Викендов прекин на сообраќајот кај кружен тек на улица „Лазо Трповски“

Сообраќајот на крстосницата меѓу улиците „Лазо Трповски“ и „Втора македонска бригада“ викендов ќе биде целосно во прекин, поради асфалтирање на новоформираниот кружен тек, јави МИА.

- Автобусите од јавниот градски превоз на автобуската линија со број 9 што сообраќаат кон Топанско поле ќе се движат преку улиците „Џон Кенеди“ и „Лазо Трповски“, до супермаркетот „Принц“. Во обратна насока, кон Центар, ќе се движат по улиците „Методија Митевски“, „Благоја Паровиќ“ и „Џон Кенеди“ и продолжуваат по својата траса, соопшти ГРад Скопје.

Според соопштението, автобусите на линијата со број 18А ќе се движат по булеварите „Словенија“ и „Македонско-косовска бригада“, потоа по улицата „Џон Кенеди“ и продолжуваат по својата траса.

Автобусите со броевите 19, 49 и 81 ќе сообраќаат по улицата „Босна и Херцеговина“, по крак од улицата „Дижонска“ и продолжуваат по својата траса по улицата „Втора македонска бригада“.

Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат разбирање додека траат градежните работи на кружниот тек и да се придржуваат на поставената патна сигнализација.

Променливо облачно со ветер и повремен дожд

Времето ќе биде променливо облачно со засилен северен ветер, кој особено ќе биде изразен во западните и северните делови. 

Во јужните подрачја ќе има услови за повремен локален дожд.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 18, а дневната од 26 до 31 степен.

Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 29 степени.

Зголемена облачност ќе има и во сабота, а потоа следува период на посончево време со пониски утрински температури.

Инвеститорски ден на Берзата, физичките лица ќе тргуваат без провизија

Инвеститорскиот ден се одржува по иницијатива на Македонска берза,

По повод одбележувањето 25 години од основачкото собрание на Македонска берза АД Скопје, денеска на Берзата ќе се одржи Инвеститорски ден, во рамки на кој сите домашни физички лица ќе тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци што ги наплатуваат овластените пазарни институции и учесници.

Од Берзата појаснуваат дека на „Инвеститорскиот ден" сите домашни физички лица ќе можат да купат или продадат кои било акции без да ги платат провизиите кон Берзата, ЦДХВ и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи) што се вклучени во оваа иницијатива.

При тоа ќе треба да бидат исполнети следните услови: инвеститорите да склучат нормални трансакции со акции преку БЕСТ системот, со посредство на некоја од подолу наведените членки на Берзата, износот на остварениот дневен промет по индивидуален инвеститор да не изнесува повеќе од 10.000 евра, независно од бројот на берзански трансакции преку кои истиот ќе биде остварен, трансакциите да бидат склучени преку клиентска, односно сопственичка сметка.

Денеска сите домашни физички лица ќе можат да тргуваат со акции на Берзата, без плаќање на трансакциски трошоци, преку следните седум членки на Берзата: Инвестброкер, Комерцијална банка, НЛБ Банка Скопје, Стопанска банка Скопје, ТТК Банка, Фершпед брокер и Шпаркасе Банка Македонија.

Инвеститорскиот ден се одржува по иницијатива на Македонска берза, а која ја прифатија и во неа активно се вклучени Централниот депозитар за хартии од вредност и седум членки на Берзата и ЦДХВ, а истата доби поддршка и од Комисијата за хартии од вредност.

Иницијативата „Инвеститорски ден" има за цел промовирање на уште поактивно учество на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност и вложување на населението во акции издадени од домашните компании што се тргуваат на Македонска берза, односно зголемување на знаењето за овие финансиски инструменти и подобрување на инвестициската култура во нашата држава.„Инвеститорски ден" што ќе се одржи на 18-ти овој месец.

Од Берзата најавуват дека се планира овој настан да стане традиција на македонскиот пазар на хартии од вредност и да продолжи да се организира редовно и во иднина.

Вечерва во „Само интервју“ ќе гостува Љупчо Николовски.

За прв пат во македонската влада имаме вицепремиер за борба со корупција, каква ќе биде неговата улога?

Драги сограѓани, изборите поминаа, Заев доби нова шанса за борба со корупцијата, седна ли на Илинденска конечно „екипа“ од збор, вечерва во Само Интервју Гоце Михајлоски одговори ќе бара од вицепремиерот за борба со корупција Љупчо Николовски.

За прв пат во македонската влада имаме вицепремиер за борба со корупција, каква ќе биде неговата улога?

За себе вели дека безкомпромисно и чесно ќе си ја „заработува“ платата, дали Македонија конечно доби нова генерација на политичари?

Како вицепремиерот за борба против корупција ќе се носи со клучниот проблем на реформските процеси - корупцијата во високите редови на општеството?

Ќе се „издигне“ ли политичкиот менталитет над „слаткиот“ поткуп, ќе „испливаат“ ли квалитетните кадри пред партиската војска?

Како ќе се носиме со бугарските политики, станува ли историјата услов за евентуално вето?

Злоупотребата на службената положба е „рак-рана“ во светски рамки, што и недостасува на Македонија за да влезе во ЕУ со „чисти раце“?

Вечерва Само Интервју со Љупчо Николовски, ексклузивно на Канал 5 Телевизија.

притисни ентер