Видео: Земјотрес од 6,9 степени го погоди Еквадор, има урнати објекти и загинати

Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Еквадор.

Земјотресот бил длабочина од 75 километри и се случи нешто по 18 часот по средноевропско време, а најсилно погоден е градот нарањала.

На социјалните мрежи се шират драматични снимки од земјотресот. на нив се гледаат урнати куќи и луѓе во паника, додека луѓе се собираат на улиците во страв од евентуален нов земјотрес. Засега е потврдено дека животот го загубиле шест лица, меѓу кои и едно дете.

#SISMO

Тоти: Почина татко ми, а потоа разбрав дека жена ми ме изневерува, ништо не е исто

Еден од најдобрите италијански фудбалери на модерната ера и принцот од Рим, Франческо Тоти (46), призна дека по разводот минатата година и смртта на неговиот татко поради последиците од корона, паднал во депресија.

Светскиот шампион со Италија и играчот кој целата своја кариера ја помина во саканата Рома минатото лето се разведе од поранешната сопруга Илара Бласи со која беше 20 години, од кои 17 години во брак. Причината била неверство, а Тоти рекол дека доказите ги нашол во нејзиниот мобилен телефон.

„Поради короната го изгубив татко ми, а сопругата не беше со мене. Го проверив нејзиниот мобилен телефон за да потврдам, нешто што никогаш не сум го направил и ги најдов пораките. Не можев да спијам повеќе. Се преправав дека сѐ е во ред, но тоа повеќе не бев јас“, призна Тоти.

Познатиот Италијанец е во врска со својата нова девојка Ноеми Боки, додека Блази почнала да се гледа со германскиот претприемач Бастијан Мулер. Тоти и Блази имаат три деца: Кристијана, Изабел и Шанел.

Судот во Хаг одговори на заканите од Русија

Меѓународниот кривичен суд (МКС) со седиште во Хаг одговори на заканите на Русија, изразувајќи жалење за обидите на земјата да ги опструира „меѓународните напори да обезбеди одговорност“ за кршење на меѓународното право.

„Претседателството на Собранието нагласува дека Судот, неговите избраници и неговиот персонал имаат силна поддршка од Собранието на државите членки на Римскиот статут“, се вели во соопштението. „Ја потврдуваме неговата целосна доверба во Судот како независна и непристрасна судска институција и ја повторуваме нашата силна посветеност да ги поддржуваме и браниме принципите и вредностите содржани во Римскиот статут и да го зачуваме неговиот интегритет без никакви закани“, се додава во соопштението.

Да потсетиме, Рускиот истражен комитет објави дека отвори кривична постапка против обвинителите и судиите на Меѓународниот кривичен суд (МКС) кои во петокот издадоа налог за апсење на претседателот Владимир Путин под обвинение за воени злосторства.

Одборот, кој е одговорен за истрага на сериозни злосторства, рече дека нема основа за кривична одговорност против рускиот претседател Путин и дека шефовите на држави уживаат апсолутен имунитет од јурисдикцијата на странските земји.

Постапките на обвинителот на МКС покажуваат знаци на кривично дело според рускиот закон, рече Комитетот, истакнувајќи дека станува збор за свесно обвинување на невино лице за кривично дело и „подготвување напад врз претставник на странска држава, кој ужива меѓународна заштита, со цел да се комплицираат меѓународните односи“.

Потегот на Русија е симболичен гест на пркос како одговор на налогот за апсење на Путин, обвинувајќи го него и комесарот за правата на децата за воено злосторство за депортирање на деца од Украина во Русија.

Кремљ одлуката на МКС ја нарече срамотна и правно неважечка, имајќи предвид дека Русија не е потписник на договорот со кој е основан МКС.

ЕСМ Продажба потпиша договор за набавка на природен гас за април со Макпетрол

ЕСМ Продажба донесе одлука за избор на набавувач на природен гас за месец април 2023 година за потребите на топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за други стопански субјекти кои се снабдуваат преку ЕСМ Продажба. 

Природниот гас за април ќе се набави по фиксна цена од 53,60е/MWh, а добавувач ќе биде фирмата Макпетрол.

На јавниот повик кој беше објавен на 20 март 2023 година и кој беше достапен за сите домашни и странски компании регистрирани за дејноста, како што се наведува во соопштението од ЕСМ Продажба, се побаруваше испорака на 500 MWh до 1800 MWh количини гас дневно.

-На повикот пристигнаа две понуди. Конечните финансиски понуди без ДДВ, изразени во фиксни цени како што се бараше во повикот, беа следните: Макпетрол АД – Скопје понуди крајна фиксна цена од 53,60 е/MWh и Balkan Utilities од Р. Бугарија понуди крајна фиксна цена од 53,70 е/MWh, се додава во сопштението.

Со оглед на тоа што најниска фиксна цена понуди фирмата Макпетрол, како што посочуваат од ЕСМ Продажба, донесена е одлука за избор на Макпетрол за добавувач на природен гас за април.

-Со оваа набавка во целост ќе се задоволат потребите од природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останати потрошувачи на природен гас во Македонија. Граѓаните да бидат сигурни и спокојни дека и во април ќе продолжи континуираното снабдување со топлинска енергија, се истакнува во соопштението.

Од ЕСМ Продажба посочуваат дека и во овој четврти по ред јавен повик се задржани истите услови и како носител на набавката за природен гас за месец април, сегашниот добавувач ќе обезбеди и гаранција, што е услов во јавниот повик, како што имаа обезбедено гаранција и претходните добавувачи за изминатите месеци.

-На крај, за нас како државни институции е професионално задоволство сознанието дека реалната либерализација на пазарот од 1 јануари, доведе до конкуренција на пазарот со снабдување со природен гас, што очигледно резултира со намалување на цените и ставање крај на плаќањето одредена цена диктирана од постоењето на само една понуда, се наведува во соопштението ЕСМ Продажба.

притисни ентер