Вирусот ни се искраде

Имав температура, околу 38,7 беше, два-три дена. Пиев парацетамол и се препотував. Осеќав дека ми беше отапено и чувството за вкус и мирис.

Првично, не се сомневав на КОВИД-19. Во меѓувреме, разбрав дека еден колега од Велес веќе бил позитивен. Поради тоа се посомневав и кај матичниот лекар побарав да се тестирам, иако со заболениот немав директен контакт. Но, користиме заеднички простории, возила и слично.

Вака за МИА го раскажа искуството со коронавирусот 37-годишниот Стојанче Волканоски, инспектор за прекугранична соработка во Гранична полиција при Регионален центар Југ, со седиште во Кавадарци. Во согласност со работните обврски, тој по потреба патувал во Гевгелија, Дојран, Меџитлија и други места, затоа што организациски го покриваат теренот до Маркова Нога, Преспа, или цела јужна граница.

– Инаку, на работа редовно се води сметка за заштита, се прска со дезинфекциски средства, се носат маски и ракавици, се одржува физичка дистанца помеѓу колегите. Но, ете, на некој начин, што би рекол народот, вирусот се искраде. Слушаме дека вирусот може да остави тешки последици кај некои луѓе, дека наеднаш може да откажат органи. Искрено, не ми беше сеедно. Нормално е секој да се плаши за сопственото здравје. Не беше сеедно, со оглед на тоа што мајка ми има хроничен бронхитис, а јас сезонска алергиска астма. Но, добро е бидејќи сè добро се заврши, со дишните патишта немав апсолутно никакви проблеми, вели Волканоски.

Била тестирана и неговата поголема ќерка, нејзиниот резултат бил негативен. Во Центарот за јавно здравје ги посочил лицата со кои во меѓувреме бил во контакт, по што биле анкетирани од Центарот за јавно здравје и им била препорачана 14-дневна изолација. Сега нема никакви симптоми, но ги почитува препораките на докторите за двоседмична изолација во домашни услови. Потоа треба да има два негативни теста, па да му се врати на нормалниот живот.

Во неговиот случај, немало никаква осуда ниту, пак, предрасуди од опкружувањето. Околината со многу разбирање ја прифатила неговата состојба.

– Се јавија роднини и пријатели да ми дадат поддршка. Многу луѓе се понудија, ако треба нешто, да ни донесат, со оглед на тоа што извесен период, до 4 јуни, моето семејство не смее да излегува надвор, откри Волканоски, син на полицаецот Коста Волканоски, кој го загуби животот од 120-милиметарска граната испукана на Попова Шапка, во воениот конфликт во јуни 2001 година, додава Волканоски.

Првпат татко ми да ми рече не смееш да идеш кај мене дома

За потребите на оваа сторија, а сè со цел да се разбие скептицизмот кај оние што не веруваат дека коронавирусот постои, се обидовме да поразговараме со неколкумина што беа позитивни на КОВИД-19, од повеќе општини.

Стравот натерал двајца од позитивните што имаа лесна слика да се изолираат од помал град во село, бегајќи од помладите, стравувајќи тие да не им донесат нешто. Дури и на празник не сакале гости и не сакале да ги примат дури и сопствените деца со нивните семејства.

– Јас дури се изненадив, првпат татко ми да ми рече не смееш да идеш кај мене дома. Нема што, дома оди си право, така рече, ми кажа нивната ќерка во неофицијален разговор. Никој од семејството не сакаше јавно да зборува за несекојдневното искуство со вирусот што предизвика пандемија во светот, вели соговрникот на МИА.

Близок на лице што немало никакви симптоми, а излегло позитивно на тестот, се тестирало по семеен настан на кој биле негови блиски, а таму имало и други, кои подоцна се покажале како позитивни, кажува дека виделе мака, луѓе бегале од нив.

Кога сопругот го има последниот збор

Има и такви што со денови лежеле во болница поради КОВИД-19, со неколку позитивни тестови, но тие или сè уште се во болница, или не одговараа на нашите телефонски повици, или не сакаа да споделат со јавноста како ја добиле битката со вирусот.

