Видео: Трака на диносауруси - Канал 5

Видео: Трака на диносауруси

Повеќе од 300 луѓе облекле костими на диносауруси на дување за да бидат дел од трка на Светско првенство?!

Видео: Трака на диносауруси

Трката се одржала на патеката во Емералд Даунс во Вашингтон.

Инаку овие забавни трки започнале на хиподромот „Обурн“кога „ TriGuard Pest Contro “ одржал „тим билдинг“во 2017 година.

Трката брзо добила популарност на интернет и станала отворена за јавност веќе следната година.

Трката беше суспендирана во 2020 и 2021 година поради пандемијата Ковид-19, но се врати во 2022 година.

Ендру Стубер, жител на Хјустон, беше крунисан за најдобар Т-Рекс на овогодинешната трка, според „Упи“.

Ацевски: Само 4 партии беа блокирани и не можеа да ги добијат средствата

Само 4 партии беа блокирани и не можеа да ги добијат средствата бидејќи немаа поднесено финансисики извештаи.

 Ацевски: Само 4 партии беа блокирани и не можеа да ги добијат средствата

Главниот државен ревизор Максим Ацевски утринава изјави дека само 4 партии од вкупно 60 биле блокирани од министертвото за правда и оти не можеле да ги добијат средствата бидејќи немале поднесено финансисики извештаи.

YouTube video

Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен

Електричните возила во Норвешка се присутни речиси насекаде. 

Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен

Оваа нордиска земја, позната по своите огромни резерви на нафта и гас во Северното Море, долго време е предводник на патот кон целосно елиминирање на бензинските и дизел-возилата од пазарот на нови автомобили. А, сѐ тоа - благодарение на низа мерки за поттикнување на купувањето електрични возила, како што се пониските даноци.

Според Норвешката асоцијација на електрични возила, во некои поголеми градови околу 30 отсто од сите патнички автомобили се веќе целосно електрични. Во главниот град Осло, таа бројка е 40 насто. Кристина Бу, генерална секретарка на Aсоцијацијата, за „Си-ен-би-си“ (CNBC) вели дека тоа е одлична вест.

- Многу е забележливо. Мислам дека некои луѓе дури не ни сфаќаат колку е ова добро, бидејќи се случува толку брзо. Воздухот е почист, потивко е и навистина не ги чинеше многу потрошувачите, за да го сменат (своето возило). Луѓето уживаат во возењето електрични возила и тоа функционира многу добро, изјави Бу.

Продажбата на електрични автомобили во Норвешка порасна од помалку од еден насто од вкупната продажба во 2010 година - на 88,9 отсто лани. Според Норвешката администрација за јавни патишта, електричните возила сочинуваат повеќе од 93 насто од сите нови возила продадени во 2025 година досега.

Недостатокот на силно лоби за „традиционални“ автомобили во Норвешка се смета за еден од факторите што го олеснуваат воведувањето на електромобили.

- Норвешка има силна политика веќе со години. Не станува збор само за даночни олеснувања за електричните возила, туку и за зголемување на даноците за автомобили со мотори со внатрешно согорување. Последниве три години, даноците за купување се удвоија - а тие веќе и беа високи претходно... Така, во Норвешка, загадувачките автомобили се оданочуваат до „точка на истребување“, додаде Бу.

Некои пратеници ја доведоа во прашање праведноста на системот за стимулации за електрични возила, тврдејќи дека тие непропорционално им користат на побогатите граѓани и оти тоа би можело да биде на штета на други одржливи видови сообраќај, како што е возењето велосипед, или пак, пешачењето.

Во скопскиот кривичен суд треба да биде изречена пресудата за петмина обвинети кои се дел од криминалната група од Грчец

Во скопскиот кривичен суд треба да биде изречена пресудата за петмина обвинети кои се дел од криминалната група од Грчец. 

Во скопскиот кривичен суд треба да биде изречена пресудата за петмина обвинети кои се дел од криминалната група од Грчец

Тројца од нив како дел од меѓународна криминална група се обвинети за трговија на над 15 кг кокаин. Двајца од нив се обвинети за планирање и извршување на убиства.

притисни ентер