Вкупниот број на заразени во САД се искачи на 245 373, а починаа 6 095 лица

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно бил тестиран на коронавирус и резултатите му биле негативни, јавија американските медиуми.

Вкупниот број на заразени во САД се искачи на 245 373, а починаа 6 095 лица

Американската администрација е подготвена да тргне по примерот на функционерите од сојузните држави и почна американците да ги советува надвор од своите домови да носат заштитни маски. Епидемијата на коронавирусот во САД е во полн ек, а бројот на починати рапидно се зголемува.

На брифинг во Белата куќа, Дебора Брикс, членка на штабот за борба потив коронавирусот, изјави дека центрите за контрола на болести во САД, во текот на следните денови во препораките за заштита од заразата ќе го додадат и носењето заштитни маски.

И шефот на штабот за превенција на коорнавирусот, потпретседателот Мајкл Пенс, на брифингот во Белата куќа изјави дека мерката за носење маски ќе биде донесена најдоцна за неколку дена, јави ДПА.

притисни ентер