Видео: Возовите во Франција претворени во подвижни болници

Французите за време на епидемијата од коронавирус своите брзи возови ги претвориле во подвижни болници.

Имено, источниот дел на Франција е повеќе погоден од пандемијата, поради што со возови пациентите од овој дел на земјата се транспортираат на западот на Франција.

Вагоните на возовите станаа болнички соби, со пациентите се транспортираат и лекари и медицински сестри

Во западниот дел од земјата болниците не се многу оптеретени со пациенти, поради што Франција одлучила на овој начин со возови болници брзо да ги згрижува сите пациенти заразени од коронавирус.

притисни ентер