платформа против сиромаштија (МППС), Мрежа 23, Неформална мрежа на ромски организации, Блупринт група за реформи во правосудството, Платформа на граѓански организации за борба против корупцијата, Платформа за одржливост на сервисите за превенција и поддршка за ХИВ) кои заедно бројат повеќе од 100 здуженија.

Кампањата продолжува и денеска. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев утрово ќе даде изјава за медиумите. пред Собранието, а носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ ќе остварат средби со граѓани во неколку градови. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ги посети општините Дебар, Маврово Ростуше, Гостивар и Тетово, носителот на листа во ИЕ2, Владо Мисајловски ќе даде изјава во Визбегово и ќе оствари средба со жителите на Ѓорче Петров, носителот на листа во ИЕ 3, Игор Јанушев ќе оствари средба со жителите на општина Свети Николе, додека носителот на листа во ИЕ 4, Алекснадар Николоски ќе оствари средба со жителите на село Пепелиште општина Неготино, како и средба со жителите на село Криволак.

Караванот на Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија" ќе оствари средби со граѓаните во скопските општини кои припаѓаат на изборните единици број 1 и 2. Носителите на листи во и.е. 1 и 2, Билјана Џинго и проф. д-р Јове Кекеновски како и претседателот на Единствена Македонија проф. д-р Јанко Бачев ќе дадат изјави за медиумите пред спомена куќата на Мајка Тереза.

Прес-конференцијата најави и коалицијата „Сега е време" на Алијанса за Албанците и Алтернатива. /МИА

Ужас во Словачка: Родители си ги тепале своите четири деца со синџири и ремени, ги изгладнувале

Во брутален случај на злоупотреба на четири деца во Словачка, полицијата ги уапси мајката Јарослава (32) и таткото Милан (42).

Децата доживеале неверојатна тортура, родителите наводно ги тепале со ремени и синџири. Откако ќе ги претепале, ги затворале и ги изгладнувале. Сепак, Јарослава за време на сослушувањето го обвини таткото за сѐ, објавија локалните медиуми.

Таа наводно рекла дека имала многу лоши односи со Милан. Според неа, тој наводно бил алкохоличар во последните 10 години. Во една прилика тој наводно го претепал синот Адријан со ремен, а потоа рекол дека не сака да го прави тоа. Според медиумите, мајката знаела дека таткото не им дава храна на децата.

Јарослава тогаш изјавила дека Милан не им дозволувал ништо на децата, кои многу се плашеле од него. Милан наводно во една прилика го претепал Адријан со тоа што го извлекол од креветот и го удирал со таква сила што момчето се онесвестило.

Катанците во куќата наликувале на затворски. Биле ставени на шкафовите, на вратата од детската соба, но и на фрижидерот, за децата да не изедат сѐ. Низ куќата одекнувале грди зборови.

Оваа ужасна злоупотреба била откриена минатата недела. Резултатите од истрагата покажуваат дека злоставувањето било откриено за време на часот по физичко, кога Адријан се пресоблекувал во спортска облека во соблекувалната.

Момчето наводно не сакало да каже ништо пред тоа бидејќи се плашело од тоа што може да го чека дома. Тој рекол дека татко му го тепал со синџир.

Медицинскиот извештај на Универзитетската болница во Трнава покажува дека Адријан се здобил со контузија и хематом на градниот кош.

На Милан сега му се закануваат 15 години затвор. Сепак, неговото семејство не се согласува со обвинувањата, додека неговата сестра тврди дека Милан никогаш не злоставувал деца.

„Одеше на работа додека жена му беше дома, таа не ни готвеше. Добро се грижеше за децата. Имаа брава на вратата да не ја отвораат децата. Децата го земаа јогуртот, јадеа малку па го фрлаа во ѓубре“, тврди сестрата на обвинетиот.

Полицијата ја продолжува истрагата.

Повторно е нападната американската воена база во Ирак

Вчера била нападната американската воена воздухопловна база Ал Асад во западниот дел на Ирак, а во нападот не е направена никаква штета и никој не е повреден, изјави неименуван американски функционер за Тајмс оф Израел.

„Ова беше втор напад врз американските сили од 4 февруари“, додаде американскиот официјален претставник, мислејќи на нападот во неделата кога беа истрелани пет ракети врз истата база од пограничниот град Зума.

Во тоа време, САД објавија дека сојузничкиот борбен авион уништил ракетен фрлач во Сирија, додавајќи дека ниту еден американски воен персонал не бил повреден.

Бранот од 165 напади врз американските војници во Ирак и Сирија започна во октомври минатата година, откако Хамас го нападна Израел, а заврши во февруари кога САД извршија воздушни напади врз цели поврзани со Иран во Ирак и Сирија.

Ен Хатавеј се потсети на одвратната аудиција, на која морала да се бакнува со 10 колеги (ВИДЕО)

Ен Хатавеј вели дека тестовите за хемија меѓу актерите во раните 2000-ти биле одвратни, пишува IndieWire.

Во интервју за магазинот V, актерката се присети на незгодните аудиции за романтични комедии во кои глумеше на почетокот на кариерата.

„Во 2000-тите беше нормално да се бара од актерите да се бакнуваат за време на аудиција, да се тестира хемијата, иако тоа е најлошиот начин да се тестира хемијата - дури и мене ми се има случено“, рече актерката. „Тие рекоа: „Имаме десет момци кои доаѓаат денес, а ти ја доби улогата. Зарем не си возбудена да ги бакнуваш? Мислев дека нешто не е во ред со мене бидејќи не бев возбудена.“

„Бев толку млада и знаев колку е лесно да изгубиш сè ако некој рече дека ти е тешко да се работи, па се преправав дека сум возбудена“, објаснила ѕвездата од „Дневниците на принцезата“. „Тоа не беше игра за моќ, никој не се обидуваше да ме повреди или да биде ужасен. Тоа беа различни времиња и ние денес подобро знаеме“.

Наскоро ќе можеме да ја видиме Хатавеј во романтичниот филм The Idea of ​​You, кој пристигнува на Prime Video на 2 мај. Во филмот, актерката толкува 40-годишна самохрана мајка која влегува во врска со 24-годишен музичар, кој го игра Николас Галицин.

Филмот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал South by Southwest, кој се одржа во март годинава. Критичарите на Rotten Tomatoes го оценија The Idea of ​​You со 95 проценти.

притисни ентер