И сосема за крај. Ако на изборите во 2016 година еден маж ѝ го искина гласачкото ливче на сопругата, оти не му дозволиле да види за кого гласа жена му, овојпат имав ситуација да се договорам со жена од една од македонските општини, да ми даде изјава околу нејзиното искуство со коронавирус. Требаше да биде искрена, топла приказна за една семејна трагедија, за немањето сила и апетит, за појавата на покачена температура, за претрпени изнемоштеност, стрес и душевна болка.

– Кој ќе плати за тоа, што корист јас од тоа, кажи ѝ на редакцијата да пуштат нешто помош за сиромашните како нас, јас, еве, невработен, па потоа ќе правиме муабет, беше коментарот од нејзиниот сопруг, кој откако ѝ го зеде телефонот, ми откри дека ѝ рекол никако давање информации, и покрај тоа што многу пропатиле поради вирусот, вели соговорникот. /МИА.

Руските сили ги гранатираа Запорожје и Одеса

 Украинците со дронови ја нападнаа Белгородската област

Руските сили изутринава извршија ракетни напади врз индустриската зона во Запорожје на југот на Украина и пристаништето Одеса, соопштија украинските власти.

Шефот на регионот Запорожје, Иван Федоров, на Телеграм напиша дека во нападот нема повредени, пренесува Укринформ.

Во Одеса имаше воздушен напад и екслозии, изјави шефот на регионалната администрација Олех Кипер.

Руската армија ја нападна и воздушната база во градот Конотоп во регионот Суми и 58-та украинска моторизирана пешадиска бригада. Во воздухопловната база се стационирани хеликоптери, а во близина се наоѓа и фабрика за ремонт на авиони.

Украинците, пак, со беспилотни летала ја нападнале руската погранична област Белгород, при што загинале две лица, објавија медиумите во Русија.

Спречен е напад со дронови во Смоленската област, а од делови на уништено беспилотно летало избувнал пожар во зградата на енергетскиот комплекс, изјави шефот на регионот Василиј Анохин.

Претходно во текот на ноќта, како последица на експлозија на дрон, оштетена е енергетската инфраструктура во областа Малојарославец во областа Калуга. /МИА

Сајкоски: Во програмата „Платформа 1198“ за Битола предвидено е изградба на обиколница

Во програмата „Платформа 1198“ за Битола предвидено е изградба на обиколница што ќе ја поврзува со Грција.

Почитувани граѓани на Битола,

Битола и битолчани ќе бидат во фокусот на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

За Битола се предвидени многу инфраструктурни проекти. Во новата програма „Платформа 1198“ за Битола е предвидено да се изгради обиколница што ќе ја поврзува со Грција. Предвидено е да се изгради автопат кој што ќе поврзува Битола со Прилеп, а исто така предвидено е да се изгради патот Градско-Прилеп, со тоа што Битола ќе биде поврзана инфраструктурно и ќе има добра можност за економски развој.

Исто така, предвидено е реконструкција и рехабилитација на патот Кичево-Охрид. Подобрување на патната инфраструктура кон Ресен.

Исто така, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ предвидено е подобрување на железничката инфраструктура.

Со ова, на Битола ќе дадеме можност за економски раст и развој. Можност за подобра иднина на сите, и за младите и за возрасните.

Битола ќе го добие процутот онаков каков што треба да го има низ годините. Битола ќе биде економски центар во регионот.

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5

Ковачки: Со Платформата 1198 ќе го развиваме истокот на Македонија

Изградба на Клиничката болница и обиколница во Штип како и поврзување со Струмица.

Полека се враќа ентузијазмот кај нашите граѓани, сите се приклучуваат на идејата за Твоја Македонија и сите ни се приклучуваат на ВМРО-ДПМНЕ.

Со Платформата 1198 планираме да го развиваме истокот на Република Македонија, планираме изградба на Клиничката болница во Штип, планираме обиколница околу нашиот Штип и секако планираме физибилити студија, изработка на проект за поврзување на Штип со Струмица.

Како што работи успешно нашиот градоначалник во Штип, така планираме да работиме и ние на централно ниво.

Ги повикувам сите граѓани масовно да ни се приклучат на 24 април да го дадат својот глас за број 2 за Гордана Силјановска Давкова да биде претседател на Македонија, а потоа на 8 мај за Христијан Мицкоски и во Изборна единица 3 да освоиме една голема победа за ВМРО-ДПМНЕ и за Република Македонија.

Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3

притисни ентер