Видео: Во Виена голем протест против мерките, дошло до судир со полицијата

Илјадници маршираа кон австриската престолнина во саботата, протестирајќи против ограничувањата наметнати на различни сектори, чија цел е да се спречи ширењето на коронавирусот.

Соочена со секојдневно зголемување на бројот на новозаразени, австриската влада минатиот месец стана првата во Западна Европа која повторно го воведе карантинот и најави задолжителни вакцини од февруари.

Демонстрантите истакнаа транспаренти на кои пишуваше „Јас сам ќе одлучам“, „Да ја направиме Австрија повторно голема“ и „Нови избори“, што е одраз на политичките превирања со кои се соочија дури тројца премиери во последните два месеци.

Околу 1.200 полицајци се распоредени во градот за да ги спречат демонстрантите да се соберат во Ринг.

Полицијата најави дека ќе ги потсети учесниците на протестите дека мора да носат заштитни маски и дека ќе ги казнат оние кои не го почитуваат правилото.

Во еден момент дошло и до судир меѓу полицијата и демонстрантите.

Оваа недела, парламентарната комисија го одобри предлогот за двојно зголемување на траењето на карантинот на 20 дена.

Австрија, земја со 8,9 милиони жители, има пријавено речиси 1,2 милиони случаи на коронавирус и повеќе од 12.000 смртни случаи поврзани со Ковид-19 од почетокот на пандемијата.

Бројот на нови случаи на зараза постепено се намалува откако беше воведен карантинот во земјата.

„Гответе со Дракче“ - Полнети бабури со просо

Во среда (17.04.2024) во емисијата гостин ни беше Тања Турунџиева.

Состојки за денешниот рецепт:

1 главица кромид

2 моркова

1 црвена пиперка

1 црвен домат

1 главица лук

1 китка магдонос

3 бабури

САЛАТА

1 марула

1 краставица

1 брокула

1 карфиол

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција

 Во турскиот град Токат денеска се регистрирани повеќе од 20 земјотреси, а најсилните беа со интензитет од 4,7 и 4,1 степени според Рихтеровата скала.

Најсилниот земјотрес бил во еден часот и шест минути по полноќ на длабочина од 9,97 километри, а вториот во два часот и 35 минути на длабочина од седум километри, соопшти турска Служба за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД).

Гувернерот на Токат, Нуман Хатипоглу изјави дека земјотресите не предизвикале жртви и материјална штета.

Бесплатен влез на Кокино, АСНОМ и музејска поставка Куманово

Бесплатен влез на Кокино, АСНОМ и музејска поставка Куманово по повод Меѓународен ден на спомениците и локалитетите.

Кумановци денеска можат бесплатно да ги посетат музејската поставка, АСНОМ и Кокино, по повод 18-ти април, Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, соопштија денеска надлежните од НУ Музеј Куманово. Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со локалното културно наследство.

-Во чест на Светскиот ден на спомениците и локалитетите 18 април влезот ќе биде слободен за сите посетители на постојаната музејска поставка, Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце и архео-астрономскиот локалитет Кокино. Иницијативата и идејата е на Министерството за култура. Со ваквата активност не се афирмира само светскиот ден на спомениците, туку и нашите локалитети и споменици ширум државата, изјави директорката на НУ Музеј Куманово, Марија Миљуш Божурска.

Таа ги повика кумановци да ги посетат локалитетите, да се информираат и да го запознаат локалното културно наследство.

-Водичи вработени во музејот ќе бидат на музејската поставка и на АСНОМ и се отворени да одговорат на прашања. Очекуваме посета од сите особено од учениците, студентите, повозрасните, рече Миљуш Божурска

притисни ентер