Видео: Во Њујорк пристигна медицинската помош од Русија

Руски воен транспортен авион пристигна во Њујорк, носејќи тони медицинска опрема и маски, помош за САД во борбата против новиот коронавирус.

Претседателот на Русија, Владимир Путин во телефонскиот разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп во понеделникот, понудил медицинска помош.

– Трамп со благодарност ја прифати оваа хуманитарна поомош – истакна синоќа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој наведе дека Путин нудејќи им помош на САД, имал во предвид, кога американските производители на медицинска опрема обезбедат резерви да и вратат на Русија на ист начин. Песков додаде дека на таков принцип соработуваат Москва и Пекинг.

– Сега кога моменталната ситуација влијае и може да се окарактеризира како глобална, не постои алтернатива за заедничката работа во духот на партнерството и взаемната помош – истакна вчера Песков.

И неименуван американски претставник потврди дека пратката е директен резултат на телефонскиот разговор Трамп – Путин.

Тој додаде дека помошта се состои од 60 тони вентилатори, маски, респиратори и друга опрема.

Во САД досега 215.300 луѓе се инфицирале со Ковид-19, од кои и над 5.110 смртни случаи, 8.878 оздравеле.

притисни ентер